Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

„Њујорк тајмс“

Обвинението против Строс-Кан пред поништување

01.07.2011, 10:39

Поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс-Кан најверојатно денеска ќе добие извесни олеснувања на условите за кои се товари поради проблеми со веродостојноста на исказите на жената која го обвинува за сексуално насилство, објавија американски медиуми повикувајќи се на изјави на лица блиски до истрагата.

Весникот „Њујорк тајмс“ тврди дека обвинението против Строс-Кан е на раб на поништување откако истрагата открила големи нејаснотии во исказите на хотелската собарка и оти таа најверојатно не кажувала вистини.

Обвинителите се сретнале со адвокатите на Строс-Кан вчера и им ги дале резултатите од истрагата и разговарале за отфрл��ње на потешките обвинувања. Строс-Кан може да биде ослободенод домашен притвор чии мерки чинат околу 200.000 долари месечно.

Истрагата открила проблеми со молбата за азил на 32-годишната африканска имигрантка од Гвинеја, врски со криминални дејности, меѓу кои и трговија со наркотици и перење пари.

Бил преслушан разговор кој жената го имала ден по средбата со Строс-Кан со маж со кого разговарала за обвинението. Мажот приведен за поседување марихуана, е меѓу групата кои во изминатите две години внеле околу 100 илјади долари на нејзина сметка во различни држави.

Таа секој месец плаќала стотици долари за сметки за телефон во пет компании.

Строс-Кан последен пат се јави на суд на 6 јуни кога се изјасни дека не е виновен. Новото рочиште е закажано за 18 јули. Обвинението против него содржи седум точки меѓу кои обид за силување, сексуално злоставување и незаконско затворање. Доколку биде прогалсен за виновен му се заканува затворска казна од 25 години. Строс-Кан (62) беше уапсен на 14 мај на њујоршки аеродром. Се сметаше за водечки кандидат на следните избори за претседател на Франција. Сега е во домашен притвор со електронско следење.


#
Статијата е прочитана 416 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Концертот префрлен во СЦ „Борис Трајковски“
Замина актерскиот мудрец Кирил Ристоски
Милошоски - дипломатија и татковство
Рокенролот е неуништлив
Атина – ден потоа
Долгот незаприливо расте, каде ќе не' однесе?
Некои го прават тоа поинаку
Груевски и Ахмети не брзаат за ЕУ
Спомениците го заживеаја скопскиот плоштад
Нa oдмор во Тувалу
Настраданиот во Мариово е 37-годишен скопјанец
Рушат хотели, „градат“ хотелиерство!?
Хрватска успешно ги заврши преговорите, во ЕУ во 2013 година
На сончање во Тувалу
Невработените ќе пополнуваат изјава за сини картони
Пост фестум
Убиен црногорски кошаркар при грабеж во Цетиње
Бангладеш го слави Македонецот Илиевски
Уапсен шеф на мафијашкиот клан Корлеоне
Стол
Работнички убедлив, Ренова едвај
НБА лигата и дефинитивно „под клуч“
Полска го презема претседавањето со ЕУ
Онлајн вести

"""