Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Милошоски - дипломатија и татковство

Одлуката ја донел уште пред половина година

Светлана Унковска

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вчера ја потврди информацијата што ја објави „Утрински весник“ дека во идниот владин кабинет не сака да биде повеќе шеф на дипломатијата. Тој на прес конференција рече дека причините за неговото повлекување од позицијата прв дипломат се од лични а не од политички причини. Одлуката да не биде дел од владиниот кабинет, вели дека ја донел уште пред половина година и дека уште тогаш го информирал премиерот Никола Груевски.

„Тој разговор го одржавме во дискреција пред шест месеци и го продолживме по овие парламентарни избори на кои ми беше укажана полна доверба, но истовремено ми беше искажано и полно разбирање за одлуката каква и да биде“, вели Милошоски.

Тој од кабинетот во Министерството за надворешни работи преминува во соседната зграда на парламентот каде ќе претседава со Комисијата за надворешна политика.

Но сепак нашите информации говорат дека неговиот иден предизвик повторно се движи во дипломатски рамки, но ги надминува границите на Македонија.

Милошоски веќе извесен период ја мерка амбасадорската фотелја во Лондон, каде сака да замине заедно со своето семејство и тоа на должноста амбасадор на Република Македонија во Велика Британија која ги покрива и Република Исланд и Ирска. На оваа позиција се уште се наоѓа Марија Ефремова, но нејзиниот четиригодишен мандат истекува во октомври годинава. Дотогаш Милошоски ќе биде пратеник и воедно ќе раководи со собраниската Комисија за надворешна политика.

Милошоски за себе вели дека функцијата министер за надворешни работи ја извршувал со полн ентузијазам, со целосна посветеност и со манири на добар дипломат додава дека имал огромна чест што ја имал прилика да ги претставува и застапува националните интереси на Македонија. Не заборави и да му заблагодари на својот, како што го нарече за во јавност близок соработник а приватно уште поблизок пријател, премиерот Груевски.

„Во мојата досегашна политичка кариера сум имал можност да соработувам со повеќе македонски политичари, но како никогаш досега подолго, подобро и со поголема доверба не сум имал можност и чест да соработувам како што соработував со претседателот на Владата Никола Груевски. Тоа е човекот што сметам дека ме има за еден од најблиските соработници и со кого стекнавме и лично пријателство“, вели Милошоски.

Заминувањето од функцијата прв човек на дипломатијата Милошоски го прави во моменти кога се најавува засилено темпо во забрзување на преговорите за решавање на спорот со Грција. Оттука се наметнува и прашањето дали шефот на дипломатијата ја напушта преговарачката маса во моменти кога препознава дека атмосферата станува прежешка за него?

„Ова Влада ги имаше и ги има на многу високо ниво двете основни цели и национални приоритети на Република Македонија. Првата е заслуженото членство во НАТО и отпочнувањето преговори за што поскоро зачленување во ЕУ. Притоа свесни сме и бевме свесни за единствената препрека која што на овој пат се поставува како блокада а тоа е постоењето на грчко-македонскиот билатерален спор околу уставното име. Сметам дека Владата вложи труд и напори да го надмине овој проблем и нема да тука да се застане, туку ќе се продолжи понатаму“, вели Милошоски.

Тој ќе му помага на неговиот наследник. „Свесен сум дека и натаму треба да бидам на располагање на било кој и да биде избран за иден министер, но и на сегашниот и иден премиер, како и на претседателот на државата“ вели Милошоски.

Изминативе два мандата или точно пет години Милошоски ги помина повеќе надвор од државава отколку што е дома. Раѓањето на синот пред четири години, вели, го смени и како емотивна личност му паѓа многу тешко што не е дома за да го гледа како расте. Пресвртниот момент за да ја донесе одлуката што вчера и официјално ја соопшти пред јавноста била кога во една пригода пријатели на министерот го прашале четиригодишниот син дали знае каде работи татко му, тој рекол - „да, татко ми работи на аеродром“. Оттогаш и самиот Милошоски станува свесен дека тој повеќе време поминува по аеродромите и во авиони отколку покрај него.

„Морам да истакнам дека имав една лична дилема, затоа што плаќав една висока и скапа цена поради пречестото и предолгото отсуство од домот. И тоа не би било толку чудно или посебно доколку не се работи за родител кој што има едно мало четиригодишно синче и дилемата беше дали да се биде добар министер или може да се биде подобар родител. Затоа мојата одлука не е политичка туку е човечка и родителска. Министер може да биде и некој друг, но татко и родител на мојот син не може да биде никој друг освен мене. Одлучив да го преземам овој чекор и сметам дека е исправен. Министрите и политичарите се заменливи, но родителите не се“, вели Милошоски со емотивен тон. (Св.У.)

 


#
Статијата е прочитана 2835 пати.

Испрати коментар

Од: Анче
Датум: 01.07.2011 00:47:49
Најслаб министер за надворешни. Само порази нижеше, Од дебаклот во Букурешт па до бришењето на придавката ’’македонски’’ во европските институции . И на заминувањето е без грам достоинство,како најдолен полтрон и безрбетник му се лигави на Грујо што го правеше и на предизборните митинзи. Барем призна дека е папучар . Си заманувал заради синчето.хахаха
Од: tulko drdeski,tetovo
Датум: 01.07.2011 00:49:11
Kocanski oriz od posle nababruva.
Од: 3G
Датум: 01.07.2011 00:52:51
Poradi otstapuvanjeto na evrointegraciite trebase da se najde novo mesto za vasko Naumovski koj ke bide noviot minister za nadvoresni raboti.
Од: читател
Датум: 01.07.2011 01:35:50
Вашиот придонес за афирмацијата на Македонија во светот а навистина огромен. Ќе останете запаметен како министер кој достоинствено застана на браникот на Македонското ДОСТОИНСТВО. Не подлегнавте на ниту еден притисок. А бидејќи и Вие сте обичен човек Ви се восхитувам на одлуката. Некои можеби се алчни за моќ, некои се алчни за материјални богатства, но Вие сте човек кој животот го базира на вистинските бредности. Вашиот син ќе се гордее што Ве има за татко.
Од: skopjanec
Датум: 01.07.2011 07:22:07
Toa naci li toa deka site nie sto rabotime treba da se rasplaceme deka treba deca da cuvame da ni se najde drugo rabotno mesto. Ke vidime dali ambasadorsko mesto vo London ke mu ovozmozi da si go cuva i skoluva deteto vo Anglija
Од: clen na VMRO
Датум: 01.07.2011 08:32:59
hmm,dali Antonio e istiot Ivica Bocevski po odredeni stavovi vo vrska so EU i Nato samo sto nema m*da javno da kaze od strav od Gruevski.Kako i da e si najde IZGOVOR,sepak mislam deka bese eden od podobrite ministri koj dojde vo redovite na DPMNE od VMRO-NP. Izgleda sfati deka nas DRUGI ni ja krojat politikata(sudbinata)
Од: Nikola
Датум: 01.07.2011 08:54:08
Nema potreba od lazni i ligavi informacii za tatkovstvo i drugi gluposti. Problemot e sto covekot ne e polezen,a vlasta pravi strasni gluposti. Koj li ke bide sega idniot mibister amater poveke da go zakopa narodot. Sram.
Од: Ane
Датум: 01.07.2011 09:06:25
Go natovari brodot, izgrdai luksuzni kukji, sega kje glumi emotivec i covek so moral. Shto da kazat drugi roditeli shto po cel den crncat za 10000 den vo mesecot, a decata na spienje gi gledaat.
Од: toni
Датум: 01.07.2011 09:17:59
si zaminuva bugarinot zatoa sto treba da go smeni imeto so negoviot prijatel gujo i zatoa sto plus se skarale nesto so gujo,kakov sin kakvi bakraci,pa sega li mu teknalo na sin mu posle tolku godini,mu gori pod noze na bugarinot zatoa bega,bidejki e cvikator i papucar zatoa bega,samo ostanuva da vidime dali menicata ke mu ja aktivira negoviot lider gujo od 600.000 iljadi evra!!!
Од: Da ne e vo prasanje London?
Датум: 01.07.2011 09:22:09
A dali zad seto ova ne stoi eden skrien motiv, amabasadorsko mesto vo London.? Znaete amabasdorskata funkcijha e pokomotna a i ziveet vo svetska metropola kako London vo odlicni stambeni uslovi so platra, so vozila i seto toa na smetka na drzavata, bez da te boli glavata.Eve se kladam deka od oktomvri ,koga i pominuva mandatot na ambasadorkata vo London Milosovski ce bide sledniot ambasador.
Од: goran tetovo
Датум: 01.07.2011 09:51:18
da ne go zaboravime antonio i veeenjeto na bugarskite znaminja i od nego ocekuvate patriot
Од: miki
Датум: 01.07.2011 09:57:08
Do "citatel": lelee ligaveskiii!! Odma prv sekretar vo London ha ha ha!!!
Од: martin
Датум: 01.07.2011 09:58:19
kolku e zalosno da se gleda ova bezemocii lice koe zbori za cuvstva...bruka...sramota e tvojata familija i dete da gi eksploatirash kako prichina za tvoje smenuvanje od funkcija...koga togash ke bese smenet Antonio , samo sto ti se zaboravi, zaedno so tvoite poltroni vo MNR i sega e tesko da se soochish so realnosta deka ne si minister...samo da znaesh deka GI NAVREDI SITE TATKOVCI i MAJKI VO RM koi rabotat i prodolzuvaat da rabotat kako roditeli, a ne kako tebe kako na teatarska pretstava zalnopojka se zboguvas....ti ne zasluzuvash familija stom ja koristish za javni presmetki i politikanstvo...mizeren si i go navredi sekoj glasah koj te glasahe kako nositel na lista i kade gi lazeshe lugeto kako ke gi resahavash raborite vo novata Vlada...sram si za Makedonija !!!!
Од: bitola troa skolovan
Датум: 01.07.2011 10:10:57
Iako sekoj ima pravo na izbor narodot ima pravo da ja znae vistinata koja ne e iskazana vo izjavata na veke sega poranesniot minister zatoa sto koj i da mu ja napisal taa izjava ne drzi mesto vo niedna varijanta ali vistinata e kako SILO i ke izleze na megdan.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 01.07.2011 10:42:29
E moj Antonio,5 godini od portparolce na Ljubceta do avionce,rezultati nemase.Ne sme vo EU,NATO,ne e resen sporot so imeto, diplomatski skandali,nepoti- zam,benefiti!.Sega,roditelski custva.Roditeli bea i onie koi za zemjata gi zapostavija semejstvata i gi izgubija i mladite zivoti.Moj,Antoniot pateticen si!.
Од: Внимателно со оставката!
Датум: 01.07.2011 10:42:36
Сите прогнози покажуваат дека по претстојната промена на името на државата, лидерот на владејачката партија ќе падне, и еве го тука како кандидат министерчето кое си поднесе оставка!
Од: patriot
Датум: 01.07.2011 11:11:27
si odi bugarceto eden po eden da si odat ovoj e najnesposoben minister vo istorijata na rm si igraat sega so ovoj kade ida otide Styeta sto e tolku ligav i se krie zad tatkovstvo
Од: vlajko
Датум: 01.07.2011 11:11:59
malce nelogicno objasnenie,tatkovstvo,pa mnozinstvoto luge se tatkovci,i premierot e tatko na dve devojcinja.sto se odnesuva do ambasadata vo london,i toa e nelogicno,zamislete hilari klinton da dade ostavka ,pa da bide ambasador,takvo nesto ne se slucilo vo diplomatijata na edna zemja.od konj na magare ne se paga,osven ako ne se krie nesto srugo
Од: gledac
Датум: 01.07.2011 11:47:01
Vo red e povlekuvanje zaradi roditelski obvrski ali od site funkcii. Vo slucajot so Milososki edna funkcija zamenuva so druga. Vaka ke ispadne deka pratenicite i pretsedatelite na komisii za nadvoresni vo sobranie pomalce rabotat od ministrite vo Vlada. Ili pak deckovo se otepa od patuvanje a rezultati NULA. Denes Makedonija e pomalce respektirana i pomalce vlijatelna vo regionot od pred 5 godini!
Од: правда
Датум: 01.07.2011 11:48:23
е бре дете бугарофилско, требаше актер да бидеш, барем да не ти се смеат граѓаниве на РМ...во твој стил-слаткоречиво, а во позадина : лигаво,кукавички и бегање во Лондон а резултато НУЛА.За тебе амбасадор само на Антартик или Гренланд па таму сигурно ке бидеш добар родител...покатастрофален мин.за надворешни немаше Македонија од тебе ...Грујо казни го !!! вака да Ви прави ова детиште во костим.
Од: Adem
Датум: 01.07.2011 12:33:52
Liderot trebse odmna da padne. Sega e strasno, a idninata uste postrasna. Zatoa brojot na mladi koi gleddat da pobegnat od Mk e ogromen. No so sasavi luge nema resenie, ke ostanat vo dupka.
Од: Nikola
Датум: 01.07.2011 13:38:47
Smeshno e zrel covek da place i da svikuva presovi za da si ublazi sram pred da bide smenet, toj taktizirase i se nadevase na uste eden mandat, vo momentot koga bese 100 % siguren deka ne ja dobi doverbata, pocna da praka poraki deka ne e smenet tuku deka sam si odi zaradi semejni obvrski. Prasanje za site: dali premierot ima deca, dali tie sakaat da si igriaat so svojot tatko, dali ostanatite vo vladata koi pozrtvuvano rabotat nemaat semejstva ? Sramota e da se zloupotrebuva imeto na svoeto dete za da SE SOKRIE PORAZ ! Gledame Toni kolku ti znaci semejstvoto, stom se kries pozadi nego !!!
Од: Vizioner
Датум: 01.07.2011 13:58:12
Antonio ke bide iden pretsedatel na Republika Makedonija. Zapomnete!
Од: kole
Датум: 01.07.2011 17:36:46
Ovoj ne bil za Ambasador......ovoj ti bil za Bebisiterka..................Drn, drn jarinja.......LAZE 100%..........
Од: Bojana
Датум: 01.07.2011 18:28:32
Dobri ministri: 1. Miloshoski, 2. Kerim, 3. Stevo Crvenkovski, 4. Mitreva, 5. Denko Malevski, 6. Frchkoski, 7. Slobodan Casule, 8. Sasho Dimitrov. .., koj kolku mozzel !
Од: korektorot
Датум: 01.07.2011 20:10:51
До читателот: Што мислиш читателу, дека Милошоски не е алчен за моќ? Та нели неговиот татко во Центарот за технички преглед во Кичево беше полн со афери за финансиски малверзации, па дедо му со двете хациенди во елитното Бардовци... Тоа е елегантен начин да се повлече бидејки грујо (не заслужува голема буква) изгледа не го есапи повеќе. Та шти не прави малоумни како да ништо не разбираме. Неговото синче нека е живо и здраво, само срамота е кутрото детенце да го користи како изговор.
Од: Diplomat
Датум: 01.07.2011 21:11:30
Dijamantska papuca prv red:))

Најди! во Утрински
Насловна
Концертот префрлен во СЦ „Борис Трајковски“
Замина актерскиот мудрец Кирил Ристоски
Рокенролот е неуништлив
Атина – ден потоа
Долгот незаприливо расте, каде ќе не' однесе?
Некои го прават тоа поинаку
Груевски и Ахмети не брзаат за ЕУ
Спомениците го заживеаја скопскиот плоштад
Нa oдмор во Тувалу
Настраданиот во Мариово е 37-годишен скопјанец
Рушат хотели, „градат“ хотелиерство!?
Хрватска успешно ги заврши преговорите, во ЕУ во 2013 година
На сончање во Тувалу
Невработените ќе пополнуваат изјава за сини картони
Пост фестум
Убиен црногорски кошаркар при грабеж во Цетиње
Бангладеш го слави Македонецот Илиевски
Уапсен шеф на мафијашкиот клан Корлеоне
Стол
Работнички убедлив, Ренова едвај
НБА лигата и дефинитивно „под клуч“
Полска го презема претседавањето со ЕУ
Обвинението против Строс-Кан пред поништување
Онлајн вести

"""