Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Брисел

Полска го презема претседавањето со ЕУ

01.07.2011, 10:13

Полска, која денеска од Унгарија го презема шестмесечното претседавање со ЕУ, како приоритети на својот прв мандат на чело на Унијата ги постави „евроинтеграциите како извор на развој и создавање безбедна и отворена Европа“, со силна поддршка за проширување на Западен Балкан.

Првото претседавање на Полска, која стана членка на ЕУ во 2004 година, ќе биде концентрирано на земјоделската политика, енергетската безбедност, новиот европски буџет за период 2014-2020, јакнење на политиката за европско соседство, но ќе покрене и дебета за „вредностите засновани на учењата на папата Јован Павле Втори“.

Според Лисабонскиот договор ротирачкото претседавање најмногу е цер��монијална функција, а државата која претседава главно е задолжена за создавање рамка за европската агенда и претседавање со состаноците на Советот на министри на ЕУ.

Од друга страна, треба да се има предвид дека поранешниот полски премиер Јержи Бузек е претседател на Европарламентот, а многу важниот сектор за финансиско планирање и буџет му е доверен на Јануш Левандовски, член на Европската комисија од Полска.

Полска претседавањето го презема во момент кога се зголемува загриженоста дека се поистакнатиот популизам и национализам во некои земји членки го доведе во опасност процесот на евроинтеграциите, пред се со доведување во прашање на две работи кои повеќето ги сметаат за најголеми европски достигнувања - Шенгенскиот договор и еврото.

Во рамки на подготовките за преземањето на шестмесечното претседавање, Полска веќе во Брисел отвори нов штаб во кој се вработени повеќе од стотина нови официјални претставници.


#
Статијата е прочитана 162 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 01.07.2011 12:00:18
I tie site ke gi terat istite raboti so nova energija na pregovorite so nas za imeto. Oti site tie citat isti knigi po politickata istorija na Grcija. Dali R.Mak., ima ili sake da gi troshi parite, energijata ili vremeto so takvi ulavi? Jas mislam, NE! Ke se skoncetrirame za oste nekolku spomenici, i samo taka da go naucime svetot po nasa istorija. A Atina, nikogas ne bila Grcka Boginja, Grkina, ili da taa se spomnuvala kao takva kroz istorijata na antika. Po cel svet samo slusam glupavi argumenti za anticka Grcija, a mapite se od segasna granica na Grcija. I taka novite EU-vci, ke prodlzat so vaa tragedija na spor za imeto? Pa, ke vidime.

Најди! во Утрински
Насловна
Концертот префрлен во СЦ „Борис Трајковски“
Замина актерскиот мудрец Кирил Ристоски
Милошоски - дипломатија и татковство
Рокенролот е неуништлив
Атина – ден потоа
Долгот незаприливо расте, каде ќе не' однесе?
Некои го прават тоа поинаку
Груевски и Ахмети не брзаат за ЕУ
Спомениците го заживеаја скопскиот плоштад
Нa oдмор во Тувалу
Настраданиот во Мариово е 37-годишен скопјанец
Рушат хотели, „градат“ хотелиерство!?
Хрватска успешно ги заврши преговорите, во ЕУ во 2013 година
На сончање во Тувалу
Невработените ќе пополнуваат изјава за сини картони
Пост фестум
Убиен црногорски кошаркар при грабеж во Цетиње
Бангладеш го слави Македонецот Илиевски
Уапсен шеф на мафијашкиот клан Корлеоне
Стол
Работнички убедлив, Ренова едвај
НБА лигата и дефинитивно „под клуч“
Обвинението против Строс-Кан пред поништување
Онлајн вести

"""