|
|
|
|
|
|
Локаут
НБА лигата и дефинитивно „под клуч“
01.07.2011, 11:16
Синдикатот на играчите од најсилната светска кошаркарска лига - НБА од една страна и раководните луѓе на лигата и на клубовите од друга страна, на синоќешниот состанок во Њујорк, не успеаја да се договорат околу ограничувањето на вкупните годишни трошоци кои еден клуб моше да ги потроши за плата на играчите, па поради тоа од денеска на сила стапува Забраната за работа во НБА лигата или популарно наречениот „локаут“.
Со оваа мерка во прашање се доведува почетокот на новата сезона и воопшто нејзиното одржување.
И покрај решеноста на кошаркарите во следниот петгодишен период ги намалат своите приходи за полвина милијарди долари, челните луѓе на НБА лигата останаа на својот став да лимитот за плати на годишно ниво во секој клуб биде 62 милиони долари.
Сопствениците на клубовите на состанокот изјавиле дека веќе не сакаат да влегуваат во загуби поради високиот процент (57%) од вкупниот промет кој го трошат на плати за играчите.
Според официјалниот сајт на НБА лигата во штотуку завршената сезона 22 од вкупно 30 екипи пријавиле загуби.
Последен пат во НБА лигата поради штрајк во сезоната 1998/99 екипите со задоцнување го започнаа првенството и одиграа само по 50 натпревари или триесетина помалку од првично предвидените.
|
#
|
Статијата е прочитана 363 пати.
|
|
|
|
|
|
|