Лив Тајлер
Другарките се вљубени во мојот татко
![](WBStorage/Articles/061C038292CF4742A89FEF6E50F782D9.jpg)
Иако има 63 години, популарниот рокер Стивен Тајлер ги привлекува младите жени. „Се гордеам на својот татко. Му се восхитувам на неговата храброст во овие години да биде во жирито на реалното шоу ’Американски идол’. Тој е прекрасен, шармантен, волшебен. Пријателките на моите години често ми велат дека се вљубени во него“ - раскажала Лив.
Иако двајцата имаат многу обврски, постојано се во контакти.
„Постојано се слушаме преку телефон и разменуваме СМС “- рекла актерката, која, пак, не сакала да каже дали на татка си му наместила некоја другарка... |