Вељаноски повторно избран за собраниски спикер
![](WBStorage/Articles/A7B2EA84781FB7428196F99AE97D2620.jpg)
25.06.2011, 19:57
Собранието откако ги верификува мандатите на новите 123 пратеници повторно го избра Трајко Вељаноски за претседател на законодавниот дом. За Трајко Вељаноски гласаа 70 пратеници, двајца беа воздржани, а 47 против.
На седницата на Комисијата пратениците од СДСМ, НСДП најавија дека тие на пленарната седница ќе гласаат против тоа Вељаноски повторно да стане прв човек на законодавниот дом. Како аргументи за нивниот став пратениците од СДСМ и НСДП Емилијан Станковиќ, Горан Минчев и Горан Мисовски го посочија минатогодишниот првојулски инцидент во Парламентот, како и носењето на Деловникот и на повеќе закони без опозицијата. Според Станковиќ, Вељаноски и во иднина ќе дејствува како продолжена рака на матичната партија ВМРО-ДПМНЕ.
Имер Алиу од ДПА побара ДУИ да се изјасни за кандидатурата на Вељаноски зошто, како што рече, таа е резултат на некаков договор меѓу партнерите во коалицијата.
Пратеникот на опозициската СДСМ Јани Макрадули со забелешки околу процедурата и претходните случувања во законодавниот дом кога Вељаноски бил на функција.
„Глуви сме на она што го кажува Европската унија и наместо да ја искористиме шансата и повиците што ни ги праќаат Филе и Баросо ние остануваме глуви и со завртена глава за европските
препораки“ рече Макрадули. „Нас во минатиот состав ни се случи наоружани луѓе, припадници на МВР да влезат во Собранието без знаење на претседателот на Собранието“, дополни Макрадули.
По завршувањето на дискусијата, Вељановски по втор пат беше избран за претседател на македонскиот парламент
„Сакам да Ве уверам дека мојот основен интерес ќе продолжи да биде единствено Македонија“, рече Вељаноски.
|