Фудбал
Мексико го освои Голд купот
26.06.2011, 12:08
Фудбалската репрезентација на Мексико го освои Голд купот, континенталниот шампионат на Северна и Средна Америка.
Мексиканците во финалниот натпревар одигран пред 90.000 гледачи во Пасадена, во Калифорнија, со пресврт, ја совладаа селекцијата на САД со 4:2.
Американците фуриозно го започнаа мечот и во првите 25 минути, со головите на Мајкл Бредли и Лендон Донован поведоа со 2:0, но до крајот на полувремето Мексико израмни на 2:2 со головите на Пабло Барера и Андреас Гвардадо.
Во второто полувреме Пабло Барера му донесе предност на Мексико, а титулата ја потврди Џовани дос Сантос со голот во 76 минута.
Победата против САД во финалето на Голд купот беше шеста титула за Мексико во ова натпреварување, со што го потврдија приматот - најдобра репрезентација во Северна и Средна Америка.
|