Грција мора да го проголта горчливиот лек
![](WBStorage/Articles/A100B080562988408086F1CCE0DEC65B.jpg)
Во срцето на Грција, гневните демонстранти против болните економски реформи се претставници на различни групи кои кампуваат пред парламентот, обединети во омразата кон политичарите кои ги обвинуваат дека ја туркаат земјата во распад.
Иако нивниот гнев, како и оној кој постои кај многу други Грци, воглавно го изразуваат гласно, повеќето постојани демонстрации се мирни, единствено насилства избувнаа минатата среда кога врз министерот за финансии беше фрлано со молотови коктели за време на судирите со полицијата.
Зад протестите е верувањето дека странските сили ја тераат Грција да го проголта овој горчлив лек со кој може да го убие пациентот, и дека подуените како мачори политичари и милионери ја предизвикуваат болката и ги полнат паричниците, додека Грција ита кон катастрофа.
- Зошто да плаќам. Не сум направил ништо лошо. Не можам да си дозволам јахта или базен како нив, вели Панајотис Кариодис, 50-годишен автомеханичар кој во минатото гласал за двете главни политички партии.
- Ако на даночната управа и должам и десет евра, тие ќе дојдат по мене. Зошто не тргнат и по политичарите?, праша тој во кампот на демонстрантите на плоштадот Синтагма.
Грција може да стане првиот суверен несупех во еврозоната, ако премиерот Јоргос Папандреу донесе уште непопуларни мерки за штедење во замена за меѓународна помош.
Плоштадот пред опседнатиот Парламент е сцена на постоајните протести, исполнет со пароли и начичкан со мали шатори каде спијат демонстрантите.
Меѓу нив има студенти, многумина од армијата невработени во Грција, потоа пензионери чии заштеди испарија, работници, професори и економисти од сите страни на политичкиот спектар.
Секое попладне масата започнува со неколку стотини демонстарнти и најчесто се зголемува на неколку илјади, кои ритмично ги пружаат рацете кон Парламентот, што во Грција важи за многу навредлив гест, и пеат навредливи слогани во кои ги споредуваат парламентарците со криминалци.
Во текот на денот прво по неколкумина се собираат на плоштадот и се потат на летната жештина за да ги организираат вечерните протести. Попладнето, се сотанува "Народното собрание" од секој кој сака да учествува за да го направат распоредот за дискусии, и да гласаат со кревање раце.
"Коррдинацискиот комитет" составен од волонттери кои редовни се менуваат, им дели мал број отпечатени листови на оние кои сакаат да зборуваат на старогрчки, во стилот на дискусиите на агората.
Секој дискутант има околу две минути за да каже нешто во контекс на темата на дискусијата која ја одбрале, но некои дури и пеат. Палците надолу значи дека пораката на говорникот се одбива, подигнати прсти значат одобрување, а вртење раце значи дека не кажал ништо ново. Резултатите од гласањето се поставуваат на интернет, на страната www.real-democracy.gr.
- Она шпто најмногу ми се допаѓа на плоштадов е дека луѓето дискутираат, се изразуваат без страв, вели Ставрула Коловеру, 18-годишна студентка која за протестите доаѓа од јужниот град Пиргос во Атина. - Сакаме да се смени системот и сакаме традиционалните политичари да си одат. Ги сакаме младите луѓе кои страдаат во овој систем и кои сеуште сонуваат да ја преземат власта.
По гласањето се организираат тимови со посебни задачи, како што се собирање на отпадот, за прва помош, комуникации, преводи, оние кои пренесуваат пораки и "тим за ладење на ситуацијата" со цел брзо решавање на конфликти.
Покрај основните тимови, на протестот на плоштадот им се придружија уште неколку организирани групи, вклучувајќи го движењето "Нема да плаќам!" кое не ги признава патарините и билетите за транспорт.
Групата наречена "300 Грци", според легендарната војска на Спартак која во антиката се бореше со персиската армија, собира потписи за одржување референдум за 110-те милијарди евра од кредитот на ЕУ и ММФ, која ја спаси Грција од банкрот минатата година во размена за штедење.
Уште една друпа составена од економисти и академици проучуваат како Грција стана натоварена со долг од 350 милијарди евра, и кој е виновен.
Наспроти некои од најлуксузните хотели во градот, покрај 50-тината шатори поставени се плакати со пораки од типот "Оставете не на мир", "Смените се исто така срамни" и "Не припаѓам на ниту една партија".
Демонстрантите вперуваат силен зелен ласер кон прозорците на парламентот, министерството за финансии, кон хотели и канцеларии.
Анкета од неделата покажа дека мнозинството луѓе на плоштадот се на возраст меѓу 25 и 50 години, и или ја подржале владеачката Социјалистичка партија или ниту една друга парија во минатото. Истражувањето на Капа рисрч исто покажа дека нивните три врвни вредности се: демократија, човекови права и вдаеење на законот.
Околу 24 проценти се вработени во приватниот сектор, 15 проценти се пензионери, а 14 проценти се или државни административци, невработени или студенти.
- Тие не го претставуваат само грчкиот народ, тие се народот, вели Питер Брацис, предавач по политичка теорија на британскиот универзитет Салфорд. - Тие го покажуваат непостоењето на врска помеѓу оние кои номинално го претставуваат народот и она што луѓето самите го бараат. Ова е дефинитивно нешто ново... тоа е надвор од контрола на политичките партии и е сосема различно, Владата ќе биде приморана да реагира.
Демонстрантите изгласаа да останат на плоштадот за сето време додеа владата се обидува да ги спроведе непопуларните реформи, предизвикувајќи ги нерзвите на политичарите кои се плашат од уште еден излив на насилства.
И покрај недостигот на врски со традицоналните партии и синдикати, плоштадот веќе ја потресе грчката политика.
Папандреу им се обрати и најави референдум за големите политички теми во обид да ги смири демонстрантите.
- Ги знам барањата; од плоштадот неоправдано често се вперува прстот кон парламентот, но тие ќе бидат во право ако парламентот не успее да изгласа големи промени во политичкиот систем, им рече тој на пратениците за време на изгласување на доверба на владата.
Од плоштадот веднаш одговорија и го поставија тоа на нивната веб страна: "Нашето гласање не е доверба - оние кои го создадоа проблемот не можат да го решат".
Седејќи пред Парламентот, Јанис Калацис, 38-годишен келнер, вели дека гласал за двете партии во минатото, но дека не излегол да гласа на минатите избори.
- Не можат да ме замајуваат, рече. - Си ветив себе си дека ќе гласам само кога ќе го избришат имунитетот на политичарите. Тие ќе избегаат со се што имаат.
Тој е посебно лут на Папандреу и вели дека не ги одржал своите ветувања за да ја расчисти политичката корупција.
- Пред да биде избран, тој рече дека има доволно пари, и вети дека ќе ги стави во затвор сите оние кои направиле пари врз нашите грбови, и дека ќе го избрише имунитетот на политичарите. Па, ако ги исполнеше ветувањата, ова немаше да се случи. Луѓето немаше да излезат на улица. Тој дури ќе станеше и херој, но си ја упропасти шансата.
И додека протестите се смртно сериозни, сепак постои малку време и за релаксација, "Ве молам, бидете тивки. Имаме секс!", е истакнато на еден шатор на крајот од плоштадот. (Jаху Њуз) |