Број 3614  сабота, 25 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Забава
Некролог
Хороскоп
Стил








Site Meter

Убавата Јулија оди на суд

КИЕВ - Поранешната премиерка на Украина и хероина во Портокаловата револуција во 2004 година, Јулија Тимошенко, излезе пред судот во Киев поради злоупотреба на службената должност. Тимошенко ги отфрли обвиненијата, кои се однесуваат на договори за испорака на природен гас со Русија како одмазда од нејзиниот ривал, претседателот Виктор Јанукович. Таа го загуби премиерскиот мандат во март 2010 година, по гласањето на недоверба. Тимошенко побара Европскиот суд за човекови права да одлучи дали обвиненијата против неа се политички мотивирани.

Околу 1.000 нејзини симпатизери се собраа пред судот во Киев, кој беше опколен од полицијата, објави новинската агенција АФП. „Ова е фарса и циркус, а не судско сослушување“, изјави Тимошенко пред судијата, според АФП.

Иследниците наведуваат дека десетгодишниот договор за испорака на природен гас потпишан со Русија во јануари 2009 година бил погубен за украинската економија и дека Тимошенко не го имала одобрувањето од кабинетот за да го потпише.

Овие обвиненија не се први покренати против поранешната премиерка. Во декември таа беше обвинета за злоупотреба на 320 милиони евра примени од власта во 2009 година за продажба на кредити за емисии на јаглерод. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 1942 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Славата, митот и крвта на ВМРО (23)
Стол
Кралска свадба во Монако
Искуствата од Охридскиот договор
Компанијата презема мерки за зачувување на брендот
„Утрински весник“ излегува
Манекенката стана креаторка
Големиот пазар со органи
Ако се потпреш само на талентот, немаш фантазија
Се загреваат за концерт
„Авон“ во соработка со Шелтер-центарот
Михајловиќ ги посакува Пандев и Станковиќ во Фиорентина
Другарките се вљубени во мојот татко
Модерни „Кларинетски фантазии“ на дуото „Пан“
Грција мора да го проголта горчливиот лек
Светски ден за поддршка на жртвите од тортура
Иванов му честиташе на Јосиповиќ
Случајот на Нешковски подалеку од политиката
Со Св. Наум ќе го оформам „светиот“ триаголник во Охрид
Мексико го освои Голд купот
Вељаноски повторно избран за собраниски спикер

"""