Иванов му честиташе на Јосиповиќ
Претседателот Ѓорге Иванов вчера оствари телефонски разговор со претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ и притоа му честиташе за одлуката на Европскиот совет за присоединување на неговата земја кон Европската унија. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, во разговорот Иванов рекол дека заокружувањето на хрватските преговори со ЕУ е добра вест не само за граѓаните на Хрватска, туку и за целиот регион.
Европските лидери вчера дадоа зелено светло за присоединување на Хрватска кон ЕУ, одобрувајќи го завршувањето на преговорите за членство, водени со Загреб од 2005 година досега.
На средбата на врвот на ЕУ во Брисел европските лидери донесоа декларација, во која се бара да бидат преземени сите потребни решенија за завршување на преговорите за приклучување на Хрватска во Унијата до крајот на овој месец.
|