Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Македонија како Сингапур

Билјана Ангеловска

Државата, конечно, одлучи да го земе во свои раце решението на проблемот со нехигиената. Изготви Закон за јавна чистота според образецот на Сингапур. Сите знаат дека нашава држава е една од највалканите земји во Европа и дека хигиената е на екстремно ниско ниво. Но, се чини на уште пониско ниво е свеста на народот, зашто се' почнува од воспитувањето и како тоа се практикува во секојдневјето, а дури потоа од спроведувањето на законските казнени одредби.

Децата од мали се учат дека не е убаво да се плука на улица, дека не треба да се фрла на тротоар, или во трева, дека не е в ред да се чкртаат фасадите. И возрасните знаат дека не смеат да фрлаат шут секаде, дека не треба да колат кокошки на јавни површини, да напасуваат добиток во градско зеленило, дека е забрането да се уништуваат клупите и да се врши физиолошка потреба на јавно место. Сепак, сето тоа се прави без страв дека може да се биде казнет. Сега, тоа би требало да се промени. И Македонија да стане Сингапур!

Законот за јавна чистота предвидува повеќе од ригорозни казни за несовесните граѓани. Секој добро ќе поразмисли пред да ја плукне мастиката на улица, бидејќи со тоа ризикува „да плукне“ 50 евра за казна. Со оглед на висината на глобата што ќе се зема од прекршителите, која достигнува и до 4.000 евра, можеби навистина нешто ќе се постигне. Само да не се случи комуналните редари да се претворат во ловци на непослушни граѓани. Ако со ваквите казни се подобри состојбата и се превоспитаат граѓаните, тогаш в ред. Најважно е да не се дозволи се' да остане на хартија, бидејќи објективно, казните се превисоки за македонскиот стандард, кој е неспоредлив со сингапурскиот.

 


Статијата е прочитана 1644 пати.

Испрати коментар

Од: Vasco Beleski
Датум: 18.08.2008 00:17:37
Zakonot mora da se donese i nema nikakvi dilemi dali se golemi kaznite, citav nekoi komentari od gragani, kako ke izdrze koga ke se setal pokraj kejot na vardar...smesno neli pa ke si misli pred toa,,,gradski WC nema skoro nikade vo svetot tie se integrirani vo javnite objekti meguota vo psledno vreme se moderni toytoy kucikite , megutoa kaj nas ne postoi kultura i samo so kazni mozebi ke se napravai red...velam mozebi bidejki nevospitani se i mladite i starite...
Од: ace od avstralija
Датум: 18.08.2008 07:21:10
Makedonija ko Singapur??? Nema sansi. Ako kaznis lice od druga nacionalnost, ce rece deka bil diskriminiran i ce gi baraat pravata vo Strazburg i Makedonija kako rezultat na toa da bide podelena. Zatoa, neka pluknat site na ovaa ideja, koja e finansiski izvor na demokratijata da sobira arac od rajata
Од: jovan
Датум: 18.08.2008 11:01:19
Uste eden metod kako reketarski da se soberat pari(zakonski se razbira). Nemam nisto protiv ovoj Zakon, treba pogolema higiena, a treba i golemi kazni za nesovesnite. No dali, i kako ke funkcionira ova. Eve eden primer na koj jas bev svedok. Na patot kaj Zlokukani pominuvase svadba (Albanska spored znaminjata) vo kolona vozila od koj na prozorite i na tavanite od vozilata sedea luge, koj urlaa, svirea itn. Na drugata strana stoese policija koja soprela dete na skuter i mu pisuvase kazna za ne nosenje kaciga. Tolku. Ne komentiram poveke.
Од: Boshko
Датум: 18.08.2008 11:47:05
Idejata e dobra No da se sprovedi na delo skoro e nevozmozno,bidejki nemame uslovi za toa,Niti WCa ima na sekade se razbira sprema zitelite na naselbata i kanti za otpad nema dovolno ,za toa mislam deka nema i smisla da se kaznuvaat graganite .Toa e samo na koj bilo nachin vladata a go dokrajchi i taka siromashniot narod.Tolku od mene.
Од: prof. Zarko od Zletovo
Датум: 18.08.2008 11:52:56
E ne znam dali ovoj Zakon na Vladata i na Mile, ke se odnesuva i za nas 500 000 glasaci? Ako se odnesuva, braka i sestri. go obravme bostanot i toa zelen. No, mi se cini ne e se do kraj zagubeno. Se nadevam deka nekoj od okruzenieto na Vladata i nekogasnata PLATEZNA KARTICKA ke se seti i ke ne izbavi od maka i nevolja.Ke ni podgotvat uste eden nepredviden cekor vo Prerorbata. Eden proekt, odnosno obuka, kursevi od opsta, osnovna javna kultura i higiena i ke izednacat so onie prokleti i pismeni kontra nasite glasovi. Ima pari, neli, budjetot e prepoln. A imame i kadri. Tolku fakulteti otvarame... Samo me zagrizuva nesto drugo. Gradjaninot Branko C., veke go gledam, kako vednas go potpisuva zakonot i nie se smee! A kolku e bezobrazen i za zatvor gotov, sigurno si veli, E TOLKU KRETENI NA EDEN KUP NEMA NIKADE PO BEL SVET! Oladi Mile, Milence, ke prokuvas!
Од: M..
Датум: 18.08.2008 15:05:47
Idejata e "super" i za cestitanje,iako tesko izvedliva,ako ne e "sekoe cudo za tri dena".Oti,za da se frla smetot vo kontejneri kade mu e mestoto( na mesto okulu),trebe nim da gi ma poveke i poblisku do zivealistata i tie da se praznat, SEKOJ DEN,kasno navecer. Samite kontajneri da ne bidat vakvi kako sega; valkani,grdi i smrdlivi,tuku i estetskat strana da im bide dadena. Vo edna selo kade nokevav, do aerodromot na Ljubljana , vidod tri kontajneri edno do drugo, ubavo bojadisani koi zaedno prstavuvaa ( naivno) del od prikaznata za "Ivica i Marica", pa ne e cudo sto vo takvi kanti vnimatelno se frla smetot vo nim,ne okulu! Cistotata da ja zapazime,ne poradi kaznite,tuku po zelba da imame cist,zdrav i ubav grad ! I se nadevam deka ovoa "cudo" nema da zavrsi samo "udri po kaznite", bez da staneme Singapur...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Полицијата и одбраната имаат најголеми дискрециски права
Серија пожари изгореа стотици хектари шума
Македонија двапати направи политички мотивирана амнестија
Зденко
Претходен број
Шефот на дипломатијата ги проширува своите ингеренции
Усеин Болт
Месечината помина низ сенката на Земјата
Тумба, тумба, дивина
Писмата на Груевски
Во нашите затвори лежат 64 странци, најмногу поради шверц на дрога
Фелпс ги освои осумте злата
Славески- Инфлацијата е под контрола
Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м
Изворот во Лешок убива, предупредување за опасност нема
Да, таа може
Карикатура
Афера во Фондот за пензиско во Битола
Маја Петрушевска е нова летна убавица на Македонија
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.