Груевски, всушност, и не очекува одговори. Тој ги знае одговорите или ги има слушнато многу пати досега. И тие не се охрабрувачки
Кога во 1968 година силите на Варшавскиот пакт ја окупираа Чехословачка, една основна организација на Сојузот на комунистите од Никшиќ, Црна Гора, одржала состанок со следниот дневен ред: 1. Разгледување на состојбата по влегувањето на силите на Варшавскиот пакт во Чехословачка и 2. Разно. По расправата водена по првата точка од дневниот ред биле донесени следните заклучоци: Прво, се бара итно повлекување на силите на Варшавскиот договор од Чехословачка. И второ, доколку силите на Варшавскиот договор итно не се повлечат од Чехословачка, основната организација ќе одржи нов состанок и ќе донесе нови заклучоци.
Писмата на Груевски до Караманлис, Баросо, Бан Ки Мун и Нимиц многу ми личат на гореспоменатата активност на комунистите од Никшиќ.
Домашните медиумски љубители на ликот и делото на Никола Груевски оваа негова дипломатска активност веќе ја оценија како храбар чин, како херојско дело и како патриотски долг со кој на виделина се вадат сите прашања кои „многумина од неговите претходници ги заборавиле или игнорирале“.
Груевски, всушност, со писмата и' порачува на домашната јавност дека нема да се согласи на договор за името ако Грција не го признае постоењето на македонско национално (етничко) малцинство во Грција, не ги врати имотите на македонските граѓани протерани за време на Граѓанската војна ако не го смени името на својот аеродром во Солун кој се вика „Македонија“, и ако Грција не ја убеди Српската православна црква да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква. Нормално, тоа само за почеток.
Со други зборови, тој им порачува на своите приврзаници дека не води сериозни разговори за изнаоѓање решение околу спорот со името.
За Груевски воопшто не е важно дали ќе има договор за името и дали Македонија ќе добие покана за НАТО и за влез во ЕУ. Нему му е важно македонската јавност да биде само убедена дека ако тоа не се случи, како што нема да се случи, дека тој за тоа не е виновен, туку се виновни „клетите“ Грци или Европа - „блудницата вавилонска“. Како и секогаш. Некој друг, а не ние.
Затоа тој и пишува писма. Исто како во времето кога Македонија не била држава, кога немала своја влада, своја дипломатија, свои официјални претставници и кога загрижени поединици во својата немоќ, пишувале писма до Друштвото на народите и го молеле да направи нешто за Македонија.
Од денешен аспект овој вид дипломатска и политичка активност не само што е целосно неефикасен туку и предизвикува потсмев и презир.
На секој нормален му е јасно дека писмата не се наменети ниту за Караманлис, ниту за Баросо, ниту за Бан Ки Мун. Тие се наменети исклучително за домашната јавност. Затоа содржината на тие писма ние ја разбираме од телевизиските екрани уште пред тие писма да бидат и испратени на наведените адреси.
Груевски, всушност, и не очекува одговор��. Тој ги знае одговорите или ги има слушнато многу пати досега.И тие не се охрабрувачки. Но, нему му е важно да остане запаметено дека тој јавно ги поставил тие прашања како што комунистите од Никшиќ барале да се повлечат итно силите на Варшавскиот договор од Чехословачка. Во спротивно, тој ќе напише ново писмо и ќе бара од Грција да ги признае не само македонската нација, црква, држава туку да го признае и него за директен наследник и роднина на Александар Македонски, Хунзите за негови први братучеди, а неговата магистратура да биде признаена како докторат.
Од друга страна, пак, да бидеме искрени, и другарот Тито пишуваше писма кога ќе видеше дека нешто не е в ред со државата. Би било добро сега кога Груевски ќе заврши со писмата до меѓународните фактори да ни прати и нам едно писмо во кое како другарот Тито ќе констатира дека „тој воопшто не задоволен од начинот на кој се остваруваат реформите во земјата“. Тој сигурно не може да спие поради фактот што во нашата земја има толку многу невработени и сиромашни луѓе, а ние не смееме да дозволиме нашиот омилен лидер да не спие. Мора нешто да се преземе. Инаку, тој ќе ни прати ново писмо.
Visokite partiski rakovoditeli na SDSM i koalicijata SONCE treba da se zagrizat za sostojbite vo svoite partii ( i koalicija), da gi nadminat samobendisanosta, voobrazenosta, a i da se vratat vo realnost. Potrebno e visokite moralni vrednosti da zavladeat vo politikata vo R.Makedonija. Toa podrazbira i vzaemno pocituvanje na instituciiite vo drzavata, kako i megjusebna pocit na partiite i partiskite rakovodstva, duri i od ideoloski sprotivstavenite partii.
Treba na kulturen nacin i so fakti da se vodi borba na idei i koncepti. Namesto navredi, opozicijata treba den poskoro da si gi precisti redovite i da sostavi Vlada vo senka koja ke ja institucionalizira i ke funkcionira so site ministri koi bi bile izbor na taa vlada dokolku dobiese na izborite (ili dokolku bi imalo idni izbori). Ako imat podobri idei treba da gi predlozat vo Sobranieto i da gi promoviraat. Ako pak ideite se dobri istite da bidat prifateni i sprovedeni. Najvazno da bide na gragjanite na drzavata da im e poarno!
Од: Saso
Датум: 18.08.2008 05:48:54
Kako poranesen diplomat sakam da ve prasam dali nekogas ste se zamislile ili pak ste prasale za nasite vo Grcija.Ili pak vi bese poveke interesno za srbite vo Hrvatska, Kososvo i t.n. E gospodine se javi eden MAZ vo ovaa Makedonija koja ne saka da bide za podsmev koj saka da im kaze na drugite deka ne e budala.Smo za sporedba. Dalej LAma znae deka nikogas pa i vo son nema da mu dadat drzava ili pak prava vo Kina, arno ama si gi kaza covekot makite i si bara po svetot care. Zasto nie ne smeeme da prasame za pravata na nasite malcinstva, pa i ne samo toa da se otkazeme so ustav, koj se smeni vo vase vreme. Ajde cenzura 1949 ne go objavuvaj ova.
Од: kole
Датум: 18.08.2008 05:52:38
Наполно се слагам со авторот, тоа е само изигрување херој пред домашните миленици, ефектот сигурно че е НУЛА, а е симптоматично што со оваа рашомонијада го зарази и Претседателот на Парламантот Велјаноски, којзнае можда ќе почнат да пишуваат писма и Милошоски, Влатко Ѓорчев, Славески до Светска банка... Остваруваат на сон... се радуваат како дечиња во детска градинка...
Од: ??
Датум: 18.08.2008 08:07:09
Тоа е вашето мислење?
А пак јас мислам дека единствена причина што не ги поддржувате “писмата на Груевски“ е затоа што сте загрижени тој да не испадне уште поогооолем херој правејќи нешто што ДУРИ И ОПОЗИЦИЈАТА во Македонија го поддржува.
Замислете колкав херој тогаш тој би бил. Да му успее да го следи опозицијата ... тууу, би немало крај на неговото владеење. (нели, така размислувате ?)
Тука ви е грешкета!
Народот не го интересира (барем мене не) од кој табор доаѓа идејата, само да е за добро на Македонија, на граѓаните. И опозицијата нема да изгуби во моите очи доколку поддржи добра идеја, токму спротивното (ќе изгуби доколку не ја поддржи).
Совет: доколку имате желба да добиете на избори - поддржете ги добрите идеи, подобрите ги уште повеќе, предложите свои и гарантирајте нивно спроведување. Тоа е пат до победа на избори! (а не малограќанштина, плукање по подобриот (во моментов) и работење зад грб)
Од: jovan
Датум: 18.08.2008 09:25:27
Da se pisuva pisma i ne e nesto strasno. No pri imajki drzava koja clenuva vo skoro site megunarodni institucii nema potreba kako vo sredniot vek preku pisma da molime "nekoj vlijatelni luge" da ni resavaat problemi. Si ima za toa diplomatija i institucii. Toa e prvo. Vtoro e prasanjeto zosto odgovorite koj se dobivaat na tie pisma nikade ne se objavuvaat. Da vidime Karamanlis sto ni odgovoril, da vidime drugite sto ni odgovorile. Vaka ispaga "jas ke pisuvam a mnogu mi e gajle sto ke odgovorat i onaka jas ke gi proglasam niv krivi za se". Inaku posle krizata vo Gruzija, rabotite se smenija, pa potrebna e sega nova megunarodna strategija i dobra procenka. NATO e vo ovoj slucaj oslabnat (barem za sega) pa nemora sega tolku mnogu nie niv da gi molime, sega oni malku neka popustat. Site svetski poznati analiticari dadoa ocenka deka Rusija jakne, taka da NATO nema da moze veke tuku taka da se zeza i da im ispolnuva zelbi na Grcite i nivnite hirovi.
Од: Karolina
Датум: 18.08.2008 09:46:21
Gruevski e Dalaj Lama?
Од: citatel
Датум: 18.08.2008 10:37:00
pismata vsusnost se namenite za domasnite glasaci , clenovi na vmro dpmne, koi se po poteklo od egejska makedonija, republika grcija,. cisto onaka da im gi zamacka ocite na egejcite, kobajagi eve rabotam za vas i blagodaram sto glasavte za mene. istoto toa so godini nanazad go pravese tupurkovski! SE DODEKA ne ja napravi onaa glupava greska so priznavanjeto na taiwan i prokockuvanjeto na negovata politicka kariera ednas za sekogash....
A inaku pismata sto gi praka gruevski do nekoj subjekti vo svetot! ama bukvalno nikoj ne mu gi cita i nema sansi da dobie nekakov odgovor. vo svetot postojat iljadnici otvoreni prasanja povrzani so begalci i teritorii...kurdsko, palestinsko, kosovsko, hryahoo.comvatsko, sega i gruzijsko.... i nema logika nitu baroso, nitu OON da se zanimavaat so nekoj nastan sto se slucil pred 60 godijni. Inaku egejcite ne se veke begalci, nikoj od niv ne spie pod sator i nikoj ne e bezdomnik, tie duri dlaboko se vlezini vo vlasta na klucni miniserski mesta,
Од: Тони
Датум: 18.08.2008 11:34:41
Не губете време со Груевски. Од вас(од сите кои имате влијание) очекувањата се во правец на надминување на тешката криза во СДСМ. Вратете се на изворните принципи на социјалдемократијата, или уште поубаво, за првпат почнете да дејствувате во тој дух. Расчистете со криминалците во своите редови и изградете систем кој ќе оневозможи тие да функционираат под закрила на СДСМ (има уште многу но ...)- Така ќе сте многу покорисен за сите останати кои не се поклоници на оваа ВМРО-вско- Сталинистичка идеологија .
Од: prerodba
Датум: 18.08.2008 12:28:39
Ова за писмата најверојатно Груевски го препишал од сдсм-Овците како што праќаа честитки за време на предизборната кампања. Да не се навраќаме толку наназад и онака се повторувате, пардон препишувате.
Од: D.V.
Датум: 18.08.2008 14:28:50
Isprakjanje pisma niz svetot ,imase svoe mesto i efekt,tamu negde vo dalecnite 1991-93 gosd., kaoga nie entuzijaznite lobisti na koi zivotot ne bese rasfrlil niz svetot,na toj nacin go zapoznavavme toj svet, so cudniot problem, neproblem, sto se narece Makedonija! Nasite pisma,na koi poveke- pomalk dobivavme kurtuazno - diplomatski odgovori so "tapkanje po rarmenicite", sé pak i donesoa nesto na ovaa nasa" majka Makedonija". Ako ne poveke, barem se cu i se sozna deka postoimùe deka sme poseben narod,so svoj indentitet,jazik,kultura.... Da,ama togaj bea drugi vremeinja i pismata od Vladata vakvi kakvi se, ne i doprinesivaat nisto na Makedonija,naprotiv. Sega e vreme za edna pokorektna sorabotka pomegju Vladata ,Patlamrntot i Pretsedatelot Crvenkovski, za da mozat da mu pridonesat nesto na dolgo ocekuvaniot uspeh. Inakau,pismata koi se "poftoruvanje" na nasite "ofkanja" od pred 18 godini ,mozat da ni bidat samo kompliment na nas libistite..
Од: Realen
Датум: 18.08.2008 15:22:48
Vo vrska so pismata na premierot procitajte gi sedumte zabeleski na Sem Vaknin vo nedelnikot ,,Fokus,,. Mirka Velinovska ne e veke kolumnist/komentator vo ovoj nedelnik. SDSM vo minatite 17 godini vladeese kako ultra konzervativna partija! Tokmu vo vremeto na vladeenjeto na ovaa partija bese sozdadena makedonskata oligarhija, bea zatvoreni fabrikite i okolu 200 iljadi rabotnici bea otpusteni od rabota! Toa ne e programa na vistinska socijal-demokratija! Zatoa, na SDSM i e potrebna temelna rekonstrukcija dokolku saka da se vrati na vlast vo Makedonija!