Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Стихија

Серија пожари изгореа стотици хектари шума

Серија пожари викендов беа забележани во земјава, при што две лица се повредени, а изгореа стотици хектари разновидна шума, трева и нискостеблести растенија.

Во пожарот што во саботата околу пладне избувна во Македонска Каменица, со изгореници од прв степен се здобиле Атанас и Ленка Ѓувалекови, кои веднаш биле пренесени во локалната болница. Поради сериозноста на повредите, Ленка е префрлена во болницата во Кочани, информираат од МВР. Причините за пожарот се' уште се испитуваат.

Речиси истовремено, во атарот на Смоквица, Гевгелиско, настанал пожар, во кој биле зафатена трева и нискостеблести растенија на околу 250 хектари. Пожарот се проширил во должина од 7 километри кон Милетково, при што бил загрозен сообраќајот на магистралниот пат. Полицијата приведе 32-годишен маж поради сомневање дека има врска со избувнувањето на огнената стихија.

Во саботата околу 17,15 часот шумски пожар бил забележан во атарот на селото Баден на планината Огражден, а поради лошите временски прилики, постоела опасност пожарот да се прошири кон границата со Бугарија. По четиричасовна битка со пламените јазици, сточарите и шумарите успеале да го локализираат пожарот.

Околу 30 хектари мешана шума изгореа во атарот на Орманли, Струмичко, а тамошниот Регионален центар за управување со кризи соопшти дека кај местото Стара Смоквица е подметнат пожар.

Била зафатена површина од 10 хектари сува трева и приватни посеви, а теренот е тешко достапен поради опасноста од неексплодирани убојни средства. Лицето кое го подметнало пожарот, е приведено.

Активни пожари се забележани и во Цер, Кичевско, , Слатина, Македонски Брод, Царевиќ и Смолане, Прилепско, Коџа Чаир и Ново Комарево кај Струмица, Стар Дојран... Вчераутро е регистриран пожар и на планината Беласица, меѓу селата Куклиш и Костурино. (Г.А.)


Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Македонија како Сингапур
Полицијата и одбраната имаат најголеми дискрециски права
Македонија двапати направи политички мотивирана амнестија
Зденко
Претходен број
Шефот на дипломатијата ги проширува своите ингеренции
Усеин Болт
Месечината помина низ сенката на Земјата
Тумба, тумба, дивина
Писмата на Груевски
Во нашите затвори лежат 64 странци, најмногу поради шверц на дрога
Фелпс ги освои осумте злата
Славески- Инфлацијата е под контрола
Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м
Изворот во Лешок убива, предупредување за опасност нема
Да, таа може
Карикатура
Афера во Фондот за пензиско во Битола
Маја Петрушевска е нова летна убавица на Македонија
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.