Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЛИЧНОСТ НА ДЕНОТ

Усеин Болт

Тајфунот од Јамајка профучи низ Пекинг! Спринтерот Усеин Болт, несудената ѕвезда во крикет, испиша нова страница во историјата на атлетиката истрчувајќи ја стотката за неверојатни 9,69 секунди, со што за три стотинки го надмина својот светски рекорд што го постави на 31 мај годинава.

Во категоријата на чуда влегува неверојатниот напредок на првиот спринтер од Јамајка, кој доаѓа до олимписко злато. Само пред повеќе од една година, поточно во јули 2007 година во Грција, Болт во своето деби во оваа дисциплина истрча 10,3 сек., за во мај 2008 во Њујорк да стане светски рекордер со 9,72 сек. Тоа беше и единствената трка на 100 м. годинава пред Пекинг за љубителот на регето, кој патеката ја истрча со одврзани врвци на едната златна патика. Забавата е во неговата крв, а така ја сфати и оваа трка, во која последните 20 метри ги истрча со кренати раце, сакајќи да и' каже на конкуренцијата дека е доцна да се обиде да забрза. Колку беше релаксиран говори и тоа што по минувањето низ целта не ни знаеше дека е соборен светскиот рекорд. Сега, пука од оптимизам и е фокусиран на трката на 200 м., каде што целта му е да земе уште еден златен медал, по можност да го собори и рекордот на Мајкл Џонсон, со што ќе стане првиот човек по Карл Луис 1984 година кој врзал победи на 100 и 200 м на Игрите. (Н.К.)

 


Статијата е прочитана 740 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 18.08.2008 06:41:59
Не се соборува за многу светски рекорд на олимпијади, на турнири се прави тоа каде што се зима злато на кило, не глуп он, знае шо прави...
Од: ja
Датум: 18.08.2008 09:25:01
kakov pozitiven lik! odamna atletikata nemala takov. bravo!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Македонија како Сингапур
Полицијата и одбраната имаат најголеми дискрециски права
Серија пожари изгореа стотици хектари шума
Македонија двапати направи политички мотивирана амнестија
Зденко
Претходен број
Шефот на дипломатијата ги проширува своите ингеренции
Месечината помина низ сенката на Земјата
Тумба, тумба, дивина
Писмата на Груевски
Во нашите затвори лежат 64 странци, најмногу поради шверц на дрога
Фелпс ги освои осумте злата
Славески- Инфлацијата е под контрола
Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м
Изворот во Лешок убива, предупредување за опасност нема
Да, таа може
Карикатура
Афера во Фондот за пензиско во Битола
Маја Петрушевска е нова летна убавица на Македонија
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.