Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Фелпс ги освои осумте злата

Со победата во штафетната трка 4Х100 м. мешано,  Американецот го надмина Марк Шпиц кој во Минхен во 1972 година освои седум злата

Американецот Мајкл Фелпс (23) го освои и осмиот златен медал на Олимписките игри во Пекинг по победата на американската штафета на 4Х100 мешано. Со тоа е соборен големиот рекорд на Марк Шпиц од 1972 година кога на Олимписките игри во Минхен освои седум злата и собори седум светски рекорди.

Покрај својата генијалност на Фелпс во соборувањето на тој рекорд најмногу му помогна неговиот сонародник Џејсон Лезак. Тој прво во штафетната трка 4Х100 метри слободно ја отплива последната измена и во неверојатен финиш го престигна Французинот Алан Бернар, а последниот ден ги одби сите напади на Австралиецот Емон Саливен и така ги доведе САД и Фелпс до новото злато. Светскиот рекорд во штафетаната трка беше седмиот во кој учествуваше Мајкл Фелпс. Пред тоа тој освои злата на 400 метри мешано, во штафетата 4Х100 метри слободно, 200 слободно, 200 пеперутка, во штафетата 4Х200 метри мешано, како и во незаборавната трка на 100 метри пеперутка во која го победи Србинот Милорад Чавиќ за само една стотинка, трка која предизвика многу контроверзи и која долго време ќе се прераскажува. Фелпс на Олимписките игри во Атина освои шест злата, и сега со вкупно 14 најсјајни медали е убедливо прв на листата, далеку пред Шпиц, Латинина, Нурми и Луис, кои кариерата ја завршија со по девет злата.

Арон Пирсол на Американците веќе во првата измена (грбно) им донесе предност, а неа ја доведе во опасност Хансен со не толку добриот настап на градната стотка.Но, како трет за Американците пливаше Мајкл Фелпс и на 100 метри пеперутка создаде предност која ја сочува Џејсон Лезак, и на крајот Американците со време од 3:29.34 поставија и нов светски рекорд.

„Не знам што чувствувам во овој момент. Премногу емоции ми минуваат низ главата.Но, сега знам дека во животот се' е можно. Отсекогаш бев скептичен во однос на овој резултат, не можам да кажам дека секогаш верував во тоа. Многу луѓе околу мене ме уверуваа во спротивното и затоа сега, пред се', сакам да ја прегрнам мојата мајка“, изјави Фелпс.

Мајкл Фелпс освои пет злата во поединечна конкуренција, а три во штафетните трки. „Ништо нема да постигнев без големата помош од моите колеги. Настапите во штафетните трки беа извонредно искуство и затоа сум им многу благодарен, затоа што без нив сега нема да стоев пред сите со овие осум медали“, заврши американскиот пливач.

Претходното најдобро време во оваа дисциплина исто така го имаа Американците (3:30.68), а во оваа прилика во Пекинг подобро од тоа време пливаше и австралиската штафета (3:30.04). третото место го освоија Јапонците, најмногу благодарение на извонредниот Китаџима, најдобар светски пливач градно. Легендарниот Марк Шпиц, сопственик на седум злата од Минхен исфрли грст комплименти директно во слушалките на Мајкл Фелпс. Во олимпиското студио на „НБЦ“ организираа директно јавување на 58-годишниот Шпиц од неговиот дом во Детроит. Во студиото во тој момент беше и самиот Фелпс. „Браво, Мајк! Се гордеам со тебе. Твојата мотивација е вонсериска. Тоа што го направи е епско достигнување. Прими ги мои��е искрени чувства на воодушевување. Сепак, морам да те потсетам на одговорноста која сега ја имаш“, телефонски на шампионот му честиташе Шпиц, кои своите седум злата во Минхен ги освои една година помлад (22) од Фелпс. „Марк ми е инспирација многу години. Сонот ми беше да се израмнам со него, не знам што друго да кажам“.

Австралискиот произведувач на пливачка опрема „Спидо“ на осумкратниот олимписки победник на Мајкл Фелпс ќе му исплати бонус од еден милион долари за неговите достигнувања во Пекинг. Австралијците на тој потег се решија пред неделната, осма златна во штафетата 4Х100 метри слободно.

Фелпс: Бев убеден дека ја загубив трката


Подводна фотографија на контроверзната трка на 100 метри пеперутка. Мајкл Фелпс (лево) и Милорад Чавиќ, кој според електронскиот тастер задоцни само една стотинка

Сите кои ја гледаа финалната трка на најдобрите светски „пеперутки“ на 100 метри во комплексот „Водена коцка“ беа убедени дека Милорад Чавиќ прв стигна на целта, односно дека Србинот по трет пат во Пекинг успеа да го победи феноменалниот Американец Мајкл Фелпс, но кога на семафорот се појави Фелпс 50:59 - Чавиќ 50:59, следуваше шок, а потоа и свирежи.

„Бев убеден дека ја загубив трката“, изјави Фелпс. Кога замавнав последниот пат, се уплашив дека ја загубив трката. Но, испадна токму како што предвидов. Да лизгав низ водата ќе ми требаше подолго време да го допрам тастерот. Се решив да ги скратам последните замави и да им го кренам ритамот за да го допрам тастерот прв. Испадна дека многу добро сум решил“.

И членовите на српската делегација беа убедени во истото поради што беше вложен и официјален приговор. Меѓутоа, членот на Техничкиот комитет на ФИНА Бен Екумбо, по гледањето на снимката на трката беше категоричен во одбраната на пласманот кој беше испишан на семафорот.

„Ударите во целниот тастер се видоа многу јасно. Еден пливач, Фелпс, удри во него, додека вториот, Чавиќ, „пролизга“. Според правилата, ние користиме автоматски систем на мерење на времето и во овој случај тој се покажа како совршено исправен“, заклучи Екумбо. Дека не беше се' така чисто, потврди и извршниот директор на ФИНА Швајцарецот Корнел Маркулеску.

„Првото место на Фелпс во ниту еден момент не беше доведено во прашање. Прашање беше само дали златниот медал ќе биде поделен или не! Додека челниците на ФИНА се советуваа, Чавиќ изјави дека сакал да се откаже од жалбата, иако се сомневаше во резултатот на Фелпс. „Дали Мајкл Фелпс го освои златото? Снимката е конфузна, не знам што да кажам. И Фелпс ја виде снимката, но не сум сигурен дека ја виде и својата победа. За мене Фелпс е победник затоа што машината така покажа. Неговиот последен замав беше посилен. Страшно е кога ќе загубите за само една стотинка, но јас сум пресреќен, ми доаѓа да излезам од кожата, изјави Чавиќ, кој на крајот собра сили и да се пошегува. „Погрешив, премногу ги потсеков ноктите. Можеби тренерот можеше подобро да ми ги избричи влакната на вратот“.


Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Македонија како Сингапур
Полицијата и одбраната имаат најголеми дискрециски права
Серија пожари изгореа стотици хектари шума
Македонија двапати направи политички мотивирана амнестија
Зденко
Претходен број
Шефот на дипломатијата ги проширува своите ингеренции
Усеин Болт
Месечината помина низ сенката на Земјата
Тумба, тумба, дивина
Писмата на Груевски
Во нашите затвори лежат 64 странци, најмногу поради шверц на дрога
Славески- Инфлацијата е под контрола
Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м
Изворот во Лешок убива, предупредување за опасност нема
Да, таа може
Карикатура
Афера во Фондот за пензиско во Битола
Маја Петрушевска е нова летна убавица на Македонија
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.