Маја Петрушевска е нова летна убавица на Македонија
Шеснаесетгодишната Маја Петрушевска од Скопје е победничка на Изборот за летна убавица 2008 што се одржа во саботата вечер на плажата пред хотелот „Десарет“ во Охрид. За прва и втора придружничка беа прогласени Стефанија Биновска (19) од Прилеп и осумнаесетгодишната скопјанка Наталија Славковска.
На изборот во организација на модното студио „Црнокрак“ учествуваа 12 финалистки кои се претставија пред публиката во костими за капење, модели од модната куќа „Васидора“ и во спортска варијанта. Покрај наградите од спонзорите, како и учество на победничката на некој од интернационалните избори на убавина, за кои студиото „Црнокрак“поседува лиценци, Маја Петрушевска доби и специјален подарок од членот на жирито, Велибор Џаровски- Џаро, кој и' вети снимање два видеоспота со Здравко Чолиќ.
Се гледа дека е наместено,уште на реклламата за шоуто на а2 или пак на самото шоу очигледно е од авион дека се форсира само тоа кукле.ЗА жал се гледа колку и да сакате да скриете
Од: Petar
Датум: 18.08.2008 11:21:34
maloletni deca pobeduvaat za ubavici? 16 god? Kade ziveeme? Sramota!!!