Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Изворот во Лешок убива, предупредување нема

Искуствата на лешочани се дека опасноста не доаѓа од водата, туку од гасовите што излегуваат од цевките

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Отровните гасови кои повремено излегуваат од изворот за кисела вода во Лешок за неколку години одзедоа четири животи. Меѓутоа, на ова место и натаму нема никакво предупредување за ризикот и за опасностите со кои можат да се соочат сите што сакаат да наполнат шише вода или да се напијат од чешмата.

Пред еден месец Јавното комунално претпријатие на Општина Теарце постави табла пред изворот од која редовните и случајните намерници можат само да се информираат дека „водата е за пиење“. Но, жители на Лешок тврдат дека првобитно пишувало дека „водата не е за пиење“. Претпоставка е дека некој веројатно си поиграл со залепените букви, ја извадил негацијата и со тоа суштински ја сменил пораката.

Сепак, жителите на Лешок тврдат дека содржината на упатството „водата е за пиење“ се совпаѓа со нивното искуство.

„Не можам да се замислам без таа вода. Секогаш полнам свежа и добро ми е. Во просек, на изворот дневно се враќам барем десетина пати“, вели Никола Солевски, 76-годишен лешочанец.

Искуствата на лешочани се дека опасноста не доаѓа од водата, туку од гасовите што излегуваат од цевките. И тоа особено во утринските часови, по дождливо и по магловито време. Нивото на истекот на водата е повисок од нивото на земјата. Стручњаците објаснуваат дека станува збор за јаглероден диоксид кој е потежок од воздухот и се задржува на пониските слоеви.

„Знаеме како да се однесуваме. Наместо наведнати над цевката, шишињата ги полниме свртени на една страна и колку што е можно повисоко“, вели 77-годишниот Ристо Ивановски.

Изворот на кисела вода во Лешок се наоѓа покрај патот што води до болницата за белодробни болести и до манастирскиот комплекс. Тоа е причина повеќе да се обезбеди. Комуналното претпријатие во Теарце единствено поставило информативна табла.

„Луѓето од комуналното брзо реагираа по последната жртва на изворот. Можеби за тоа придонесоа и реакциите од јавноста. Меѓутоа, на таблата пишуваше ’водата не е за пиење‘. Некој веројатно си поиграл со залепените букви и сега пораката е сосема поинаква“, вели Мирко Симјаноски, првиот сосед од другата страна на асфалтната патека. Меѓутоа, и тој смета дека во содржината на пораката не треба да стои водата, туку гасовите.

Во локалната самоуправа во Теарце, но и во комуналното претпријатие, поради годишни одмори, не можевме да добиеме официјални мислења за нивната интервенција, но и за она што потоа некој го направил. Стои фактот дека водата има природен вкус и истекува под карпест предел, што влева уверување дека е здрава и може да се употребува за пиење.

Мирко Симјаноски е убеден дека со локални сили, но и со помош од Општината проблемот може да се реши на наједноставен начин.

„На местото каде што сега истекува водата не може да се подигне нивото поради карпите. Направивме канал надолу на четириесетина метри каде што истекот на водата би бил значително повисок од нивото на земјата. Очекуваме поддршка во напорите уште оваа есен“, вели Симј��новски.

Во Заводот за здравствена заштита во Тетово потврдуваат дека неколку пати ги испитувале квалитетот и својствата на водата. Вакви испитувања самоиницијативно биле вршени и во лабораторијата на некогашниот „Југохром“. Сепак, сознанијата некаде останале, а мерките изостанале. Предупредувањата за опасноста истовремено доаѓале и од луѓе кои при полнење вода се зашеметувале.

Лешочани велат дека мртви врапци и птици секојдневно наоѓале покрај изворот. Притоа, тврдат дека имало пцовисани говеда и друг добиток. Сепак, најсериозна опомена е последниот случај со тетовецот Вангел Бојаровски, кој почина на изворот пред еден и пол месец. На 29 октомври минатата година на истото место животот го загуби и Реџеп Џеладини од тетовско Нераште, кој бил пациент во болницата. Претходни жртви на „изворот – убиец“ беа 70-годишниот Блаже Кировски и шестгодишната Роса Блажевска, двајцата од Лешок.

 


Статијата е прочитана 978 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Македонија како Сингапур
Полицијата и одбраната имаат најголеми дискрециски права
Серија пожари изгореа стотици хектари шума
Македонија двапати направи политички мотивирана амнестија
Зденко
Претходен број
Шефот на дипломатијата ги проширува своите ингеренции
Усеин Болт
Месечината помина низ сенката на Земјата
Тумба, тумба, дивина
Писмата на Груевски
Во нашите затвори лежат 64 странци, најмногу поради шверц на дрога
Фелпс ги освои осумте злата
Славески- Инфлацијата е под контрола
Волшебни 9,69 сек. на Болт на 100 м
Да, таа може
Карикатура
Афера во Фондот за пензиско во Битола
Маја Петрушевска е нова летна убавица на Македонија
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.