09.09.2012, 17:31 Два авиона удриле во јато птици
Авион на авиокомпанијата „Визер“, кој летал на линија „Њ67702“ од Лондон со 131 патник, при слетување на скопскиот аеродром „Александар Велики“, вчера околу 18 часот удрил во јато птици.
Истиот авион, според планот на летање, во 18,25 часот требало да полета за Лондон. Во авионот имало 188 патници. Капетанот, од безбедносни причини, го одложил полетувањето се' додека не дојде авиомеханичар од авиокомпанијата „Кроациа“ за да изврши преглед над воздухопловот и да даде одобрение за полетување.
Истиот ден во 17,45 часот воздухопловот на авиокомпанијата „ЏЛ ервејс“, кој со 179 патници летал за Дизелдорф, при полетување, исто така, удрил во јато птици. Малку по ударот капетанот на авионот одлучил да се врати на аеродромот „Александар Велики“. И тој, како и неговиот колега од „Визер“, побарал авиомеханичар кој ќе го прегледа авионот и ќе даде одобрение за полетување.
Патниците, до повторното полетување, биле сместени во просториите на излез. Полетувањето за Лондон и Дизелдорф се случил во 22, односно во 23 часот. (Љ.С.) |