-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп




Овен

Сакате да ускладите различни интересирања кои постојат меѓу соработниците. Сепак, секој од вас има свои приоритети и тешко прифаќа отстапки. Потребна ви е дипломатска нота во обраќањето. Нема потреба да го повторувате однесувањето кое не остава позитивен впечаток на саканата личност.



Бик

Не можете да предвидите нечиј одговор на зададената тема или да воспоставите добар однос и комуникација со одредени соработници. Нема причина за расеаност, постојат проблеми кои не се решаваат во првиот обид. Партнерот упорно се обидува и без објаснување ги игнорира вашите идеи.



Близнаци

Во средбата со соработниците, не е излишно да побарате нечија заштита и добар совет. Постојат работи кои бараат креативно размислување или фаза на инкубација. Нема потреба да забрзувате некои од деловните ситуации. Новите случувања ве асоцираат на пријатни спомени.



Рак

Избегнувајте претерано експонирање и не зборувајте за работи кои претставуваат потенцијален ризик за деловно-финансиските интереси. Секогаш постои фактор на изненадување и можност за промена, бидете промислени. Склони сте на чести промени на расположението и изгледате несигурно.



Лав

Потребна ви е додатна мерка на претпазливост за време на деловните средби, избегнувајте ризик или купопродажни трансакции. Искуството ве опоменува дека не треба да и верувате на личност за која сите зборуваат негативно. За жал, љубовта и задоволството не одат во заедничка комбинација.



Девица

Имате добри идеи за унапредување на деловните цели, но ви недостигаат доверливи информации. Потребно е да се определите за практично решение и да го зачувате односот со соработниците. Не донесувајте избрзана одлука. Во разговор со блиска личност постапете по своја совест.



Терезија

Не треба да обрнувате внимание на нечии коментари. Се што правите со позитивна тенденција остава добар впечаток на средината. Важно е да ги применувате испробаните рецепти, кои гарантираат деловен успех и лично задоволство. Смислувате начин да привлечете нечие емотивно вниман��е.



Скорпија

Се обидувате да ја импресионирате својата околина на различни начини. Сакате да привлечете внимание и да го оправдате својот углед. Сепак, работите кои ги правите повеќе потсетуваат на преувеличување или на лична несигурност. Наместо да размислувате за нечии мани, подобро е посериозно да се анализирате.



Стрелец

Доколку ве привлекуваат некои таинствени ситуации, неопходно е да прифатите и одреден степен на ризик кој произлегува од експерименталните потези. Реално проценете ги своите можности на различни страни. Средбата со една личност за вас претставува емотивно задоволство.



Јарец

Емотивно сте чувствителни и правите лоши процени. Со поголема упорност можете да ги преминете ограничувањата кои ви ги поставуваат соработниците. Нема потреба да одговарате на нечија емотивна провокација. Останете воздржани, избегнувајте конфликти.



Водолија

Нема потреба да се водите под лажни влијанија или некој да ве мами со погрешна приказна за деловните можности. Доколку трпите неуспех, сменете ја деловната позиција во правец кој повеќе лично ви одговара. Во средба со блиска личност, дозволете си некоја омилена забава или различни содржини кои ве исполнуваат.



Риби

Доколку се наоѓате во чувствителна фаза, препуштете на своите соработници да се занимаваат со покомплицирани задачи кои бараат голем напор. Морате да имате добра процена, кој може да ве замени во одлучувачки момент. Обидете се да ја помрднете границата на уважување на различни ставови во љубовната врска.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 16°C

Делумно облачно

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 13°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |