11.09.2012, 17:33 Мое ќоше
Крунскиот сведок Магаш
Ерол Ризаов
Голем ќеф му прават на Груевски сведоштвата на Магаш против неговите колеги премиери и министри
Извесен Љубомир Магаш, криминалец и пробисвет од босанска забит, стана главен предизборен адут на преродбениците од ВМРО-ДПМНЕ. На човекот му фрлиле некоја паричка да кажува гачки и сказни како е направен најголемиот грабеж во Македонија со шверц на нафта за време на ембаргото на Србија. Фотографиите на хит-sвездата, носител на главната улога, во најновата вмровска сапуница во копродукција со еден српско- босански авантурист веќе три месеци се присутни на насловните страници во речиси сите медиуми. Изјавите и интервјуата на крунскиот сведок се пренесуваат како ексклузива од највисок ранг, небаре се работи за новинарски подвиг. Тешко се доаѓа до Магаш. Само ако ја имаш довербата на ВМРО-ДПМНЕ, врската може да биде воспоставена и веднаш ја добиваш на маса спектакуларната информација како во „елитната“ дебармаалска кафана се договарале зделките, како во црни вреќи се носеле парите од шверцот со нафта директно во гепекот на возачот на Фрчкоски. Главни во шверцот биле Аркан, Слободан Милошевиќ и единствениот преживеан од криминалната тројка, Бранко Црвенковски. Каков трилер.
Истата вечер, нарачателите на информациите, работодавците на Магаш, ја делат јавно загриженоста со нацијата преку траорниот глас на Александар Бичиклиски. Штом овој отвори уста да го праша Црвенковски нешто многу важно, малите деца почнуваат да плачат од уплав. Предлагам телевизиите пред да го пуштат Бичиклиски во етер, да стават знак дека е забрането за деца под 16 години, дури ни во присуство на родители. Толку е сугестивен баритонот на ВМРО-ДПМНЕ, поточно на госп. Бичиклиски, што дури и некој повозрасни луѓе штом го чујат, ја покриваат главата со чаршаф. Обично тоа се граѓани со образ кои ги јаде туѓиот срам. Претпоставувам дека на македонскиот премиер Никола Груевски му е поголем ќеф кога слуша како негови колеги, премиери, министри, познати политичари се прават пуздер пред јавноста од еден ебиветер и неранимајко. За голема гордост и задоволство е ваквата голема и стратегиска нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Она што не може ниту една кампања и еден куп експерти и аналитичари доволно да оцрнат, може да го сработи сам Магаш. Но, од сиот овој успех, на кој и Интерпол завидува, најчудно е што за ваквите брилијантни сведоштва ништо не презема јавниот обвинител. Со прст не мрда да поведе постапка за утврдување на вистината. Ако криминалец е клучен сведок за грабежот на македонски премиери и министри и за кршењето на ембаргото спрема Србија, тогаш местото за неговите изјави се пред јавниот обвинител. Но, очигледно дека ни оддалеку тоа не целта. Груевски многу добро знае како е кршено ембаргото, кој го кршел и каде завршиле парите. Еден од неговите коалициски партнери дури отвори и специјален пат, авенија на самракот, по македонските планини по кој се движеа конвои стока нарачана од Србија и, обратно, од Србија кон светот. Упатените велат уште не се израмнети сметките. Долгот не е вратен во целост. Милошевиќ додели и посебни признанија и благодарници за нашите заслужни дејци, ама борчот си е борч. Треба да се врати.
Има многу луѓе во Македонија, во НАТО, во Србија, во Босна, во Црна Гора.... кои знаат како и зошто е кршено ембаргото, зошто тоа често и од самиот НАТО е премолчувано, каде се парите и многу други знајни и незнајни детали. Ова со Магаш е само евтина валканица која дури и за една политичка пресметка е под нивото кога се вообичаени ниските удари. ВМРО-ДПМНЕ веќе не удира во писката и под стомакот, туку очајно гризе уво. Мора да им е многу густо кога Магаш го одбрале за заштитен знак. Но, во политиката е како и во животот - тоа што го правиш на другите, тоа ќе ти го прават тебе. Како што се наближуваат изборите, ќе слушнеме уште многу сведоштва и приказни за криминалот и валканиците на нашите водачи. Секој според својата партиска припадност ќе си одбира на кои криминалци и сведоци ќе им верува. Со сигурност знам дека од ваквата бербат политика сите на крајот ќе бидат извалкани. Македонските вредности во сите области отсекогаш имале ниска цена најмногу поради превласт, омраза и завист. Затоа се' повеќе наликуваме на дрво без корен. Така е тоа кога Магаш е клучен сведок. |
|
Статијата е прочитана 3889 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Goko, 12.09.2012 00:34:00 | Ednas nekoj rekol deka eden narod ima vlada takva kakva sto zasluzuva. |
| saso, 12.09.2012 00:35:29 | Abe, ostavi go covekot, proveri gi informaciite shto gi kazuva. Ne mu lepi etiketa deka e probisvet, tuku dokazi deka e takov vrz baza na negovite zborovi so makedonskite politicari. Molkot na tie politicari samo potvrduva deka neshto ne e vo red. |
| viktor, 12.09.2012 00:46:50 | А Ерол земал ли пари од Бранко додека работеше во државната Нова Македонија? А сега зема ли? |
| jovan, 12.09.2012 00:53:07 | Neznam zosto go angazirale toj Magas da ni kazuva kako se svercuvalo vo devedesetite, koga mozat fino lepo Zingo da go prasaat i da im kazi od prva raka kako se otvarani *privatni* granicni premini prema Srbija i sto sve se svercuvalo preku niv. |
| граѓанин, 12.09.2012 00:53:51 | После заминувањето од јавни функиции, транспарентни судски истраги имало за Хелмут Кол, Митеран, Саркози и други. Да, ама во демократски земји. ВМРО одамна е на власт, но немало истрага ни за Бранко, ни за Љубчо ни за таканаречените олигарси кои нон-стоп ги зборуваат, и толку. Напротив, неизгласувајќи закон тие и ги заштитија. Крајно сомнителен потег!?! И сега пред избори актуелизаираат некој си селски мафиозо!?! Бичиклиски пак се дере за некое минато време, само за да ја дефокусира јавноста од јадната ни реалност предизвикана од глупостите на оваа власт – му се извинувам, ама стварно прерасна во трагикомична доберманска фигура. Но за жал, кај нас има орда од луѓе на ниво на примати, кои веруваат во вакви ВМРО-вски трикови. |
| makedonka, 12.09.2012 04:27:03 | Prvo ako nemu mu dale nekpoja p[ara za da zboruva protiv funkcionerite togas kolku ti imat dadeno tebe za ti da gi branis gospodin Rizaov. Vtoro dali ti sekogas mora da odis kontra na ona sto ke se kaze vo kporist na vladata. Epten si prozoiren za da covek ti poveruva vo se sto ona go pisuvas. Ve molam komentarot da bide objaven bidejki sekogas koga neto ne vi e vo prilog go zatajuvate |
| до saso, 12.09.2012 06:42:34 | Абе saso, кој треба да ги проверува информациите? Дали оној што ги шири или оној што не верува во нив? Како ги провериле инфомациите оние што ги шират? Зошто ти не бараш од нив да ги проверат пред да почнат да ги шират? Дали ако некој рече дека магаре лета, ти нема да бараш од него докази дека магаре лета, туку ќе бараш од оние што не веруваат да проверат дали магаре лета? |
| Pojde me tudja sramota, 12.09.2012 07:31:02 | Ovaa sramna lakrdija so eden selski ebiveter i izvetven kriminalec, koj za 500 - 1000 evra ce svedoci deka ucestvuval i vo aferata Votergejt, samo go dokazuva kolku e padnato nivoto na politicarite kaj nas, pa ne se sposobni ni aslno da spletat nekoja afera za degradacija na nekoja licnost. I tocno e toa Erole , deka koga Bicikliski se javi so onaj negov bariton , mnogu vozdrasni so obraz se pokrivaat so carsaf preku ocite oti kako sto kazuvaat srbite pojela ih tudja stramota.Za isto vreme duri Bicikliski , bici prazni c epenici, nikoj ne goi prasuva, erlot od Kratovo i ordenonosecot na Milosevic i negoviot telal Latasovic , koj od Jankuloska dobi hartija za procistuvanje za 15 minuti, okolu tie specijalni granicni premini za dotur na nafta i druga trgovija so togas blokiranata Srbija |
| до Saso, 12.09.2012 08:08:58 | Да проверат што кажува човеекот предлага госп Сашо. Па нели му е работа на државниот јавен обвинител да поровери што кажува тој човек многу јак сведок.. Јавниот обвинител е поставен на предлог на ВМРО ДПМНЕ, па си молчи со месеци додека јавноста се забавува со сведоштвата на Магаш. Сашо ова не ли ти кажува чија е нарачката. |
| seirdzija, 12.09.2012 08:20:06 | Za 1000 evra,na balkanot mozes da najdes iljadnici svedoci koi bi potvrdile bilo koja prikazna.Neznam zosto ne go angazirale licno KARAMELA,koga ovoj MAGAS e samo epizodist vo BALKANSKI PREVARI,t.e.PRELJUBNICI,ke bese mnogu poubedlivo.Ete toa se slucuva koga najobicni lopuzi ne ubeduvaat deka se PATRIOTI,a ova e klasicen primer kako ni go branat dostoinstvoto... |
| Nikola, 12.09.2012 08:47:37 | Kade e obvinitelot da povede istraga po izjavata na sopstvenikot na makoil deka mu gi zatvorile pumpite otkako prestanal da dava mito? A toj dobiva do Sobranie da gradi garazi? Koj ovde e budala/ |
| Резилов, 12.09.2012 08:53:08 | А што е со изјавите на господата Стојан Андов и Георгиевски?Према “сознанијата“ од написов јасно е дека и авторот знае многу па како да се наметнува за главен сведок. |
| S.P., 12.09.2012 09:07:32 | Nemam komentar, imam samo cuvstvo na sram. Koga naseto sudstvo bi bilo nezavisno i bi postoela prava zelba za spravuvanje so kriminalot se bi bilo poinaku.
I vrapcinjata ja znaat vistinata ama nikoj ne gi slusa.......... |
| Самоил, 12.09.2012 09:36:29 | Зошто не поведат истраги бившите колонии, сегашни независни држави, за нивните богатства кои завршиле кај поранешните колонијалисти сегашни светски велесили ? |
| milan, 12.09.2012 09:56:25 | Graganinu,izrekovte navreda za dobermanite i primatite.Fala na Erol uste za eden prekrasen i vistinit tekst. POZDRAV. |
| Caki, 12.09.2012 09:56:29 | Alo Utrinski!! Urednichke Kramarska!!Pa ova ako ne e govor na OMRAZA togash ne znam shto e!!Go citiram vashiot nishtozhen kolumnist: Makedonskite vrednosti vo site oblasti (!?) otsekogash imale niska cena najmnogu poradi prevlast , omraza i zavist...zatoa se povekje nalikuvame na drvo bez koren (!?).Pa drva i korenja se spomnuvaat koga se zbori za nacii...kolku shto znam g-not e Turchin , i nego nikoj ne go negira! Daj vekje neka prestane da mi go navreduva narodot, i drzhavata! p.s. kako mudro kolumnistot pishuva za nevazhni raboti vo moment koga se vodi specijalna vojna protiv RM a toa golemiot kilumnist mnogu dobro go znae kako i site nie shto uchevme ONO vo skolo....... |
| Markos, 12.09.2012 10:49:48 | Magas? Steta da Makedonija nema majstori da snimat serija ala Alo, alo. Bicikliski e pak metafora za bedata (DPMNE) koja se uste, zasluzen, ja java zemjata. |
| Mafijos, 12.09.2012 11:49:30 | Vo mafijata ima hierarhija kako vo vojskata. Kumot nikogash nema da razgovara i pregovara so nekoj lev igrach, posebno ako e kumot premier. Toj ima *nivo*! Ako ste zelni za vistinata, prashajte go Zingo i negovite potrchkovci, glavnite operativci za ovoj biznis. Tokmu za ovaa rabota Zjingo, Latas i ushte ponekoj imaat tapija (nagrada) od Miloshevic za uspeshno izvrshenata rabota. No na zalost, momentno Latas ni e premier, pa od pozicija na vlast ni ja kreira vistinata. Ama koga-togash ke dojde denot *D*. Revanshot ke bide neminoven i mnogu zestok, mozebi i vo mafijashki stil. Navistina nemaat merka, ednostavno si go barat! |
| arhitekt, 12.09.2012 12:46:10 | MAGASH E ODAMNA POCINAT. GOSPOD ZNAE KOJ MAGASH E OVA I KOJ GO PLAKA |
| zoki, 12.09.2012 12:55:41 | koga VMRO DPMNE nema odgovor za losata ekonomska sostojba vo Makedija i se pogolemata siromastija, a toa gi interesira najgolemiot broj na gradjani togas izleguva Bicikliski i gi zabavuva gradjanite so eftini prikazni, sega moze da dade izjava nekoj za kriminal vo 80 -te i ete ti go pak Bicikliski na pres i se taka samo da ne mislat gradjanite na katastrofalnata politika na Vladata.
Ne ne zamaraj so gluposti ako imalo kriminal odi vo sud i prijavi, mene nemoras da mi kazuvas oti ne me interesira |
| konsternirani, 12.09.2012 13:10:36 | G-ne Rizaov ochigledno ste imale golema inspiracija zatoa shto tekstot e, fenomenalen so odlichni poenti. Tazhen e faktot deka од ваквата бербат политика сите на крајот ќе бидат извалкани... Така е тоа кога Магаш е клучен сведок.... Мора да им е многу густо кога Магаш го одбрале за заштитен знак. Sekako, od vakvi neranimajkovci, najmnogu strada Makedonija, kako drzhava
|
| Goce USA, 12.09.2012 13:21:40 | Ne mozam da sfatam zosto sekoj den onoj Biciklisticki penavi za edna te ista rabota. Pa VLAST ste bre gospodo! Koj pravel kriminal - zatvorete go! Ama izgleda nema nisto od toa posto onie koi treba da se zatvorat se vo sustina vo vlasta! Strasna ke bide osvetata za site ovie gluposti. Taka mi se cini |
| Трпе, 12.09.2012 15:02:35 | Држете го крадецот извикал апашот и продолжил да си ги полни торбите.Многу лесно замајување на наивниот сирот народ.Како да превземат нешто судството и обвинителот за нешто кое било многу одамна.Судите и обвинителите се поставени од актуелната власт.Олигарсите,криминалците и бандитите се во редовите на актуелната власт.Тие многу добро ја негуват власта.Се согласувам од многу коментари дека Ѕинго може се најубаво да им разјасни а стаменов да им пресмета за што фамилијата должна е да ги чести.Овој аматерскиот глумец Маѓаш е само обична училишна фотографија. |
| od ostrijot, 12.09.2012 15:04:19 | cudno dvajset godini go barale-molili da svedoci tek sega na pola godina pred lokalnite izbori edvaj otvoril usta i rekol samo toa stomu bilo naredeno da rece i drugo nisto poveke takvise krunskite svedoci kako se veli plati pa klati. |
| ПАРАСПУРЏИЈА, 12.09.2012 16:28:51 | Ероле,прво Ти честитам за написов,второ не е виновен Груевски и ДПМНЕ,точно е дека е виновен БРАНКО.Бранко е тој кој со својата препотентност,ароганција,НЕРАБОТЕЊЕ,немање никаква визија за државата- го прокрчми авторитетот на партијата,се разочараа луѓето во него и во СДСМ и ги донесоа овие од ДПМНЕ,нешто заинает,нешто со надеж дека ќе донесат подобрување на состојбите.Што донесоа сите видовме,но гласачите сеуште мислат дека ако се врати БРАНКО се ќе биде исто.За тоа имаат и докази,зашто 2011 година на листите за пратеници ги постави истите со кои претходно изгуби 5 избори |
| до македонка, 12.09.2012 17:03:48 | Што е тоа што е во корист на владата како што пишувате.Па со ова признавате дека целата работа е фингирана за некој да се офајди.Феликкс има добри поддржувачи,зарем не? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Делумно облачно
|
Петок
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 16°C
|
Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|