Хороскоп
Овен
Носите брзи одлуки, лесно се возбудувате и се нервирате. Храбро размислувате за новите потези. Просечноста и мрзливоста не ја сакате, па настојувате да не бидете такви. Избегнувајте кавга со партнерот, посебно ако е Овен или Близнаци. Со Девиците ќе излезете на крај.
Бик
Свесни сте за своите вредности, но не задоволувајте се со постигнатото. Тежнеењето да се оди напред моментално е присутно, а и околностите ви одат од рака. Со Водолиите воспоставувате прекрасен пријателски однос.
Близнаци
Незадоволни сте. Физичките активности можат да ви го поправат расположението и да влијаат на наталожениот стрес. Не очекувајте од околината повеќе отколку што е можно и самите да дадете. Ова се однесува на партнерот. Морате да ја признаете неговата доминација или да си заминете.
Рак
Потребата за успех се чини дека функционира во таа насока. Многу Ракови ги очекува јавно признание. Со Лавовите го делите искуството. Од нив добивате поддршка и материјална помош. Затоа не е пожелно да ги лутите, туку спрема нив да се однесувате со почит.
Лав
Активни сте, добро расположени и успешни. Во се наоѓате задоволство, што ретко ви се случува. Уживајте во овој ден со полни гради. Не размислувајте за глупости, не оптоварувајте се со нагаѓање. Подгответе се за случувањата кои бараат максимален ангажман.
Девица
Полека но сигурно го градите својот свет во кој малкумина имаат пристап. Ако продолжите со ова темпо, ќе бидете осамени, а тоа не е идеално решение. Бидете отворени спрема околината. Размислете за тоа што треба да направите за да ги промените негативните особини.
Терезија
Склоноста кон инфекции е изразена, па се советува да бидете внимателни, избегнувајте места кои можат да бидат легла на зарази, посебно болници, јавни бањи итн. Опаднат ви е имунитетот, а и нервниот систем не е во можност да се носи со многуте животни проблеми.
Скорпија
Доколку повеќе внимание посветите на исхраната и здравјето, ќе можете нормално да функционирате. Избегнувајте лекови, свртете се кон алтернативната медицина. Препарати како алое и природни витамини влијаат на расположението, а со тоа и н�� здравјето.
Стрелец
Променливо расположение, пречувствителност, незадоволство, без видливи причини - тоа е реакција на планетарните влијанија. Бидејќи се' ви оди тешко, обидете се барем денес да ги одложите работите и почекајте поволен момент. Во друштво на пријателите се чувствувате како нови.
Јарец
Ви се нудат поволни можности, кои, за жал, не знаете да ги препознаете. Сте се задлабочиле во животните проблеми кои со својот негативен став уште повеќе сте ги продлабочиле, така што ги пропуштате шансите. Морате да бидете свесни за своите квалитети ако сакате другите да ги забележат.
Водолија
Ќе бидете во ситуација да го дадете максимумот од себе. Бидејќи знаете дека тоа води до решавање на проблемите, запнете. Бидете внимателни, бидејќи во таква состојба можете да предизвикате непријатност. Ве нервира како се однесува партнерот, но и неговите постапки.
Риби
За многу работи создавате погрешна претстава, спуштете се на земја. На проблемите гледате практично. Во брачно-партнерските односи нешто не е како што треба. Вие ќе морате да ги исправате туѓите грешки. Никој не ви е крив, кога во врската сте посилни и поспособни.
|