Рајан Гигс
Осум години спиел со снаата

Фудбалската ѕвезда Рајан Гигс се најде во нова афера - откриено е дека осум години бил во врска со сопругата на братот, Наташа. Со неа се забавувал дури и во времето кога бил во врска со ѕвездата од „Големиот брат“, моделката и водителка Имоџен Томас.
Гигс почнал да ја изневерува сопругата Стејси со Наташа уште пред таа да почне да се забавува со неговиот помлад бра�� Родри. Со Наташа, наводно, го славел и раѓањето на децата - спиел со неа еден ден по раѓањето на својата сега 8-годишна ќерка, како и веднаш по раѓањето на својот сега 4-годишен син. Аферата ја прекинале, наводно, на 9 април оваа година.
За прељубата проговорила и самата Наташа, а на откривање на вистината ја поттикнала аферата на Рајан со Имоџен: „Кога открив дека се сплеткал со Имоџен, тоа навистина ме повреди. Знам дека тоа звучи чудно, но не ја изневеруваше само Стејси, туку и мене. Нашата врска за него беше само секс“ - се „отворила“ Наташа. |