Според полициски извори
Починатото момче, сепак, со траги од насилство

07.06.2011, 13:52
Момчето, пронајдено мртво кај скопскиот плоштад, според судски и полициски извори имало повреди на левата страна на телото. Информациите кои ги има и истражниот судија и МВР велат дека на момчето му бил скршен носот, а имало и траги од удари по слабината и главата. Очевидци тврдеа дека момчет�� го претепал припадник на специјалните полициски сили „Алфи".
Од скопската полиција и денеска со став дека момчето било донесено од четири лица, од местото каде што се одржувал „Баскер Фест“ и дека веднаш била повикана брза помош.
Според МВР, на телото на момчето немало траги на насилство. Идентитетот на момчето на полицијата сеуште не и е познат и тврдат дека телото сеуште се наоѓа во Институтот за судска медицина.
Стотици млади од Скопје синоќа пред полноќ ја блокираа улицата на автобуската позната како Рекорд во знак на протест за смртта на 22 годишното момче пред два дена на скопскиот плоштад. Насобраните седеа на асфалтот еден час и оттаму испратија порака до надлежните да се открие вистината за смртта на момчето и да го откријат и санкционираат вработениот што, според нив, го претепал до смрт. Беше отворена и петиција со која младите, кои преку социјалните мрежи се собраа во центарот на Скопје, побараа да се расчисти убиството и да престане полициската бруталност врз младите. Според најавите, протестите ќе продолжат и денеска.
|