Број 3599  вторник, 07 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Расмусен

НАТО никогаш нема да ја нападне Русија

07.06.2011, 13:36

НАТО никогаш нема да ја нападне Русија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен, изразувајќи желба 21. век за разлика од минатиот да биде век на соработка меѓу НАТО и Русија.

- Можам да ви дадам уверување и јас јавно за тоа повеќе пати говорев дека НАТО никогаш нема да ја нападне Русија и ув��рени сме дека Русија гледа на Алијансата во исто светло, истакна Расмусен пред состанокот на Советот Русија - НАТО на ниво на министри за одбрана во Брисел.

Нагласувајќи оти е потребно уште поголемо взаемно разбирање, но и дека последиците од Студената војна се уште останале во сеќавањето на некои луѓе, генералниот секретар на НАТО изјави дека се потребни повеќе политички дискусии и размена на мислења.

- Кога станува збор за воени доктрини секако дека би сакал повеќе во нив да нема одредби кои ги опишуваат партнерите како закана, дури и потенцијална, рече Расмусен.

Осврнувајќи се на острото противење на Русија на ширењето на НАТО кон истокот, расмусен нагласи дека зачленувањето на нови држави во Алијансата не само што ја проширува и зајакнува, туку позитивно влијае и врз евроатлантската безбедност, вклучувајќи ја и безбедноста на Руската Федерација.

Според него зачленувањето на нови земји ја зголемува зоната на стабилност и предвидливост, бидејќи секој потенцијален член мора прво да го обезбеди потребното ниво на политички стандарди, меѓу кои се и добрите односи со соседите



#
Статијата е прочитана 823 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Елена Ристеска со најдобра песна од Македонија
Со парите од продажбата на ЕЛЕМ ќе се крпи долгот?
Славата, митот и крвта на ВМРО (8)
Осум години спиел со снаата
Големите ги „прегазија“ малите на изборите
Прванов
Две Македонии
Гем, сет и меч за Груевски
Борец против сиромаштија, а не плаќа данок
Арената не игра фудбал
СДСМ се остри за уште пожестока битка
Изборите завршија, што ќе биде понатаму
Мистериозна смрт на момче за време на изборната прослава
Специјалец осомничен за убиството на момчето
Се сушат палмите крај Вардар
Починатото момче, сепак, со траги од насилство
Карикатура
Лучиќ
Изборите мирни, фер и професионално спроведени
Онлајн вести

"""