Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Бомбаш - самоубиец уби 10 лица во Пакистан

ПЕШАВАР - Бомбаш-самоубиец со автомобил-бомба вчера уби десет лица на контролниот пункт во северозападен Пакистан, додека армијата се бори со талибанските милитанти во долината Сват. Офанзивата во Сват, на 130 километри северозападно од Исламабад, се гледа како тест за одлучноста на власта да го уништи се' поинтензивното талибанско востание и доаѓа во време откако САД ги обвинија за „откажување“ од милитантите. Борбите поттикнаа егзодус на цивили од поранешната туристичка долина, зголемувајќи ги стравувањата за хуманитарна криза.

Околу 200.000 лица ги напуштија своите домови последниве денови и се очекува бројката ќе се искачи на околу 500.000 лица. Тие им се придружија на 555.000 раселени претходно од Сват и другите области, поради борбите кои се водат од август минатата година. Бомбашот уби двајца војници на паравоените единици и осуммина цивили кога го активираше експлозивот во редот на автомобили кај контролниот пункт во предградието на најголемиот северозападен град Пешавар, изјави Фазал Наим, портпарол на полицијата. „Цел беше контролниот пункт, меѓутоа, тој не успеал да дојде до војниците поради огромната редица“, изјави Наим.

Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата, меѓутоа, последниве две години милитантите спроведоа серија бомбашки напади кои, главно, имаа цел ставање крај на операциите на безбедносните сили против нив. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 64 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Парламентот на Исланд да се изјасни за членство во ЕУ
Иранската новинарка наскоро ќе биде ослободена
Папата во Израел потсети на холокаустот
Во Шпанија 93 лица заразени од свински грип
Најподмитливи во Русија се учителите, лекарите и полицајците
Авганистан бара да сопрат воздушните напади
Новиот руски ракетен систем „С-400“ веќе ја чува Москва
Саакашвили негира дека ја обвинувал Русија
Иран бара акција од Ирак против курдските бунтовници