Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Најподмитливи во Русија се учителите, лекарите и полицајците

Годишниот извештај за корупција во Русија се смета за нереален, бидејќи се изоставени влијателни чиновници

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Според годишниот извештај за корупција во Русија, најмногу мито земаат учителите, лекарите и полицајците. И пред 13 мај кога главниот државен обвинител Јуриј Чајка треба да го поднесе извештајот пред рускиот Сенат (Советот на Федерацијата), многумина јавно поставија прашање: зошто се ловат, главно, ситните риби, а оние најголемите корупционери, влијателните чиновници со години остануваат неказнети?

„Од година на година бројот на корупција постојано расте. Минатата година се забележани 12.500 случаи на земање мито“, тврди Јуриј Чајка. Јасно е дека статистиката не ја дава вистинската слика за корупцијата во Русија. Само како пример, во Санкт Петербург се забележани само 161 случај на корупцијата, а во Тамбовската област 298.

Во многу области што се однесува до статистиката корупцијата драстично е намалена. Така, во Чеченија, кога станува збор за корупцијата, според статистиката, сега ситуацијата е подобра за дури 90 отсто во однос на претходно. Меѓутоа, во тие бројки малкумина веруваат.

Тоа што статистичките извештаи покажуваат дека професорите на факултетите, лекарите и полицајците се најчесто фаќани кога земаат мито не значи дека чиновниците се почесни од нив. Тие само повешто го прават тоа, па потешко може да ги уапсат. Лани полицијата уапси само 189 чиновници на федерално, регионално и на градско ниво додека земале мито. И тоа, главно, беа поситни риби, бидејќи 80 отсто од казнетите чиновници зеле мито помало од 30.000 рубли, значи 1.000 долари.

Минатата година се осудени и околу 3.500 луѓе, главно, возачи кои сакале да дадат мито на сообраќајни милиционери што ги сопреле за некаков прекршок. „Извештајот за корупцијата покажува дека во Русија засега, всушност, ’се имитира’ борбата против тоа големо зло. За жал, вистинските корупционери ретко се изведуваат пред суд“, вели Кирил Кабанов, претседател на Националниот антикорупциски комитет.

Веднаш по доаѓањето на власт, претс��дателот Дмитриј Медведев како една од приоритетните задачи ја постави борбата против корупцијата. Донесени се „пакет-закони“, а ќе има и нови. Меѓутоа, влијателните чиновници и понатаму ставаат многу пари во свој џеб. Доволно е да се направи анализа колку вили и станови имаат влијателните чиновници во елитни места, како и скапи автомобили, па може да се види кој зема мито. Никој во Русија од својата плата не може да заштеди толку пари за да си изгради или купи вила која чини неколку милиони долари.

Сергеј Степашин, претседател на Сшчотна палата на Русија, најголемиот контролен орган, вели дека не се согласува оти главни корупционери се просветните работници и лекарите, бидејќи сите добро знаат дека тоа се чиновниците. „Се' додека не се создаде таков систем во кој нема да има причина да се подмитуваат чиновниците, ќе имаме проблем со корупцијата“, објаснува Сергеј Степашин. Тој додава дека би требало да се прашаат чиновниците од кои пари купиле јахта или скапа куќа и како со својата плата го финансираат образованието на децата во Лондон.


Статијата е прочитана 191 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Парламентот на Исланд да се изјасни за членство во ЕУ
Иранската новинарка наскоро ќе биде ослободена
Папата во Израел потсети на холокаустот
Во Шпанија 93 лица заразени од свински грип
Авганистан бара да сопрат воздушните напади
Новиот руски ракетен систем „С-400“ веќе ја чува Москва
Саакашвили негира дека ја обвинувал Русија
Иран бара акција од Ирак против курдските бунтовници
Бомбаш-самоубиец уби 10 лица во Пакистан