Иран бара акција од Ирак против курдските бунтовници
ТЕХЕРАН - Иран вчера побара од соседен Ирак „да им посвети специјално внимание“ на вооружените групи, кои оперираат во пограничните области, една седмица откако Багдад го осуди иранското гранатирање на села во северниот курдистански регион на Ирак. Минатата седмица Ирак соопшти дека го повикал иранскиот амбасадор во Багдад и предупредил на „негативни последици“ доколку продолжат нападите.
Иран, чии сили често се судираат со верниците во областите населени со Курди во близина на границата со Ирак, ниту ги потврди ниту ги негираше информациите дека неговите сили гранатирале цели на ирачка територија. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Хасан Кашкави, изјави на прес-конференција дека Иран го почитува и го поддржува територијалниот интегритет на Ирак. Иран „очекува дека ирачките официјални лица ќе посветат специјално внимание на движењата на малите групи, кои официјално се познати како терористички групи дури и кај западните влади“, рече тој. Портпаролот укажа на Партијата за слободен живот на Курдистан (ПЈАК), огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која почна вооружени дејства во 1984 година за етничка татковина во југоисточна Турција.
И ПЈАК и ПКК се при��утни во Ирак, во далечната планинска област блиску до границите со Турција и со Иран. Како и соседните Ирак и Турција, и Иран има големо курдско малцинство кое, главно, живее во северозападниот и во западниот дел на земјата. Иран смета дека ПЈАК, која бара автономија за курдските области во Иран, е терористичка ��рупа. Најголемиот непријател на Иран, САД, исто така, ја прогласија ПЈАК за терористичка организација во февруари. (Ројтерс) |