Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Саакашвили негира дека ја обвинувал Русија

МОСКВА - Претседателот на Грузија, Михаил Саакашвили, вчера изјави дека никогаш не зборувал дека има докази за учество на руските тајни служби во неодамнешниот обид за воен преврат во базата Мухровани оддалечена 30 километри од главниот град Тбилиси. Сега не е јасно дали Саакашвили доброволно „се врати во рикверц“ или му дале сигнал менторите од странство. Неоспорно е дека Саакашвили и министерот за полиција на Грузија тврдеа дека во обидот за преврат „вмешале раце руските тајни служби“. Покрај тоа, Саакашвили го повика раководството на Русија да се воздржи од провокација.

По тие настани, во САД, но и во другите западни земји истакнаа дека немаат информации оти Русија учествувала во соборувањето на Михаил Саакашвили од вла��та. На обвиненијата од Саакашвили, во Москва кратко одговорија дека тој би требало да посети лекар.

„Никогаш не сум зборувал дека имаме точни информации за учество на руските тајни служби во организирањето на бунтот во воената база Мухровани. Се колнам дека никогаш не сум упатил погрдни и навредливи зборови за Путин - да го наречам Лилипутанец. Тоа се нечии сплетки. Се колнам дека никогаш не сум рекол ништо навредливо за Путин“, рече Михаил Саакашвили во интервјуто за руското издание на „Њусвик“. (Б.В.)


Статијата е прочитана 250 пати.

Испрати коментар

Од: Pajo
Датум: 12.05.2009 08:53:36
Podlec, necesen spletkar, sluga i marioneta, toa e nazalost gruziskiot pretsedatel.Uste ednas treba da pocne da ja zvaka vratovrskata, belkim togas ce se oslobodi gruziskiot narod od naludnicaviot sakasvili.Mozebi e seuste rano mentorite da mu dadat signal da odi vo pravot na istorijata.

Најди! во Утрински
Свет
Парламентот на Исланд да се изјасни за членство во ЕУ
Иранската новинарка наскоро ќе биде ослободена
Папата во Израел потсети на холокаустот
Во Шпанија 93 лица заразени од свински грип
Најподмитливи во Русија се учителите, лекарите и полицајците
Авганистан бара да сопрат воздушните напади
Новиот руски ракетен систем „С-400“ веќе ја чува Москва
Иран бара акција од Ирак против курдските бунтовници
Бомбаш-самоубиец уби 10 лица во Пакистан