Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
3661

Или сменете ме, или следете ме!

На седницата на Централниот одбор на СДСМ, Црвенковски не понуди оставка, ниту, пак, некој му ја побарал, а довербата ќе ја стави на испит на конгресот на 3 јули

Билјана Јовановска

Црвенковски, им соопштил јасно на членовите на Централниот одбор, кои воедно се и делегати, дека ќе имаат можност да гласаат за негова доверба и за доверба на целото раководство на Конгресот. Притоа, им се обратил со зборовите: „Или сменете ме или следете ме“! Според наши сознанија, членовите на Централниот одбор на нозе и со громогласен аплауз ја дочекале објавата на Црвенковски дека нема намера да го напушти кормилото на СДСМ, вклучително и оние што не негуваат кон него којзнае какви симпатии.

На „Бихаќска“, во седиштето на СДСМ, владее чудно спокојство. Всушност, и не се очекуваше Централниот одбор (ЦО) на партијата да ја размрда партијата и да отвори подлабинска расправа за изборните резултати, бидејќи допрва ќе се прават анализите.

Неофицијално, лидерот Бранко Црвенковски, на прексиноќешната седница на ЦО, изнесе некои свои лични дилеми околу својот натамошен ангажман, меѓутоа, рече дека нема да се повлекува. За такво нешто, практично, и не се дебатираше. За таков потрес СДСМ сега ниту е подготвен ниту е таква внатрепартиската клима. Прашањето за одговорноста на партискиот шеф не го отвори ниту еден од членовите на највисокото партиско тело. Конечниот збор ќе го имаат учесниците на Конгресот на СДСМ, кој ќе се одржи веќе на 3 јули.

Од партиски извори дознаваме дека во своето обраќање Црвенковски им порачал на сопартијците оти нема намера да поднесе оставка, бидејќи неговата цел се' уште не е завршена докрај. А таа е општопозната за членството на СДСМ: Груевски и ДПМНЕ мора да се поразат. Дискутирале двајца-тројца членови и шефот на Изборниот штаб, Андреј Петров, кој низ бројки ги презентирал изборните резултати од 5 јуни.

Колку и да го посакува премиерот Груевски заминувањето на Црвенковски од политичката сцена или, како што вели, „пензионирањето на истрошениот транзициски политичар“, такво нешто, најверојатно, нема да се случи. Во СДСМ велат дека под лидерство на Црвенковски постигнале резултат кој многумина пријатно ги изненади, иако не бил доволен за да ја порази владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Де факто, и оние што имаат можеби лични амбиции да го заменат Црвенковски, се свесни дека во голема мера токму тој ја има заслугата за добиените 370.000 гласа, што е за околу 65 отсто повеќе отколку на изборите во 2008 година, а далеку е над освоените 218.000 гласови во изборната 2006 година, велат внатрепартиски избори.

Социјалдемократите тврдат дека партискиот шеф успеал да ја консолидира партијата, на секаков план, па дури, наводно, и на финансиски, бидејќи се вратени долговите од минатото. Наспроти позитивната клима во партијата од политичките ривали на СДСМ, вчера излегоа брифинзи дека, наводно, потпретседателите Зоран Јовановски и Ана Павловска-Данева сакале да поднесат оставки. Но, наши извори велат дека за такво нешто не станало збор ниту на едно тело во партијата и оттаму во СДСМ ги оценуваат како „злонамерни шпекулации од кујната на ДПМНЕ“.

И пред прексиноќешната седница владините медиуми ја пласираа информацијата дека Црвенковски ја поднел оставката на ЦО, меѓутоа и на оние што имаа со Црвенковски периоди на некомуницирање и разидување за прашањето како треба да се води партијата сега не говорат за негова одговорност. Според расположението што владее во СДСМ, можноста Бранко Црвенковски да не ја добие довербата на конгресот е повеќе хипотетичка отколку реална. Оцена е дека барем засега Црвенковски е тој што може да и' донесе на партијата ваков резултат и да се справи со својот ривал Груевски.

Внатрепартиската математика е чиста - доколку следните избори се случат за една, две или четири години, прашање е кој лидер на СДСМ би успеал да му гарантира 370.000 гласа. Или, што би било, ако се случи смена во партискиот врв, а некој иден шеф сегашниот изборен резултат го спушти на 250.000 гласа?

Кога сето ова се има предвид, неспорно е дека во наредниот период нема да се случат потреси што би го тргнале Црвенковски од лидерското место. Точно е дека СДСМ ги изгуби изборите, ама, исто така, се точни и информациите за паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од најблиското опкружување на Никола Груевски стасуваат тврдења дека премиерот не сакал дури ни да се качи и да се обрати од бината по соопштувањето на резултатите и постојано ја повторувал реченицата: „Зар за Бранко гласале 370.000 луѓе?“ Разочарувањето било огромно, бидејќи целата изборна стратегија Груевски ја темелеше на тоа како на истрошениот транзициски политичар да му кажат збогум.

Сепак, ова не им остава простор ниту на Црвенковски ниту на СДСМ да живее на лаврите на изборниот резултат, туку мора да работат, да осмислуваат стратегии со без малку исто темпо како и во изборната кампања. Објективно, лидерот ќе го чувствува хендикепот што лично тој нема да биде во парламентот, ама ако се има предвид дека Црвенковски е „опасен лисец“ со големо искуство и потврдена тактика, нема причини за сомневање во она што го порача ноќта меѓу 5 и 6 јуни: „СДСМ ќе биде посилен отколку досега. Вистинската битка почнува допрва“. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 8411 пати.

Испрати коментар

Од: Мики ЕКлер
Датум: 18.06.2011 00:22:37
Од тие 150 000 гласови што ги доби СДСМ, 120 000 беа не затоа што го сакаа Бранко, туку затоа што Грујо и фамилијата не можеа повее да ги смислат. Ама, ВМРО доби исто толку гласови од неопределени што не можеа да го смислат Бранко! Во ред е, СДСМ во моментов нема човек со харизма како Бранко што може да собере и мотивира толкаво гласачко тело. Но што се случува на сцената0Бране си ги постави за пратеници пак истите арогантни негови подлижурковци од типот на Шеми, Јани, Ради, Минчеви, Емилијани, ..ама што сега станува со оние кутри луѓе што 9 години се тероризирани и угнетени од ВМРО, тие лепат плакати, жртвуваат све и живот и фамилии само за да дојде ден кога АСДСМ би дошол на власт и тие би имале некои бенифиции од тоа. Е сега и тој ден не дојде, СДСМ ќе биде пак опозиција, Јани и компанија пак ќе живеат на наш грб, а вие пријатели од типот на Џемо, мемо и останати..вам ви останува и понатаму да го следите Бране. Во 2006та имавте 20 год, додека дојде СДСМ на власт ќе имате 40,а Бране
Од: Nikola
Датум: 18.06.2011 00:58:39
Postojano se komentiraat 370.000 glasovi ... kako opravduvanje ... nikade ne mozeme da procitame deka izleznosta e mnogu pogolema, pa normalno e deka proporcionalno na toa e porasnat i brojot na glasovite ... A neli toj ne se kandidirase? Drugi bea kandidatite ... od kade sega negova zasluga? Zamena na tezi, samo za da ostane.
Од: Зоран
Датум: 18.06.2011 01:14:48
И понатаму со Бранко. Тешко нам.
Од: Ilija
Датум: 18.06.2011 01:15:47
Do koga so Branko narode??? Branko ako i mislish dobro na partijata i drzavata pomiri se so porazot i zamini vo penzija!
Од: Vodno
Датум: 18.06.2011 01:39:53
Namerata na DPMNE da so pomos na Latas I Mirka preku mizerna propaganda go ocrnat Branko I dovedat do negovo napustanje na kormiloto na SDSM, nema da uspee. Uspesite na Branko kako drzavnik se daleku pogolemi od onie –propagandnite na Grujo, I ako se zeme pred vid ulogata na Grujo kako najgolem tranziciski politicar, vremeto na Branko doagja a brodot na DPMNE tone.,napred Branko imas podrska od gradovite no naskoro I selskoto naselenie ke se osvesti.
Од: bitolaman
Датум: 18.06.2011 02:26:43
do zoran i ilija i uste mnogumina sto ke se javat kako dushegriznici(ili papagali)koi se meshaat vo kujnata na sdsm........ djabe vi e sekoj vash komentar...jasno i glasno treba da se znae deka lider na sdsm mozat da si izberat samo clenovite na sdsm. i tie si izbraa....i8 neka im e so sreka..... inace posle ovie izbori grujo ke se soochi so prazna kasa,ahmeti kako koalicionen partner koj veke ima uslovena mok,reshavanje na sporot so imeto....i toa garantira eden brz pad na rejtingot.bidete sigurni deka za 3-4 meseci dpmne ke dozivee kolaps.
Од: KOLE
Датум: 18.06.2011 02:42:33
Не гласале толку за Бранко, колку против спомениците, казните и сите оние работи кои Бранко и компанија својски се потрудија да ги исплукаат. За жал, толкава е самодовербата на македонците, еден плукач и веднаш ќе се предомислат во тоа кои се , што се и каде сакаат да стасаат. Затоа што ВЛАДАТА не им обезбедила таму да се “веќе утре“. Ретко кој ќе засука ракави и сам да направи или да допринесе нешто. Инаку, дека има корупција кај политичките партии, има, ама има кај сите, и тоа ниту една не може да го користи (со чист образ) во кампања.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 18.06.2011 02:57:52
Neopredelenite dodeluvaat pobedi. Tie za Branko ne glasaat, nitu sga , nitu na slednite izbori.Rada e najevropskata politicarka i toa e patot do pobedata.
Од: caki avstralija
Датум: 18.06.2011 03:03:36
bravo i napred Brane
Од: Goran
Датум: 18.06.2011 03:31:08
Грујо ќе работи како луд, и не 1200 туку ќе исполни 2400 проекти за да остане на власт. Го слушам вчера на роденденот на ВМРО. Најавува ќе зголемува пензии, плати, ќе намалува даноци, ќе намалува невработеност. ОСТАНИ БРАНКО! СТРАВОТ НА ГРУЈО ОД ТЕБЕ Е ЗА ДОБРО НА НАРОДОТ. Ама Бранко пак ќе загуби на било кои следни избори. Кога ќе загуби на парламентарните избори после 3 години во Скопје 2014, (така им тргна на ВМРО, само предвремени да прават кога имаат најголем рејтинг), е дури тогаш Бранко ќе поднесе оставка. А СДСМ ќе седи во опозиција до 2017.
Од: milko
Датум: 18.06.2011 03:32:44
tekstot mi izgleda kako naracan i platen od brane. tie sto go podrzuvaat imaat zagarantiran pratenicki mandat za cel zivot , a stoe so nas koga nie ke dojdime na red.glasav za niv no vo idnina nema. ako vmro-dpmne ne napravese ogromna rekonstukcija ke bese vecna opozicija. istoto trba da go stori i sdsm a ne da se drzi kako slep za stap kako nie po bc. se svestivne i nema da mu sluzime nikomu poveke zosto i nie cekame red.
Од: Slobodan
Дат��м: 18.06.2011 04:10:56
Како во оној прекрасен расказ за слепиот водач, во расказот ,,Водач,, на Радоје Домановиќ
Од: Kinez do Vodno
Датум: 18.06.2011 05:17:37
"членовите на Централниот одбор на нозе и со громогласен аплауз ја дочекале објавата на Црвенковски дека нема намера да го напушти кормилото на СДСМ, вклучително и оние што не негуваат кон него којзнае какви симпатии" Ova ko u vremeto na Mao u Kina ili sea u Severna Koreja. A da ne bea Mirka i Latas maskirani ko Branko koga gi davase izjavite deka ke se povlecel hehehehe
Од: zrak
Датум: 18.06.2011 05:30:21
kolnat e od stedacite na TAT i dr...duri ne prifati deka toa e negova vina i toj ke go resi[bideki se sluci vo negovo vreme] ke GUBI IZBORI
Од: Crn pojas
Датум: 18.06.2011 06:27:34
Do sdsm-ovcite,poglednete levo,desno,gore,dolu i togas ke razberete zosto brankovic taka raboti,narodot glasase za Rada a ne za branko i sega ostanaja izlazeni poftorno.Celta na branko mu e da neodi vo penzia se dodeka VMRO e na vlast,oti i toj ke zavrse kaj negoviot priatel ramkovski,vreme e da se razbudite ednas za sekogas za narodot konecno i na vas da vi donese pobeda.
Од: Tina
Датум: 18.06.2011 07:09:12
Почитувана Партијо, овие избори со сигурност ќе ги добиевте.Колку сте во заблуда, па останавте опозиција токму заради Бранко и Шеќеринска.ВМРО-ДПМНЕ треба многу да им биде благодарен за новиот мандат, тие се заслужни за тоа.Нека стоеше името на Зоран Заев ситуацијата ќе беше многу поинаква. Имавте поголем број на гласови, ДА, ама тие гласови не беа поради Бранко туку поради незадовоството од власта.
Од: Igor
Датум: 18.06.2011 08:08:07
edinstven drzavnicki poteg na B.C. na koj se sekavam e Parkot na tolerancijata kaj Voena bolnica. Sostojbata na taa djungla denes zboruva mnogu za ovaa licnost. Ako SDSM iscistete se od arogantni faci, izlezete so nekakva programa podobra od deckive na vlast, pocituvajte go narodot i ne plukajte vrz istorijata i mozebi ke ve glasame!
Од: logicno
Датум: 18.06.2011 08:09:24
Branko e nezamenliv vo SDSM, Grujo vo DPMNE a mekedonija propaga. Tokmu tie dvajca se najgolemite tranzicioni politicari i najzasluzni za losite sostojbi vo Makedonija. Branko bese tri pati premier so vkupno 8 godini mandat i plus 2 godini negovite sopartijci Bucko i Hari. Gruevski koj se pravi naiven bese 5 godini premier i 4 godini minister znaci vkupno 9 godini, plus sega ima mandat za uste 4 znaci 13 godini izvrsna vlas. I koj e tuka sega prviot tranziconer vo makedonija znaci GRUEVSKi , pa potoa Crvenkovski. Da se narekuva nekoj drug tranzicionen i istrosen politicar a da toj nes e vika Gruevski ili Crvenkovski e seewe demagogija. Gruevski e najgolemiot tranzicionen politicar zatoa sto vo negovite mandati seuste ne e zavrsena tranzicijata a za toa imase bezbroj priliki, Ocigledno toj uziva da vladee vo izolirana drzava so izolirani i ograniceni vo slobodata gragani
Од: GORDANA
Датум: 18.06.2011 08:47:53
Branko ostanuva, taka i treba, megutoa ovie sto posakuvaa da si zamine zosto ne gi predlozija na negovo mesto, latas, milenko , mirka ili pak bureko, pa koga Branko ke ja videse konkurencijata, normalno deka ke si zaminese. Samo napred BRANKO
Од: jane.s
Датум: 18.06.2011 08:57:39
trgni se be covece za da im trgni na sdsm,inace vaka ke tapkaat vo mesto non stop,toa e vistinata nema druga
Од: pola BT pola VE
Датум: 18.06.2011 09:03:30
За сите коментатори има една поговорка - Позади добар коњ прашина се крева.Излезе дека *комшиите* повеќе се загрижени што се случува во нашата куќа отколку во нивната.Зад Бранко и СДСМ застанаа 370000 луѓе бројка достојна за почит и обврска за понатамошно нивно делување.Но штом толку *запнале* да си оди Бранко тоа за мене е знак дека на некои луѓе воопшто не им е комотно - напротив.Ние сите си ја сакаме државата но тоа што размислуваме *поинаку * од другите не значи дека не сме ПАТРИОТИ
Од: Blagoja
Датум: 18.06.2011 09:37:47
Za da ne pisuvam nov komentar samo ke napravam copy paste na komentarot objaven vo Dnevnik: Bucko, kazi ubavo site da razbereme. Branko dozivea poraz na ovie izbori i toa cist kako solza, e sega prasanje e zasto go dozivea porazot: - Zato sto Stevce e nositel na TROJKA. Sto majka bara tamu? Koj odlucil za toa? Branko. E pa Branko e kriv. - Zato sto Jani e nositel na PETKA. Sto majka bara tamu? Koj odlucil za toa? Branko. E pa Branko e kriv. - Zato sto Ana e nositel na DVOJKA. Sto majka bara tamu? Koj odlucil za toa? Branko. E pa Branko e kriv. - Zato sto Andrej e vtor vo CETVORKATA. Sto majka bara tamu? Koj odlucil za toa? Branko. E pa Branko e kriv. - Zato sto Emilijan e cetvri vo TROJKATA. Sto majka bara tamu? Koj odlucil za toa? Branko. E pa Branko e kriv. - Zatoa sto so TITO i NATASA ne se pravi presvrt.Koj odlucil za toa? Branko. E pa Branko e kriv. - Zatoa sto vo PETKA Mende Dinevski kako najgolem ''trkac'' i klucen igrac vo PETKA Vi e sedmi a Erdogan Sarac cetvrti. Koj
Од: Podnesi si ostavka sam.
Датум: 18.06.2011 09:55:40
Ne treba da te smenat. Po site pravila na politikata, demkratijata i izbornata logika, treba sam da si podneses ostavka.Baranjeto za predvremeni izbori bese so cel promena na vlasta , a ne cesen poraz. Verojatno procenkite za predvremeni izbori se pogrsni i praveni so euforicni analizi.A nekoj treba za toa da snosi odgovornost. Da posle site onie nalunicavi zabeguvnja na vlasta ne se iskoristat i da ne se dobijat izbiorite e navistina prav amaterizam.Potrebni se dlaboki" oranja" vo SDSM i koreniti kadrovski, organzacioni pa i programski promeni.A tie promeniu treba da pocnat iod liderot i najbliskotio opkruzuvanje. I da ne bides vo zabuna, Jas glasav za vas, no vistinata si e vistina. i od nea ne smee da se bega. So ovaj tim i vakva postavenost ne se pobeduva. Ako pak vi e cel da cmaete vo opozicija ,togas toa e druga rabota. no toa e golema steta za Makedonija.
Од: jimmy1
Датум: 18.06.2011 10:08:30
Izgleda deka portokalovive ovci ne se narat i vo spienjeto, Branko go sonuvaat i na son. Za VMRO-ovcive e sve vo red samo VMRO da e na vlast pa makar da donesuvaat pogresni odluki i rabotat protiv drzavata. Toa e pogresno, toa mozi da go pravi samo prosta raja. Bilo koja partija da e na vlast, treba da se kritikuva dokolku raboti pogresno i protiv drzavata, pa i vasata partija da e na vlast treba da e kritikuvate za nepravilnoto rabotenje. Se dodeka toa ne se pravi Makedonija nema da ima napredok a narodot ke zivee vo uste polos zivoten standard. Ne e dovolno da bides partiski patriot, tuku da bides patriot za Makedonija a ne na partija. Takvi se zaspanite VMRO-ovci.
Од: apologet
Датум: 18.06.2011 10:20:43
najgolema greska ke bese da se prifatat zelbite na neumornite vo tresenjeto gluposti do patologija od (mora da e na prvo mesto)gruevski pa se do analiticarot bozinovski, preku latas,, mirka , tomic.latas e "posebna prica".koga komentira na sitel se povikuva na izvori od vecer, a koga e vo vecer se razbira od izvori bliski na sitel.Ovie izbori bea golema sansa koja narodot ja ispusti za mentalno provetruvanje.sega se vide deka narodot saka da se pothranuva soomraza i zloba i saka da ja cuvstvuva grutkata "pod lazickata".tesko mi e da recam ama narodot nema drzavotvoren gen, samo primitivna destrukcija.
Од: Lence Racinova
Датум: 18.06.2011 10:21:12
Se raduvam deka e Branko aktiven.So nego e spokojstvo da se zivee.Neka se plashat onie shto ne vredat ni 5 pari.Stravot e samo odraz na sopstvenata nemok i nesigurnost.Chestitki za Branko,napred....onie koi se so tebe,te podrzuvaat,a onie koi ne se,i podobro shto ne se so tebe,zoshto se gnidi i olosh.Chestitki za LIDEROT.
Од: 3G
Датум: 18.06.2011 11:11:07
Znaci toa ti vika, jas nemam moral, nitu politicka, nitu demokratska svest i odgovornost, jas sum despot koj nema nivo da se bori za idei tuku prostacki se bori so i za sueta pa ili sledete me ili smenete me, bidejki jas sum despot i ne odgovaram pred demokratski pravila i institucii ili narod. A tie site se Branko i gi boli opinokot za demokratijata i narodot.Inaku sdsm osvoi 3% poveke od neopredelenite no toa ja namali razlikata vo rejtingot samo do okolu 6%. Posle katastrofata od 2008 koga slavea namaluvanje od 3:0 na 3:1, ovoj rezultat od 4:3 im izgleda brilijanten poraz. A KEEEE VE POOOBEDIME ama drug pat. Kampanjata na sdsm bese ocrnuvacka, fokusirana na zestoki udari vo opredeleni tocki. DPMNE bese samouverena i pozitivna i propusti duri i da spomne kolku kilogrami tutun ili grozje cini edna stranica brankova NADEZ od drzavni pari protiv narodna vlast? Zatoa porazitelniot broj od 370 000 glasaci za despotot Branko.
Од: До Водно, Битоламан и останатите од четата
Датум: 18.06.2011 11:21:05
До кога бе вака, до каде? Кога ќе се свестите дека не се работи за партии туку за држава. Партиите не се ничија сопственост, а моменталните членови и раководство носат само тековни одлуки. Ова општество мора да се реформира и демократизира и тој процес мора да започне од политичките партии. Љубчо си отиде, Бранко мора да си отиде, а после него на ред е Грујо.
Од: rubin
Датум: 18.06.2011 12:01:52
Branko e eden i edinstven.Napred Branko narodot e so tebe
Од: Profesor kanbera
Датум: 18.06.2011 12:10:53
Sostojbata so Makdonskata opstojbina e raznisana posebno posle ovie Vonredni perlamentarni izbori Vmro Dpmne e oslabi mokta i vo zakonodavniot dom i vo izvrsnata vlast. Se sozdadoja trajni posledici. Gruevski povikuvase da ne se davaat glasovi na pomalite partii zasto bilo kako da se dale na SDSM no na krajot ispadna sekoj daden glas na SDSM e daden glas na Ali Ahmeti .SDSM sega ke gleda seir napravi kasa popara ako eden den dojde na vlas ke vladee vo turbolencii poradi drugi otstapki . A gragjanite i ovaj pat mu go svrteja grbot na opozicijata zatoa sto smetaat deka SDSM ke mu go smeni imeto na Tatkovinata deka na SDSM ne mu znaci nisto identitetot, nemu znaci istorijata, SDSm ne mozat da e zasakaat makedonija zasto imeto e Anticko evo ovaj e mojot realen pogled na nastanive
Од: Ane
Датум: 18.06.2011 12:14:32
Za inaet na Gruevski BC ne treba da si zamine. Inaetot go gledam kako edinstvenata pricina. Toa bi bila kratkorocno reshenie. Dolgorocno, toa shto partijata treba da go ponudi e nov lider, koj za zal vo SDSM vekje go nema. Branko gi potroshi namerno i Rada i Zaev. Si go rascisti patot za vecno da go ima. Ama, kako shto rekov, toa ne e najdobroto dolgorocno reshenie, oti mozebi BC osvoi povekje glasa na ovie izbori vo sporedba so 2008, ama VMRO vo 2011 pobedi na temata BC.
Од: meto
Датум: 18.06.2011 12:25:01
hahah bravo Brane, samo ti da si na celo na SDSM za da bidite vecna opozicija.. na VMRO mu treba takov vodac od sprotivnata strana za da bidi na vlast.. hahah samo ne znam kako uste ti veruvaat tvojte.. duri ni toa sto veti deka ke si dades ostavka ako VMRO pobedi, ni toa ne go ispolnuvas..kako i se sto si vetil poslednive 20 god
Од: Boshko
Датум: 18.06.2011 12:59:26
Kurtulvachka nema od Branko,Toj vechno ke bide so SDSM i so narodot,i da se povleche od javnosta i drug da e lider na SDSM pak ke bide vo dosluh so Branko,jas ne go mrazam ni Nego niti negovite idei i stremezi.
Од: zoki
Датум: 18.06.2011 13:37:25
Najdobar nacin da go zatskries porazot, da go obvinis protivnikot. Na ovie izbori Gjujo izgubi 10 pratenika a Branko dobi + 24. VMRO-DPMNE odgovornost i ostavka treba da pobaraat od Gjujo.Vmrovcite malku neka se zavrtat kon svojot sef i sami neka mu postavat (ako smeat) nezgodni( nenaracani) prasanja.
Од: Caki
Датум: 18.06.2011 14:02:10
Bi se soglasil 100% so se shto veli sdsm dokolku vo 1i.e. na mestoto na Shekerinskana beshe BC.Inaku ne sum chlen na niedna partija a simpatizer sum na politikata na NG.Aman samo da ne se pochne so plukanje i podmetnuvanje kako pred izborite!
Од: Od Strana
Датум: 18.06.2011 14:44:45
Branko e edinstveniot sposoben lider na makedondkata politicka scena. Bez nego SDSM ke dobiese dvajca bez trojca..Zatoa Grujo/ VMRO ne go saka ovoj rezultat. P.S. Zakonot za glasanje od dijasporata treba da se ukine. Jas ne bi trebalo da imam pravo da odlucuvam za Makedonia ako ne sum tamu. Pozdrav od USA
Од: od evropa
Датум: 18.06.2011 14:51:02
Partijata treba da se osvezi so novi lica vo samiot vrv.B.C. ne e zasluzen za drasticniot napredok na partijata na izminative izbori,tuku e narodot,koj nemajci druga alternativa im go doveri svojot glas vo znak na revolt kon vladeackoto NOVOednoumie!!!! Novite "revolucioneri" od vladeackoto NOVOednoumie se nekogasnite ucenici i uciteli na B.C.(SDSM)!!!!!!!!!
Од: Pero- Nеготино
Датум: 18.06.2011 15:35:40
Бранко за време на кампањата јасно рече дека ако ги изгуби изборите ќе се тргне од политиката.Што е проблемот сега! Наравоучение:Бидејќи не си го одржа зборот сите со дрва и камења по него надвор од партијата.ТОЧКА.Нов почеток никакво друго решение нема.
Од: bojan
Датум: 18.06.2011 16:15:26
dobar e brane neka si stoi duri saka ne go pritiskajte sto go brkate sosila covekot dajtemu uste edna sanca na vmro da pobedi ostavetego na mira covekotmozda saka da vo centarot na vnimanije kako taci edno vreme popoleka ama sigurno samo napred brane duri si ti vmro ke pobeduva
Од: zacuden
Датум: 18.06.2011 16:33:37
ne mi e jasno kako ovie od sdsm uste go tintrat branko.samo zaradi nego i takvi kako makraduli i sema sdsm gi izgubi ovie izbori.Da stavea na listite nekoi anonimusi od fakultet ubedlivo ke go porazea zalniot grujo koj e za nikade i e za zalenje bidejki se moli takvi kako branko i makraduli da ja vodat sds da moze da pobeduva. p,s:gruevski sto fati se se isushi i zalno e ovie kopuci so ne gi trgnaa branko i kompanija da go trgnat i grujo da ne ja maci makedonija
Од: тој што очекувал
Датум: 18.06.2011 16:40:46
Овие наши постови се ќорави.Тие што ги презентираат нашите мисли, желби и вистини по весниците завршуваат на плотот на нашиот еднооки бивш преседарел и неколкупати премемиер.Тој ниту ги гледа ниту ги чита, тоа се емоции и чуства на граѓаните кои завршуваат во ветер!Да имаше малку човечка доблест, по сето тоа што се случува во Македонија во последните тешки дваесет години, чесно беше тој да се збогува со сите нас!
Од: Karokan
Датум: 18.06.2011 17:32:12
Г-дине profesor kanbera,па зарем ти навистина си професор??? Како тогаш во Канбера изгледаат луѓето што не се професори,(односно со пониско образование од професор),кога ти како професор толку плитко размислуваш и анализираш!!! Па дали ти е јасно дека токму таквите размислувања како твоето е една од главните причини за конфликтот од 2001 и дека токму таквите рзмислувања допринесоа меѓународниот фактор “навивачки“ да застане зад другата страна!!!Според тебе,испаѓа дека тука живеат граѓани од различен ред,иако уставот го говори спротивното.Што се однесува до одбраната на името,идентитетот и јазикот,веќе видовме прифаќање на име во Букурешт,главниот носител на преговорите Министерот на МНР,не ти го признава јазикот,а со тоа и идентитетот и да не редам повеќе!!! Размисли,направи анализа и тогаш можеби твојот поглед ќе биде уште пореален!!!За жал!!!
Од: troja pismen....
Датум: 18.06.2011 17:55:24
pa dobro be profesore od "kambera" sto pismo pisuvas i se "boris" za Makedonija a so mala bukva ja pisuvas a anticka taa pridvka tolku ti lezi so golema bukva sto profesor si bil more ti...koga Kanbera e za tebe mala bukva a od tamu leb jades ,,gospode sto nasi luge ima vo bel svet pa uste pamet ti solat preku deset morinja ,,,
Од: Трпе
Датум: 18.06.2011 19:17:46
Чуден народ е македончето,сега нека си ќути и нека си трпи.Уште поинтересни се овие дпмне-овците кои продолжуват,наместо да гледат во сопствениот двор,гледат по тугиот.Слепиот народ се тие ика имат здрави очи.Кога дозволуват слеп водач да ги вопди.Со левак у глава неможе да им се кладе.Бранко си е супер лидер и затоа неговите приврзаници си го сакат.Тој знае да формира успешн тим.А тоа што СДСМ не победи на изборите и со предлог за премиер на госпогата Шекеринска,е друга работа.Никој не му е виновен на народот што неможе да свати како мистер мр Рејтинг победи на изборите.Сега македонски народе ќути си и трпи си.Поради зеленото изгоре и сувото.
Од: Od fakelaki
Датум: 18.06.2011 20:42:05
BC nikogas ne pobedil na legalni izbri najubavo e koga samite se unistuva komunjarite poslednata Diktatura vo EU i Severna Koreja.............
Од: забеган.
Датум: 18.06.2011 20:58:55
Ич да не чине Бранко е Бранко,,,,,,,,,,,.Овие слепци наречени лидери можат вода да му носат.
Од: son
Датум: 18.06.2011 21:30:42
Vmrovcinja, pazete na son da ne vi se pojavi Branko,
Од: taneska tanja
Датум: 18.06.2011 23:38:47
branko e pobednik na izborive ,pobednik vo redovite na sdsm i sekoe prashanje za negova smena ke mu se napravi usluga na Grujo,Branko nemat da se penzionirat tuku ke go porazit Grujo na vondredni parlamentarni izbori se razbirat ako togash seushte postoi Makedonija po se izgleda Grujo sakat da ja svitkat drzavava za nekolku meseci!
Од: SUPER
Датум: 19.06.2011 09:55:08
Dodeka si ti na kormiloto na SDSM, VMRO ke ja vodi M, kako znae i umee. Nezasitnosta e BOLEST!
Од: Dolno Vodno
Датум: 19.06.2011 10:53:17
Zaminuvanjeto na Branko od liderskata polozba na SDSM, mnogu bi im odgovarala na zakolnatite VMROvci za foteljite i vladeenjeto. Ama ne bi imale vrz kogo da plukaat, pa zivotot ne bi im bil ni tolku interesen. Deka toa e tocno, dovolno e da se citaat komentarite na "novopecenite komentatori" , site so pomarandzasti ocila, pod direktiva i site ednoglasno se cudat sto Branko ne si odi vo penzija (koja vprocem administrativno si ja ima). No SDSM i negovite glasaci , veruvam, toa nema da mu go dozvolat, zemajki vo predvid, na koj nacin,vistina "mirno (no ne ) demoktatski i fer "se dobija tie 53 pratenici + sosema necesno,uste 3 od dijasporata. Pokraj site sopki koi mu se pravea i pravat, Branko e dokazan kako lider i patriot ,iako poslednav bitka ( na prevara)ne ja dobi. No prd nego ima uste mnogu ubavo vreme za da gi dokaze svoite vrednosti, duri i kaj onie sto se so najisprani mozoci. Mu posakuvam polno uspeh na BC opkruzen so jubomora i pakost, no i iskren ljubov od privrzenicite.
Од: Kumanovo
Датум: 19.06.2011 12:01:44
Sledniot pak vnimatelno neka gi pravat listite zatoa sto SDSM vo izborna edinica 2 pobedi samo vo kumanovo a od istata opstina imavme samo tri pratenika na lista od koi eden ke sedi vo parlamentot. I pak kako sto rekoa nekoi mudreci od najgolemiot ni grad "vo Kumanovo potfrlivme" e ne gospoda dosta e kolku ke ni dadete tolku i ke dobiete od Kumanovo,nie vi go birame Mincev koj e popotrosen i od ispusok od cigara a vie sakate preku leb pogaca ! ! ! Sledniot pat imajte gi vo predvid , vistinskite vrednosti na izbor i na toa sto saka narodot ! ! ! I pak SDSM najgolema prednost nad VMRO ima samo vo KUMANOVO ! ! !
Од: СДСМовец
Датум: 19.06.2011 12:34:46
``Точно е дека СДСМ ги изгуби изборите, ама, исто така, се точни и информациите за паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. `` Поголема глупост не сум прочитал одпоодамна и сето тоа во иста реченица?! Значо ВМРО е во паника затоа што СДСМ ги изгубила изборите? Има ли логика во овие извртени тези. Паниката на ВМРО ќе настане во оној мкомент кога Бранко ќе реши да си замине конечно и да ги остави младите во партијата да ја поведат партијата во победа а државата напред. До кога ќе не замајува еден лажов кој најави дека ќе се повлече ако изгуби на избори од Грујо,а еве го сеуште ги држи сите конци во раката и не манипулира. Бранко оди си веќе!
Од: graganin
Датум: 19.06.2011 14:19:53
Грешката во демократските процеси во Македонија е што лидерите на големите македонски партии додека уживаат голем углед не создаваат свои идни заменици, туку се опкружени од безброј умилкувачи, а лидерот работи само на сопствениот бренд. Затоа оваа криза. Но, мора да се оди напред. И Груески кога дојде на лидерската позиција во својата партија мнозина беа незадоволни и плачеа за Љубчо. Сепак Груевски подоцна освои неколку победи на изборите. Така ќе мора да биде и во СДСМ. На таков начин како Република Македонија ќе напреуваме во демократските и цивилизациските придобивки кои произлегуваат од повеќепартискиот систем.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Слободанка Јовановска
Поглед
Деспина Трајковска
СМЕНИ ГО КАНАЛОТ
Јасминка Павловска
Анализа
Бернар Хајкел
Мислења
Ѓорѓи Спасов
Саботни муабети
Огнен Јанески
Повеќекатна Америка
Велибор Педевски
„Пепер“
Сендвичи со домашен шмек

Свадби
Бело како сонот на невестата

Голема лекција за децата од паркот

Странски дрвца за домашни булевари

"""