01.05.2012, 16:46 Тие купуваат, а ние продаваме време
Чистката во ВМРО-ДПМНЕ – маркетиншки трик или обид за политичко проветрување?
Жаклина Хаџи-Зафирова Светлана Унковска
Таканаречениот нов бран во владејачката ВМРО-ДПМНЕ за малку ќе го фрлеше во втор план трагичниот настан со петкратното убиство кај Смилковско езеро, како и акцијата „Детонатор“. Веќе не се говори толку многу ниту за претстојниот Самит на НАТО во Чикаго, а под плаштот на смените на едни и именувањата на други кадри на партијата на власт, паѓаат во сенка и огромната сиромаштија, невработеноста и економските проблеми.
Премиерот Никола Груевски деновиве рече дека новиот бран имал одличен одзив кај граѓаните, кој, како што истакна е „добра работа и покрај критиките од опозицијата“.
Според лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, пак, кадровските смени во владејачката партија се обид за целосно замајување и манипулирање со јавноста. „Груевски, соочен со катастрофалните состојби и тоа во сите сфери во општеството, свесен дека незадоволството на граѓаните од ден во ден се' повеќе расте, по којзнае кој пат се обидува да најде некој друг виновник. Овој пат виновниците ги најде во слепите партиски послушници што во целиот изминат период беспоговорно ги спроведуваа неговите политики. Значи политиките остануваат, Груевски останува, курбан ќе одат некои луѓе од вториот, третиот ешалон“, рече Црвенковски.
Политичките аналитичари оценуваат дека смените на кадрите од понискиот ешалон или како што веќе популарно се нарекува „новиот бран“ всушност е само една добра стратегија кон јавноста и клучен маркетиншки проект на владејачките партии, во пресрет на локалните избори.
Петар Арсовски, комуниколог, во колумна за нашиот весник, направи анализа за тоа на кој начин и со каква стратегија се води целата кампања. Тој вели дека со ваквиот проект од областа на политичкиот маркетинг, владејачката партија спроведува интензивна кампања држејќи ја оваа тема активно во медиумите.
„Со таквата стратегија ВМРО-ДПМНЕ се надева дека ќе го амортизира незадоволството кај електоратот преку понудени жртвени јагниња од сопствените редови, а кај сопствените симпатизери ќе го намали незадоволството со тоа што за нови луѓе ќе обезбеди полесен пристап до „грнето“, оцени тој. Арсовски тврди дека со овие смени нема ништо да се промени бидејќи и натаму реалноста е нискиот стандард на граѓаните, нивото на демократија, недостиг на напредок, членството во НАТО и ЕУ и така натаму. Смените во пониските ешалони на власта, според Арсовски, претставуваат интервенција во политичкиот менаџмент, наместо во политичкото водство. Со други зборови, Арсовски илустративно опишува, дека вториот и понискиот ешалон, односно менаџментот се грижи за тоа дали „локомотивата“ има гориво, но доколку таа вози во погрешна насока, проблемот не се решава, туку се продлабочува.
Комуникологот Гоце Пачемски вели дека не е изненаден од тоа што „новиот бран“ содржи комуникациска компонента која смета дека е само еден дел од проектот кој допрва треба да се види во јавноста.
„Можеби изненадувањето ќе претстои. Од ова досега јас како граѓанин нем��м многу полза. Онака како што сега се презентира мислам дека не се работи само за комуникациски аспект, туку сето ова има и политичка платформа, а можеби и нешто друго на кое само му ги гледаме контурите, од она што комуникаторот сака да ни го соопшти во моментот. Многу е рано за детални анализи ако се земе моментот на политизација околу тоа“, оценува Пачемски кој вели дека не сака се' уште да дава квалификации дека се работи за политичка и комуникациска стратегија. Според него, новиот бран нема врска со НАТО, но не исклучува дека не е поврзано со локалните избори, имајќи го предвид досегашното однесување на ВМРО-ДПМНЕ пред избори.
Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали коментира дека „новиот бран“ е само замајување и на јавноста и нејзино дефокусирање од инцидентите, трагедиите и економско-социјалната состојба.
„Тие го прават тоа бидејќи знаат дека има позитивен одговор во јавноста. Тие купуваат, а ние, како јавност, продаваме време. Цело време кажуваат дека се многу блиску во откривање на сторителите на петкратното убиство, а на некој начин се е блокирано и замолчено“, оценува Биљали, кој е скептичен дека нешто ќе се случи со самитот на НАТО за кој прогнозира дека само ќе се повтори истата реченица од Букурешт. |
|
Статијата е прочитана 7196 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 02.05.2012 00:58:22 | Izgleda, uste vremeto ostana za rasprodavanje. |
| Spirindon, 02.05.2012 07:20:41 | Akcijata e Lazi Vere,lazi koj ke lazes...!.Lugeto koi imaa dostap do narodnite pari po kampanjata Osmeli se!,ja svatija doslovno porakata i bez strav jurnaa vo krazbata na drzavnoto i narodnoto blago,oti znaat deka tuka e
pravnata drzava-koja ke gi zastiti zasitni pari.Veruvam i so noviot bran keprodolzime:Kradi,kradi-kradi me,Ti
me krades najbolje!Prodolzuvame
po trasiraniot pat ...!!! |
| ФЕЛИКС, 02.05.2012 08:23:12 | Ова е можеби 65 напис како тоа власта кадровски бранува,никако да видиме еден напис зошто нема кадровско бранување кај опозицијата,ако се знае за нивните славни изборни неуспеси.Дали со оваа гунгула од написи всушност се штити ликот и неделото на опозицискиот сејач на илузии да и поразите се успешен дел од политичкото битисување.При тоа се пласираат очекувани подметнувања да ,,власта ја држи оваа медиумска експонираност,, а всушност според критичкиот пристап кон ова бранување тоа го прават медиумските експонети на опозицијата.Целта на ваквото подметнување е да повторам заштитата на илузионистот вероватно од бранувањето.Оти ако има кадровско бранување таму а според врвот на партијата,, нема кој да го замени,, тогаш ќе имаме партиска ,,морска болест,,која може да ја докрајчи и онака изборно урнисаната партија.Затоа е добро внатре во просториите на Бихаќка да стават обавестувања,,не бранувај оти лидерот може да добие политичка морска болест,што ќе правиме без него,,некои велаат се е исто |
| ИВАН СПИРОВСКИ, 02.05.2012 10:13:21 | Таканаречениот нов бран е обид да им се фрли прашина во очи на изгладнетите и пауперизирани граѓани на Рерпублика Македонија, кога рејтингот на власта вртоглаво паѓа. Тоа е она што Римјаните го викале panis et circenses (леб и игри), но лебот и игрите не го спасиле Рим од неминовната пропаст. Пуштањето на „бранот“ сега, пред локалните избори, само покажува дека дпмне работи во т.н. SAFE MODE, одн. Windows-от кркља и е на издишување, одн. дпмне се наоѓа во ПРЕДСАНАДЕРИЗАЦИСКА СОСТОЈБА. |
| bezanec, 02.05.2012 13:18:47 | До феликс ! Тие,спрема тебе илозионисти ти ја створија државата,со македонски јазик,црква и т.н. да ти со разни гнасотии,не долични на човечкиор род, ги истураш врз опозицијата. Но што да се прави,кога Исус Христос го ставија на крстот,тој рекол„„прости им господе не знаат ш��о прават„„ Со многу пари го задолживте овој напатен народ,кој освен пред носот,ништо не гледа и не слуша,занесен во субвенциите кои како бумеранг ќе му се вратат. Затоа вели една поговорка„„Дека бургија не буши парат руши„„ Но се си има почеток и крај,но крајот ќе биде застрашувачки. |
| do felix, 02.05.2012 14:05:33 | Mislam deka e veke degutantno da ja spomnuvate opozicijata. Iskreno mnogu mi e gajle za kadrovskite smeni vo opozicijata. Coveku taa e OPOZICIJA I DOSTA VEKE. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Делумно облачно
|
Четврток
Локални грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|