Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Македонија
04.12.2008, 18:24

Конечно стигна турбината, наскоро ќе се монтира во ТЕ-ТО

Турбината е „срцето“ на централата, која треба да почне со производство во април 2010 година

Деспина Трајковска

За речиси три часа, без да предизвика поголем застој во сообраќајот и без никакви видливи оштетувања на инфраструктурата, вчера од влезот на Скопје па до крајната дестинација во кругот на топланата „Исток“ пристигна конвојот со 600 тони тешката гасна турбина, која треба да се вгради во првата гасна централа ТЕ-ТО. Точно во шест часот наутро од автопатот од Велес, конвојот влезе во Скопје, помина преку клучката во населбата Ченто, па преку мостот „Близнак“ минувајќи низ Аеродром стигна до Транспортниот центар и преку мостот се упати до топланата. За време на транспортот на турбината, кој траеше еден час повеќе од предвиденото, сообраќајот во делови на градот само навидум беше блокиран. За скопјани кои се навикнати на секојдневен калабалак во утринските часови не беше невообичаен застојот на одредени делници по неколку минути. Очигледно беша добра организацијата на сообраќајната полиција која го регулираше сообраќајот по целата траса. Граѓаните коментираа дека метежот е многу поголем во другите денови,па дури и кога ќе заврне слаб дожд. Единствено хаотично беше во близина на Кванташкиот пазар каде што целосно беше прекинато движењето на возилата поради тесните улички и дел од железничката пруга преку која требаше да помине конвојот. Од Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта“ кои ја одредија трасата на движењето, вчера изјавија дека транспортирањето на турбината, што претставува најголем транспорт на опрема што досега е реализиран во земјава, поминало без никакви проблеми.

„Транспортот на турбината се реализираше беспрекорно и без никакви оштетувања на улиците и мостовите. Не се оштети ниту еден семафор, столпче или сообраќаен знак, а преминот преку мостовите се одвиваше без никакво деформирање и оштетување на конструкцијата. Ова само уште еднаш потврдува дека трасата по која се движеа шлеперите беше соодветно одбрана“, изјавија вчера од Град Скопје, отфрлајќи ги шпекулациите кои се појавија во јавноста дека мостовите во Скопје нема да го издржат товарот, па дури и дека може да се урнат.

И експертите вчера го кажаа истото, но, сепак, не ја отфрлија можноста дека мостовите претрпеле деформации кои не се видливи со голо око. За безбедно минување на товарот кој во изминативе дваесетина дена патуваше од Стар Дојран до Скопје, од Градежниот факултет изработиле студија, во која, сепак, не било опфатено и движењето на конвојот низ Скопје. Од тие причини експертите велат дека се оправдани стравувањата за трајни последици на мостовите низ Скопје, по кои помина товарот тежок 600 тони. „Постои опасност ако товарот е поголем од предвидениот и ако на мостот има поголеми напрегања од оние за кои е проектиран да се појават оштетувања што не се видливи. Тогаш мостот може да претрпи трајни деформации, па така, наместо да се дејствува превентивно, ќе се реагира отпосле“, објаснува Санде Атанасовски, професор на Градежниот факултет.

Инаку, вчера Ивица Секованиќ, директорот на ТЕ-ТО, најави дека наскоро ќе почне монтирањето на турбината, која е „срцето“ на централата. Предвидено е таа да започне со комбинирано производство во април 2010 година, по тримесечен тест- период. Носителите на проектот ТЕ-ТО со руските финансиери од „Синтез груп“ гарантираат реализација на проектот и покрај светската финансиска криза. ТЕ-ТО ќе произведува 30 проценти од потребите на електрична енергија во земјава и 50 проценти од годишното производство на топлинската енергија, што сега скопска „Толификација“ ја испорачува на корисниците.


Статијата е прочитана 3069 пати.

Испрати коментар



Угостителите бараат да се повлече целосната забрана за пушење
Црвен крст со стратегија и за волонтерството
Во Струмичко 1.166 лица заболени од заушки
Невреме остави без струја делови од Гостивар, Прилеп и од Кавадарци



ljupco A., 05.12.2008 09:37:18
Edno golemo bravo za Toplifikacija.Vistinski potez so ekonomska logika .Vo period koga drzavata nisto ne prevzema vo energetskiot sektor , imame firma i investitori koi otvaraat nadezi deka i kaj nas e mozna realizacija na golema ideja.
natasha, 05.12.2008 11:32:59
e ne bese bas 10 min cekanje nie sto ziveeme vo madzari kaj prugata izlegov od doma vo 7:35 a vo centar stignav vo 8:50 pa videte kolku vreme bevme zaglaveni i dali ne bilo strasno
Томи, 05.12.2008 12:21:20
Браво? Со профитот кој го прават, мислам дека треба да вратат нешто н заедницата, а не само да вложуваат во дополнителни начини за цицање на пари...
04.12.2008, 19:04

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |