Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
08.08.2013, 14:39

Сигурно враќање на Надал и Мари

Во 2. коло на мастерс-турнирот во Монтреал двајцата големи фаворити почнаа со победа

По Новак Ѓоковиќ и останатите двајца големи фаворити за титулата на мастерсот во Монтреал, Енди Мари и Рафаел Надал, почнаа со победа. Мареј сигурно е човекот со најголема самодоверба, откако го оствари својот сон и го освои Вимблдон. Во второто коло на Монтреал немаше особено лесна задача и наиде на сериозен отпор од Марсел Гранојерс-Пујол. Го совлада со 6:4, 7:5 и на вистински начин ја почна подготовката за првата одбрана на една гренслем-титула во неговата кариера, онаа од УС опен.

„Не го играв најдобриот тенис, бев прилично нервозен пред да почнам - тоа е добар знак. Подготвен сум да одам напред, да не мислам многу на Вимблдон и да се концентрирам на УС опен. Убаво е кога ќе го почувствувате тој притисок“, изјави Мари, кој победуваше на Роџерс-купот во 2009 и 2010 година.

По срамната елиминација од првото коло на „Вимблдон“, Рафаел Надал се врати со убедлива победа во Монтреал. Четвртиот светски рекет во второто коло го совлада Џеси Левин од Канада со 6:2, 6:0 и обезбеди осминафинален дуел со Јежи Јанович. Победникот на Роџерс купот од 2008 и 2005 година призна дека од почетокот се почувствувал несигурно, но потоа целосно го урна противникот.

„Задоволен сум од победата. По седум недели без тенис, добро е да се победи на ваква тврда подлога и да се биде во третото коло на еден тежок турнир“, изјави Рафа по триумфот.

За разлика од Надал, вториот Шпанец од топ-10 тешко се приспособи на новата подлога. Давид Ферер загуби од квалификантот Алекс Богомолов од Русија со 6:2, 6:4. Ова е најголемиот успех на Русинот кој досега стигнал само до второто коло на Роџерс-купот. Статусот носител не го оправда ниту Станислав Вавринка во мечот со Бенуа Пер, губејќи со 6:2, 7:6, додека Томи Хас се предаде во пресметката со Маринко Матошевиќ поради повреда на рамото. Токму Матошевиќ и Пер ќе се соочат меѓусебно во третото коло.

Слично како Надал и Серена Вилијамс го преброди неуспехот на Вимблдон со убедлива победа над Франческа Скијавоне со 6:3, 6:2.

„Се чувствував добро, цврсто. Направив неколку грешки, но ова е прв меч на тврда подлога по долго време. Исто така, имав силна противничка, така што ова беше добар меч“, оцени Серена. Покрај неа, второто коло во Торонто го минаа и Ли, Ерани, Квитова и Бартоли. Затоа пак, подебелиот крај го извлекоа Карлин Вознијацки и Марија Кириленко. Данката во три сета загуби од Романа Кирстеа, додека Русинката потклекна под налетите на Ализ Корне.

Резултати 2. коло (мажи): Мари (ВБр) - Гранојерс-Пујол (Шпа) 6:4/7:6,Богомолов (Рус) - Ферер (Шпа) 6:2/6:4, Надал (Шпа) - Левин (Кан) 6:2/ 6:0, Бердих (Чеш) - Долгополов (Укр) 6:3/6:4, Дел Потро (Арг) - Додиг (Хрв) 6:4/4:6/7:5, Пер (Фра) - Вавринка (Шва) 6:2/7:6, Матошевиќ (Авс) - Хас (Гер) 5:0 пред., Раониќ (Кан) - Јужни (Рус) 6:4/6:4, Гулбис (Ест) - Фоњини (Ита) 6:3/1:6/6:1, Јанович (Пол) - Данчевиќ (Кан) 7:6/3:6/6:4,
Давиденко (Рус) - Андухар (Шпа) 6:1/4:6/6:3, Поспишил (Кан) - Штепанек (Чеш) 6:2/6:4, Истомин (Узб) - Пеливо (Кан) 6:3/3:6/6:3.

Жени: С. Вилијамс (САД) - Скијавоне (Ита) 6:3/6:2, Ли (Кин) - Павлјученкова (Рус) 6:1/6:4, Ерани (Ита) - Закопалова (Чеш) 6:2/7:6, Квитова (Чеш) - Бушар (Кан) 6:3/6:2, Бартоли (Фра) - Дејвис (САД) 6:0/6:3, Стосур (Авс) - Суарез Наваро (Шпа) 1:6/6:2/6:3, Кирстеа (Ром) - Вознијацки (Дан) 5:7/7:6/6:4, Винчи - Макарова (Рус) 6:0/6:4, Корне (Фра) - Кириленко (Рус) 7:5/7:5, Флипкенс (Бел) - Бертенс (Хол) 7:5/3:6/6:2, Стивенс (САД) - Бартел (Гер) 6:3/4:6/6:3, Јанковиќ (Срб) - Фишман (Кан) 6:4/7:6, Ивановиќ (Срб) - Пенета (Ита) 6:4/6:4, Рибарикова (Свк) - Лепченко (САД) 6:4/6:2.


Статијата е прочитана 293 пати.


Испрати коментар



Вести
Бурен преоден рок во Хоризонт
Вукоичиќ ќе прозива на 15 август
Пековиќ
Самарџиски ќе биде здрав за ЕП
УЕФА суспендира двајца судии за местење натпревар
Кадетите тргнаа триумфално
Осигурувањето на Антиќ е средено
Роналдо со спектакуларни голови му возврати на Мурињо
Антиќ дебитира против Далас
Пораз од Хрватска на вториот дуел
Суарез одбива да игра за Ливерпул

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 34°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ретко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |