Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
08.08.2013, 12:56

Роналдо со спектакуларни голови му возврати на Мурињо

Реал Мадрид го победи Челзи во финалето на „интернационалниот куп на шампионите“ со 3:1, Португалецот беше стрелец на два гола

Реал Мадрид го освои „интернационалниот куп на шампионите“, турнир што се одржа во Мајами совладувајќи го Челзи со 3:1. Ова беше одлична шанса за да Кристијано Роналдо му се одмазди на довчерашниот тренер Жозе Мурињо по неговите коментари дека Бразилецот Роналдо е оној вистинскиот Роналдо, сместувајќи во мрежата на „сините“ два гола од вкупните три за неговиот тим.

Кралскиот тим тргна доста мотивирано, бидејќи ова беше прва нивна средба против Мурињо по неговото заминување. Марсело веќе во 14. минута му донесе водство на Реал, но радоста кратко траеше бидејќи Рамиреш веднаш израмни на 1:1. Десет минути подоцна на сцена настапи Роналдо, кој нестрпливо ја чекаше својата одмазда. По неколку пропуштени шанси најпрвин од слободен удар го доведе Реал во водство 2:1, а потоа со глава го матираше Чех поставувајќи ги конечните 3:1.

„Јас не сакам многу да разговарам преку весниците, она што имам да го кажам, го кажувам на теренот“, беше краткиот коментар на Кристијано Роналдо по мечот.

МУРИЊО: НА РОНАЛДО И РЕАЛ ИМ ПОСАКУВАМ СЕ НАЈДОБРО

По завршувањето на дуелот Жозе Мурињо сподели само убави зборови и желби за својот некогашен клуб Реал Мадрид, но и за Кристијано Роналдо.

„На Реал му посакувам се најдобро!. Во тој клуб има толку многу луѓе што ги сакам и што ми се драги, почнувајќи од претседателот, па се до наједноставните и најскромните вработени. Се надевам дека следната сезона Реал ќе го освои шпанското првенство. Немам никакви проблеми за да го кажам ова“, изјави Мурињо. „Кристијано Роналдо е голем играч постојано дава голови. И ова не е баш некаква новина. Вест е кога тој нема да постигне гол. Во изминатите три години прослави многу погодоци, некои од нив ги славевме заедно. Се надевам дека ќе прослави уште многу голови и ќе му помогне на Реал да ја освои Ла Лига“, додава исксуниот стратег.

Според неговата изјава поразот од бившиот тим не го погодила многу: „Секогаш имам добри желби за моите некогашни клубови, тука се уште ништо не се променило. Овој пораз не ме погоди, бидејќи пријателските натпревари не се бројат. Да се случеше во меч од Лига на шампионите, е тогаш ќе беше сосема поинаква приказна“, заклучи Португалецот.


Статијата е прочитана 1448 пати.


Испрати коментар



Вести
Бурен преоден рок во Хоризонт
Вукоичиќ ќе прозива на 15 август
Пековиќ
Самарџиски ќе биде здрав за ЕП
УЕФА суспендира двајца судии за местење натпревар
Кадетите тргнаа триумфално
Сигурно враќање на Надал и Мари
Осигурувањето на Антиќ е средено
Антиќ дебитира против Далас
Пораз од Хрватска на вториот дуел
Суарез одбива да игра за Ливерпул

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 34°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ретко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |