08.08.2013, 12:50 Антиќ дебитира против Далас
Атланта првиот натпревар ќе го одигра на теренот на Далас на 30. октомври
Во новата сезона од НБА лигата екипата на македонскиот кошаркар Перо Антиќ, Атланта првиот натпревар ќе го одигра на теренот на Далас на 30. октомври. Првиот домашен натпревар Атланта го игра на први ноември против Торонто.
Инаку, новата сезона (2013/2014) ќе почне на 29.октомври, шампионот Мајами Хит ќе се сретне со Чикаго, а додека во Лос Анџелес ќе се игра градското дерби помеѓу Лејкерси и Клиперси.
Сите екипи во лигата ќе одиграат 82 натпревара, а Атланта еден дуел ќе го игра во Лондон против Бруклин, како дел од промоцијата на лигата надвор од границите на САД.
Лигата ќе заврши на 16. април, а потоа следи плеј офот. „Ол стар“ натпреварот ќе се одигра на 16. февруари во Њу Орлеанс. |