Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
08.08.2013, 14:54

Венецискиот фестивал го најави „Четврток“ на Манчевски

Дирекцијата на филмскиот фестивал го објави учеството на Милчо Манчевски во специјалниот проект посветен на 70. јубилеј

Дирекцијата на Филмскиот фестивал во Венеција го објави учеството на Милчо Манч��вски во специјалниот проект посветен на 70. јубилеј на фестивалот. Во чест на јубилејното издание на Фестивалот неговиот директор, Алберто Барбера, упатил ексклузивна покана до режисерите кои влегле во историјата на Фестивалот и во светската кинематографска историја, вклучувајќи го и Манчевски, да изработат кратки филмови на тема „Иднината на кинематографијата“. Изработените филмови меѓу кои е и краткиот филм „Четврток“ на Манчевски ќе бидат прикажани во специјалната селекција „Venezia 70 - Future Reloaded“.

Автор на сценариото на „Четврток“ чие снимање заврши во мај во Њујорк е исто така Манчевски, продуцент е Арон Левин, а во главната улога настапува младата глумица Лора Ласи. Директор на фотографијата е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката е Игор Василев-Новоградска.

Во специјалната селекција „Иднината на кинематографијата“ учествуваат најславните имиња на светската кинематографија, покрај Манчевски, со свои филмови се претставуваат и Бернардо Бертолучи, Ким Ки-Дук, Пол Шредер, Абас Киаростами, Валтер Салјес, Монте Хелман, Катарин Бреја, Клер Дени, Атом Егојан, Џејмс Франко, Ермано Олми, Амос Гитај, Жан-Мари Штрауб, Тод Солонц и др.

Милчо Манчевски освои „Златен лав“ за најдобар филм во Венеција во 1994 за филмот „Пред дождот“, кога освои уште девет други награди, а неговиот филм „Прашина“ го отвори Фестивалот во 200 година. На Фестивалот подоцна беше воведена и наградата „Кругот не е тркалезен“ насловена според мотото на „Пред дождот“.


Статијата е прочитана 451 пати.


Испрати коментар



Неделна кинопрограма
АКТО осми пат во Битола
Промоција на „Резервен живот“ во Куманово
Творците од МАНУ се симнаа од академските височини
Романот „21“ на Османли препорачан за читање во Хрватска
Делото на Пулески е монумент на македонската култура
Седми пат „Вечер на ЕУ“ на „Охридско лето“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 34°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ретко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |