Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
08.08.2013, 14:12

„Боинг“ се судрил со крава

По судирот авионот излетал од пистата и, за среќа, никој од 110-те патници не бил повреден, но бил фатален за заскитаната крава

„Боинг 737-900“ сопственост на превозникот „Лајон ер“ вчера се судри со крава при слетување на аеродромот на островот Сулавеси во Индонезија.

Авионот, кој бил на редовна воздушна линија и полетал од Џакарта, при слетување на аеродромот Џалалудин во вторникот вечерта погоди една од трите крави кои слободно шетале по пистата.

По судирот авионот излетал од пистата и, за среќа, никој од 110-те патници не бил повреден. Судирот, сепак, бил фатален за заскитаната крава.

Пилотот на авионот изјави за локалните медиуми дека кога го здогледал животното на пистата помислил дека е поголемо куче.

Неколку летови беа откажани поради инцидентот, а аеродромот бил привремено затворен.

Официјални лица, како што пренесува Си-Ен-Ен за „Џакарта пост“, го потврдиле инцидентот и истакнале дека аеродромот немал соодветна заштитна ограда.

Индонезија се соочува со сложена организација за да обезбеди воздушен сообраќај до сите свои 17.000острови, но за оваа голема земја се наведува дека има „најлоша безбедност во летањето“ во Азија.

Во април годинава авион на „Лајон Ер“ ја промаши пистата при слетувањето при што 22 лица беа полесно и потешко повредени.


Статијата е прочитана 1550 пати.


Испрати коментар



Опра - жртва на расизам во Швајцарија
Зафир Хаџиманов водител на интернационалната вечер на „Охрид фест“
Венецискиот фестивал го најави „Четврток“ на Манчевски
Сите астероиди кои „и' се закануваат“ на Земјата
Данците се најсреќни луѓе на светот
(ФОТО+ВИДЕО) На „Тајмс сквер“ во долна облека за нов светски рекорд
Свечено отворање на „Езерски бисери“
(ФОТО) Катарина и Тамара уживаат во Дубровник
„Замокот на Дракула“ оствари добивка од 1,2 милиони евра
Карла Бруни се враќа на модната сцена
Бекам како негативец на филм

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ретко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |