Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
08.08.2013, 12:24

Кристофер Хил: Вашингтон го губи интересот за спорот со името

Дипломатот од кариера оценува дека САД направиле чекор назад по ова прашање, а Македонија треба да ги удвои дипломатските напори кон Вашингтон и Брисел

Првио�� американски амбасадор во Македонија и искусен дипломат од кариера Кристофер Хил, во пресрет на посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас на Вашингтон, оценува дека САД направиле чекор назад и загубиле дел од интересот за решавање на спорот за името и оти е потребно Македонија да ги удвои дипломатските напори насочени кон Вашингтон и Брисел.

- Мојот впечаток, и да подвлечам, ова е впечаток, а не нешто поткрепен со добро познавање на фактите, е, како што велите, дека САД направија еден чекор наназад и оценуваат дека условите не се тука за да се најде решение за спорот. Доколку сум во право во овој впечаток, мислам дека е важно Македонија повторно приватно да испрати сигнал до САД дека е подготвена да се обиде да се разреши ова. Да се покаже дека постои флексибилност. Сфаќам дека тоа е многу тешко, бидејќи зборуваме да се смени или да не се смени името, но Македонците мора да пренесат дека тие се разумните, вели Хил во телефонски разговор за Македонската информативна агенција.

Хил, кој сега е декан на Факултетот за меѓународни студии на Универзитетот во Денвер, вели дека лично не е ангажиран во прашањето околу името, но дека останува секогаш подготвен да помогне да се надмине овој спор меѓу Македонија и Грција.

За поканата за средба со грчкиот премиер Андонис Самарас, Хил вели дека реакцијата во Грција на отворените покани за средба може да биде спротивна од посакуваната.

- Мислам дека Македонија може да има приватни разговори со Грците, кои нема да се објавуваат во јавноста, додека јавните покани имаат мали шанси да бидат добро примени од другата страна. Овие работи мора да бидат екстремно добро подготвени приватно, вели Хил.

Според поранешниот американски дипломат, кој по ангажманот на Балканот беше амбасадор во воениот Ирак и преговарач за нуклеарната програма на Северна Кореја, за Македонија клучна цел се уште мора да биде членството во Европската Унија и во НАТО.

Хил вели дека ги разбира, но не ги поддржува оценките дека кризата во ЕУ и во Грција го менува односот кон ова прашање. - Ако ги тргнеме настрана сите проблеми кои се случуваат во Европската Унија, и овие проблеми во јужните држави, вклучително и Грција, мислам дека сепак е во висок интерес на Македонија да влезе во ЕУ. Ја разбирам фрустрираноста и оценката кај дел од Македонците дека можеби работите се сменија. Јас не верувам дека работите се смениле по ова прашање и мислам дека се уште е многу во интерес на Македонија да се приклучи. Се надевам дека Македонија ќе успее и се што ќе можам да сторам ќе го сторам, вели Хил.

Тој оценува дека економската криза во Грција не значи дека треба да се бара начин како таа да се искористи како притисок, од страна на ЕУ кон Грција, да се разреши спорот, туку дека најмногу може да се постигне со постојан ангажман на македонската дипломатија во Вашингтон и во Брисел.

- Македонската Влада да прави се што може дипломатски, да биде активна, да ги убеди ЕУ, САД и другите фактори дека е разумниот и флексибилен субјект во спорот. Како во кошарката, во НБА, таму важи правилото дека ако веќе си мал тогаш мораш да бидеш брз. Македонија мора да биде многу активна дипломатски и да негува повеќе пријатели во ЕУ, вели Хил.

Навраќајќи се на Македонија, тој оценува дека земјата постигнала многу, но посакува да се намали нивото на политизирање на прашањата. - Како и многу земји, Македонија имаше подеми и падови. Одлуката да се однесува како НАТО членка, да биде активна во некои од мисиите на НАТО, беше добра одлука. Мислам дека некои од економските одлуки, во однос на фискалната политика, исто така поминаа добро. И факт е дека македонската Влада успева во овие области. Причина за загриженост во Македонија е тенденцијата се да стане политичко прашање. Мислам дека Македонија мора да се чува од тоа, од поларизација во политичките структури, вели Хил.


Статијата е прочитана 1381 пати.


Испрати коментар



Рикер изрази надеж за разговори за името наесен
Букурешки мировен договор, 100 години потоа
(ФОТО) Кежаровски - Обвинет сум за јавно искажан збор!
Нови инвестиции во општина Илинден
Дивиот пазар се пресели на улица
Виетнамци четири децени бегале од Американци
Трет месец паѓаат светските цени на храна
Баба Лина Ќучукова зачекори во 105-та година
Ѓорѓиев - Нема датум за укинување на забраната за увоз на пченица
ФЗОМ го олеснува подигнувањето на електронските картички
Земјоделците не даваат пари за осигурување
(ФОТО) „Македонски манифест“ го запали Букурешкиот договор
Утре невреме со пороен дожд и грмежи
Жак Ширак поминува пензионерско лето
Добивката на „Телеком“ намалена за 40 проценти
Воз прегази човек на излезот од Прилеп
Нагасаки одбелжува 68 години од атомската бомба
Девојка загина во сообраќајка кај Ростуше
Пилоти на „Туркиш ерлајнс“ киднапирани во Бејрут
Сопругата на Морси - Издржете, тој ќе се врати
Обама-Самарс - Кризата во фокус, Балканот само споменат
По Силвио на чело доаѓа Марина Берлускони?
Самарас ги почна средбите во Вашингтон
Го застрелале само што дошол на работа
Нова фонтана и старата коцка на плоштад
Македонските превозници на нафта и ОКТА во војна
Српската влада повторно се заканува за пченицата
Одбележана 12-годишнината од Карпалак
Повредени и приведени во престрелка во скопско Кондово
(ФОТО) ��вајца повредени во сообраќајка кај „Нова Македонија“
Половина Македонија во портокалова фаза
Муслиманите го слават Рамазан-бајрам
(ФОТО) Седница на Општина Центар на отворено кај „Бристол“
Обама ја откажа средбата со Путин поради Сноуден
Честитка од поглаварот на ИВЗ - За празникот да ги почитуваме сите
Честитка од државниот врв за празникот Рамазан-бајрам
Прв случај на пренесување на новиот птичји грип од човек на човек
Граѓаните генерално задоволни од услугите на администрацијата
Земјиште под легализиран објект ќе се откупува и без урбанистички план
САД со дронови ќе напаѓаат во Јемен
Во Прилеп се одбележуваат 12 години од Карпалак
Почна посетата на Самарас на САД



pile, 08.08.2013 13:39:52
Ja pozdravuvam istrajnosta vo naporite na tradicionalno dokazjaniot sojuznik na Gorna-Republika Makedonija, Soedinetite Amerikanski Drzjavi, i vo vakov politicki kontekst na odbojnost kon sugestiite za priodot i nacinot za nadminuvanje na sustinskiot problem na patot kon NATO i EU integraciite, od strana na Vladata na familijata i Gruevski, da na sredbata so premierot na sosedna Grcija se dade znacenje za problemot so razlikite za imeto pomegju dvete zemji.Vladata na G-R.Makedonija so svojata diplomatska aktivnost kako na vnatresen so javna debata za noviot predlog na medijatorot pri sto Makedoncite i drugite etnicki zaednici ne go nitu znaat oficijalno predlogot, preku izednacuvanje na imeto so identitetot, taka i na ndvoresen plan so poraka za promena na formatot na razgovorite, jasno pokazjuva znaci na nastalgicnost kon fosilniot primerok na projugoslovenstvoto sodrzjano vo imeto p.j.R.M a po nivna logika i deka Makedoncite od G-R.M akedonija se vestacka tvorba po primerot na SFRJ.
od dijasporata, 08.08.2013 15:20:13
Da vi prevedam. Makedonija ke mora da vleze vo EU i NATO i ke mora da dodade pridavka bidejki crno i se pisuva. Ete taka treba da im kazes Mr. Hill na ovie gluperdi, inaku i ovaa izjava ke bide liferuvana deka Amerika ke ja nasedne Grcija i taa ke se otkaze od nivnoto apsurdno baranje, a ti ke bides milion pati opcuen i proglasen za neprijatel na vnucite Aleksandrovi.
Prekrshena e Povelbata na ON, i shto sega?, 08.08.2013 16:01:47
Zoshto SAD priznale imeto RM. Odgovorot: Suvereno pravo na SAD e priznavanje po sopstvenata volja. Argumenti za nelegalnosta na Mk priemot vo ON treba postojano da se povtoruvaat na site mesta, osobeno vo ON (kaj Ban ki Mun i Nimic) i so chlenkite na ON! Vtoriot uslov za RM (pregovori)so vgraden ERGA OMNES, posebno je nelegalen (pokraj prviot:referencata BJRM) bidjeki ogranichuva osnovnoto pravo na site drzhavi vo ON da suvereno priznaat kogo sakaat i kako sakaat! Ama ovo ne pomina so SAD, koga reshile da ne priznaat pod ustavnoto ime, prakajki jasen signal do Grcija i ON, deka nikoj nemozhe da im go ogranichuva ovo prifateno politichko suvereno pravo i pravnata sloboda koja se odnesuva na priznavanjeto novi drzhavi.
Goca, 08.08.2013 16:04:13
Персоно Хил, колку е нелогично од `интелектуалец` „да бара разумност во самоубиството“. Одговорот кој ќе го добиете од нас Македонците е следен и единствен: Вразумете ги лоповите и окупаторите на Македонија: Грција, Бугарија, Албанија, ова бесправно создадено Косово и Србија во нивниот обид да ја асимилираат македонската култура, цивилизација и територија! Сепак ти си професор и треба да ги почитуваш Основните човечки права и слободи, во спротивно не заслужуваш да бидеш именуван за човек, па камо ли за професор! Македонците од тебе бараат да го почитуваш Меѓународното право и да ја информираш јавноста за злосторството коешто го вршите врз Македонија и Македонците. Значи, помош е да му помогнеш на правичниот, а не да ги заштитуваш злосторниците, во случајов лажливите Грци! Меѓународното право забранува која било Влада да разговара тајно или јавно за промени на државнотоо име. Ова значи дека никој во светот не смее ни да помисли да ни го смени името! Всушност токму овој Закон го става во
samaras, 08.08.2013 18:20:03
e nazdravje bricenje makedoncinja. igrajte si vie kako malite deca. sega ce bide sto ce bide. sega ce vidite kolku znacese podrskata na amerika.
jovan, 09.08.2013 00:13:44
Posetata na Samaras na USA najverojatno ke bide neuspesna, pa mozno e povtorno vo Grcija da ima previranja, izbori...itn. Grcija slabee se poveke i poveke, i toa jasno mu e sekomu. Posle onie obekanja koj gi deli Samaras po America za crven tepih za Americanskite investitori, za gasovod od Azerbejdzan, Kipar, Grcija, pa do Evropa, se samo ocajnicki obidi Grcija da se prestavi kako nekakov znacaen partner i igrac.(vo toj del Turcija i Izrael ke bidat glavni). Nam ni odgovara Samaras da ostane premier, bidejki toj covek se poveke i poveke ke pravi gluposti. No za zal, naskoro toj ke si zamine. Kako i so kogo ke prodolzat ponataka, ke vidime.
Трпе, 09.08.2013 00:36:51
ова на актуелната влада и се ДОПАЃА.Тие сакат сопствениот народ да го држат како крава во штала.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ретко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |