Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
08.08.2013, 00:40

(ФОТО) Седница на Општина Центар на отворено кај „Бристол“

На седницата беа само советниците од коалицијата на СДСМ, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека биле спречени да присуствуваат

ФОТО: Петр Стојановски

Општина Центар под отворено небо ја одржа својата вонредна седница кај хотелот „Бристол“ каде ноќта во саботата беа исечени дрвјата.

На седницата присуствуваа само советниците од коалицијата „Сојуз за иднината“ и градоначалникот Андреј Жерновски, додека советниците од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека не им било дозволено да присуствуваат.



Седницата на местото на злосторот, како што ја нарече претседателот на советот на општината Мирослав Шиповиќ, е со цел да се информираат граѓаните како се уништува зеленилото во центарот на градот.

- Тука сме за да им објасниме на граѓаните како се случи ова и како дрвјата станаа жртви на режимот на ВМРО ДПМНЕ – рече Шиповиќ.

Тој праша зошто административната зграда за Советот за радиодифузија не е планирана некаде надвор од Центар каде комуналиите се поевтини и нема дополнително да се блокира нормалното функционирање на градот со нејзината изградба.

За него, како што рече, оправдувањата дека со „Ден на дрвото“ се компензира за зеленилото, не се издржани.

- Со ваквиот начин на работа ВМРО-ДПМНЕ сака да ги казни граѓаните на Центар поради тоа што не доби поддршка на изборите – изјави Шиповиќ.

Сечењето на дрвјата не требаше да се случи, не само поради уништувањето на паркот туку и поради непочитувањето на желбата на граѓаните и нивната слободна волја, истакна советничката на СДСМ Саша Сашек Гошева.

Советниците не донеса конкретен заклучок, туку единствено ги искажаа своите ставови за случајот. Генерално го осудија сечењето на зеленилото заради изградба на административна барокна зграда. Побараа инвеститорите да се откажат од изградбата на објектите, со што, како што напоменаа ќе ја испочитуваат желбата на граѓаните. Градоначалникот Андреј Жерновски, иако присутен, не им се обрати на граѓаните.

Советници на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека биле спречени да присуствуваат

На неколку метри од овој настан, неколку советници на ВМРО-ДПМНЕ дадоа изјава велејќи дека оваа т.н. вонредна седница е само обичен политички настан на коалицијата што во моментов е на власт во општината Центар.

Тие изјавија дека активисти на ЛДП и на СДСМ ги спречиле да присуствуваат на вонредната седница на Советот. Според советникот Илија Илијовски оваа вонредна седница се претвори во класичен политички настан на една коалиција која е водена од лични партиски интереси и спроведува лични партиски агенди.




Статијата е прочитана 3718 пати.


Испрати коментар



Рикер изрази надеж за разговори за името наесен
Букурешки мировен договор, 100 години потоа
(ФОТО) Кежаровски - Обвинет сум за јавно искажан збор!
Нови инвестиции во општина Илинден
Дивиот пазар се пресели на улица
Виетнамци четири децени бегале од Американци
Трет месец паѓаат светските цени на храна
Баба Лина Ќучукова зачекори во 105-та година
Ѓорѓиев - Нема датум за укинување на забраната за увоз на пченица
ФЗОМ го олеснува подигнувањето на електронските картички
Земјоделците не даваат пари за осигурување
(ФОТО) „Македонски манифест“ го запали Букурешкиот договор
Утре невреме со пороен дожд и грмежи
Жак Ширак поминува пензионерско лето
Добивката на „Телеком“ намалена за 40 проценти
Воз прегази човек на излезот од Прилеп
Нагасаки одбелжува 68 години од атомската бомба
Девојка загина во сообраќајка кај Ростуше
Пилоти на „Туркиш ерлајнс“ киднапирани во Бејрут
Сопругата на Морси - Издржете, тој ќе се врати
Обама-Самарс - Кризата во фокус, Балканот само споменат
По Силвио на чело доаѓа Марина Берлускони?
Самарас ги почна средбите во Вашингтон
Го застрелале само што дошол на работа
Нова фонтана и старата коцка на плоштад
Македонските превозници на нафта и ОКТА во војна
Српската влада повторно се заканува за пченицата
Одбележана 12-годишнината од Карпалак
Кристофер Хил - Вашингтон го губи интересот за спорот со името
Повредени и приведени во престрелка во скопско Кондово
(ФОТО) Двајца повредени во сообраќајка кај „Нова Македонија“
Половина Македонија во портокалова фаза
Муслиманите го слават Рамазан-бајрам
Обама ја откажа средбата со Путин поради Сноуден
Честитка од поглаварот на ИВЗ - За празникот да ги почитуваме сите
Честитка од државниот врв за празникот Рамазан-бајрам
Прв случај на пренесување на новиот птичји грип од човек на човек
Граѓаните генерално задоволни од услугите на администрацијата
Земјиште под легализиран објект ќе се откупува и без урбанистички план
САД со дронови ќе напаѓаат во Јемен
Во Прилеп се одбележуваат 12 години од Карпалак
Почна посетата на Самарас на САД



Mirko, 08.08.2013 08:16:33
Trebase da se odrzi i opelo za unisteno Skopje-Centar. Cinodejstvije bi bilo odrzano od strana na G.G.Stefan. Dali znaete ona pesna - pusto, pusto, pusto mi i se.....
Ајван Доктор®, 08.08.2013 08:36:56
Знаеме кој,како и зошто ги испосече дрвата во Центар!Натамошниов мој коментар се однесува на попречените неприсутни на седницата и нивниот wидеw,шампион меѓу попречените!Тема е легендарниот Ж.Е.Осман,планерот на модерниот Париз,правник и музички виртуоз!Негова идеја-водилка била подобра циркулација на воздухот и на луѓето низ Париз!Изградил широки и пространи булевари (со по 5-6 ленти во обата правци),со низи дрвореди,со подземни и надземни премини,со водовод и канализација за која може да сонуваме,за која париската аристократија свечено се облекувала за да ја види!Сето―во средината на XIXвек!План за 1000години однапред!Новите згради што ги гради нашиот баwокен Кwадител,ја затвораат можноста на тоа место да се прошири улицата за наредните 5 века!Наместо дрвореди и пространи булевари добивме загушен и стуткан Центар,со нафрлени елементи,со глупи прескапи кичфигурини и згради од кои не можеш да поминеш,а зелените површини се намалени за најмалку 70%!Од плоштадот се шири неснослива реа…
jovan, vlada @, 08.08.2013 10:01:11
Ако неможеш да ги победиш копирај ги во дратаиката и патетиката!! ЦЦЦЦ и тоа ќе доживееме вмроизација на опозицијата !!хахах добри сте! Позз
meksikanec, 08.08.2013 10:01:45
Точно, на местото на злосторо извршен во ДПМНЕ-овски стил,за да се доведат граѓаните пред свршен чин,да жалат за стореното и да чекаат долго за да го променат.Вакви малоумници како овие,му предложиле на Тито,во близина на Куќата на цвеќето,да изградат музеј од дрвена градба,во кој ке ги сместат неговите ловечки трофеи.Тој ги запрашал каде ке го лоцираат.Му показале еден простор полн со дрва.Ги запрашал а што со дрвата.Му рекле дека ке ги сечат,како што направија Грујовистите.Тито им рекол,никако.Ке најдете слободен простор,каде што нема да сечете дрва.Затоа што за да го направите тоа што мислите потребни се 10-15 дена,а за да пораснат дрвата 10-15 години.Тоа е причината за ради која народот се собира,обединува,револтирано и негодува господине од ДПМНЕ Илијоски,а не партијската определеност.Партијски е начинот на реагирањето на советниците на ДПМНЕ,кои не смејат ни со сопружниците да легнат,ако не го прашаат Вождот.Со ваков настап,Вам не ви е местото во Центар туку во Јурумлери.
miki, 08.08.2013 10:47:50
Центарци уште многу ќе им плаќаат на Грујо заради што се одметнаа од наметнатото лудило на власта.............
Jane, 08.08.2013 11:01:32
Да требаше да се донесува закон за крадење ВМРО(овците) ќе беа први на масата,
od usa, 08.08.2013 12:31:42
trebase sednicata da pocne so edno minytno molcene i so pocit za izrasnatite drvja koj se ceka dolgi godini da izrastat
Dostoevski, 08.08.2013 14:14:37
Ovoj Grujo verovatno doma ima prenatrpan stan, so raznorazni nameshtai i statui, no bez i edno cvece. Tolku alergichen na shirok prostor i zelenilo, ne sum videl. Toj bi sekoe katche da go popolni! Taka i na ploshtadot ke go popolnuval prazniot prostor so vtora fontana. Pa chovek neke da moze da se razmine, ej! A toj ploshtad na denot *D* treba da sobere 150-200 iljadi demonstranti za rushenje na ovaa vlast. No, ona za doma si e negovo i shto saka neka pravi, ama javnite povrshini se javni i treba javno so niv da se stopanisuva ili kako miluvaat da kazat *za potrebite i interesot na mnozinstvoto*(sushtinata na demokratijata). Da ve podsetam dragi patrioti, vo Centar e nekoj drug *mnozinstvo*, a ne vie! Se nadevam mnogu naskoro i vo RM. A sovetnicite od DPMNE ne znam vo shto se poprecheni, verovatno vo razvojot.
Itar Pejo, 08.08.2013 14:58:14
Ovoj portparolot na vmrovskite pratenici bil pravnik. Predpostavuvam deka ima diploma od Bojo kaplarot. Prvo rece deka bile spreceni da dojdat a vo narednata recenica deka toa ne bila sednica tuku politicki nastan. Objasnenie za negovite istomislenici koi sto mozda ce go procitaat ovoj komentar: ako smetaat deka ova ne bila sednica nemalo zosto da doagaat. Kako togas se slucilo nekoj verbalno de gi spreci ? Kako znaat od koi partiise tie sto gi sprecile ? Im pokazale clenski karti (so uredno platena clanira)? Ili gi poznavaat? Togas neka kazat koi se ? Prosta masa, izbrana od narodot.
Makedonija e Fantasticna, 08.08.2013 15:56:59
Hehe sojus na idnina grobarite na Makedonija.
dani, 08.08.2013 17:40:47
Bile popreceni da prisustvuvaat od opoziciski aktivisti?! Kakva patetika :))) nivnoto otsutvo ne im odgovarase na Zernovski i opoziciskite sovetnici, tuku se znae na koj-na tie sto nemaat lice da se pojavat vo javnost za ovoj nastan i neznaat sto da kazat pred narodot t.e. patriotite. :)) ne sme slepi toa da go zaklucime sami.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ретко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |