07.08.2013, 14:31 Честитка од поглаварот на ИВЗ: За празникот да ги почитуваме сите
Првиот ден на Рамазан- бајрам 8 Август (четврток) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија
Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи упати порака по повод празникот Фитр Бајрам, во која посакува празнични денови со изразување љубов кон семејствата и пријателите, почитот кон сите и отстранување на разликите.
- Го испративме најблагородниот и најбериќетниот месец во годината, месецот каде што нашата посветеност е специфична спрема Возвишениот Аллах, каде преку нашиот пост и добрите дела искажавме искреност и почит спрема верските обврски. Денес сме загрижени поради тоа што помина месец Рамазан-месец на рахметот од Аллах џ.ш. во кој има тајни награди, но поучени од Рамазанските учења и после овој месец ќе останеме искрени кон ибадетите, обожавањето и добрите дела. Го испративме месецот на неисцрпани берикети, на морал, едукација, обединување, хуманост, месец на победа, но сепак го испративме и оваа година од нашиот живот месецот на Куранот- Божјата реч, наведува Реџепи во честитката.
Исламот, додава, не учи да не ги заборавиме и да не ги оставиме зад грб нашите најблиски, пријатели и комшии. Ние секогаш ќе бидеме загрижени са сиромашните и оние кои имаат портеба за нашата помош, и секогаш треба да ги споделиме нивните болки заедно. Преку деновите на Фитр Бајрам вратите на нашите куќи кои имаат чиста исламска традиција треба да бидат отворени за сите наши браќа и верници. Нас не учи нашата висока верска култура која ја чуваме, ја негуваме и ќе ја пружаме.
- Ви пожелувам овие празнични денови на Бајрам да изразуваме љубов над семејствата, пријателите, најблиските, да го почитуваме концептот на почитот спрема сите, анулирајќи разликите кои можат да постојат. Ви посакуваме радост и среќа во семејната средина, фамилија и меѓу сите браќа. Нека биде овој Фитр Бајрам уште една можност да ни се простат нашите грешки и пропусти во текот на светитот месец Рамазан, каде што Мухамед а.с. рекол: “На денот на Фитр Бајрам, Возвишениот Аллах џ.ш. на верниците кои го клањат намазот ги гледа со многу милост и кажува: О робови мои! Со Моја наредба постевте, со Моја наредба ифтар правевте, се молевте за Мене дојдовте да клањате намазот на Бајрам. Сега вратете се во вашите домови, затоа што Јас ви ги простив сите ваши гревови.” Дозволете во име на Реис Улема Х. Сулејман Еф. Реџепи, на име на ИВЗ и нејзините институции на сите вас во нашата земја и во дијаспора да ви го честитам Фитр Бајрам, со желба во нашите огништа да владее мирот, љубовта, и нашата иднина да биде многу подобра и побериќетна! Бајрам мубарек, стои во честитката од поглаварот на ИВЗ. |