Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.08.2013, 11:46

Почна посетата на Самарас на САД



Грчкиот премиер Андонис Самарас вчера ја почна посетата на СAД, и тоа според информациите на грчките новинари во САД, од Вашингтон. Самарас пристигна во хотел во непосредна близина на Белата куќа, без да даде изјава за малубројните грчки новинари, или да одржи средби за кои би била информирана јавноста. Се очекува денес да отпатува во Њујорк, каде ќе го помине најголемиот дел од посетата на САД и каде ќе има средби со грчката бизнис заедница.

Во четврток, Самарас ќе се врати во Вашингтон, првин на пладневна средба со државниот секретар Џон Кери, за потоа рано попладне да се сретне и со претседателот Барак Обама во Белата куќа. Најавено е дека на агендата ќе биде само средба, без ручек во чест на грчкиот гостин, додека за медиумите се предвидени куси изјави без можност да се поставуваат прашања, што значи дека би отпаднала заедничката прес конференција во познатата Градина на розите. Според грчките медиуми во САД, информирани од амбасадата на Грција, Самарас ќе се обиде надворешно-политичките прашања како статусот на Кипар и спорот за името со Македонија да ги расправа на ручекот со Кери. Ова со цел да може на средбата со Обама да се фокусира на прашањата кои се од негов интерес – продолжувањето на американската поддршка за натамошното финансирање на грчкиот буџет преку Меѓународниот монетарен фонд и барање да се ублажат условите со кои Грција е соочена, пред се отпуштањето на илјадниците вработени во државната администрација.

Самарас во Вашингтон ќе се сретне и со уредничкиот колегиум на весникот „Вашингтон пост“, по што ќе се врати во Њујорк, каде во петокот треба да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун. Засега нема потврда дали на оваа средба ќе присуствува и посредникот во спорот за името амбасадорот Метју Нимиц, но се очекува спорот за името да биде една од главните теми. Македонија отворено побара интензивирање на средбите, како на посредниците, така и отворање на можноста за директни средби на високо ниво и формирање на тимови предводени од двајцата премиери кои под посредство на Нимиц интензивно би разговарале за спорот. Самарас овој предлог го одби. Грчките коментатори во САД, особено блиските на Демократската партија, се надеваат дека Самарас ќе добие поддршка од Обама по прашањето на спорот за името.

- Во споредба со односите со Белата куќа на Буш, има една значајна промена на тонот, а тоа е дека администрацијата на Обама ја поддржува позицијата на Атина за тоа дека поранешната југословенска Република Македонија не може да влезе во НАТО без решение на спорот за името. Секретарот Кери агресивно турка за постигнување на мир на Блискиот Исток, а во неговиот Стејт департмент гледаат прозорец за обединување на Кипар. Можеби би сакал да помогне да се реши уште едно одамна отворено прашање на името на Македонија, пишува Енди Земенидес, директор на Хеленскиот американски лидерски совет, грчка организација која го поддржува Обама.

Како и Македонија, и Турција бара интензивирање на разговорите за статусот на островот Кипар, нешто што кипарските Грци го одбиваат. Се очекува за време на средбите во Вашингтон, американските власти да побараат информации од Самарас како Грција ќе се постави во првата половина на 2014 година, кога ќе претседава со Европската Унија, по балканските интеграции, но и по прашањето на вклучувањето на Турција во амбициозниот проект за создавање на слободна трговска зона меѓу САД и ЕУ, нешто за што турските власти се особено заинтересирани иако не се членка на ЕУ поради блокадите на Кипар и поголемите европски држави.

Самарас во Вашингтон доаѓа непосредно по средба со идниот албански премиер Еди Рама, со кого разговараа за статусот на морската граница меѓу двете држави. Се очекува дека Самарас во Вашингтон ќе го претстави реткиот најавен инвестициски успех, градењето на гасовод за азербејџанскиот гас од Турција, преку Грција и Албанија, под Јадранско Море, до Италија. Проектот ТАП, сепак се комплицира поради неможноста на Грција да постигне договор со Албанија за прашањето на нивната граница.


Статијата е прочитана 751 пати.


Испрати коментар



(ФОТО) 12 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила
(ВИДЕО) Самарас демонстративно замина по прашање за Македонија
Рикер изрази надеж за разговори за името наесен
Букурешки мировен договор, 100 години потоа
(ФОТО) Кежаровски - Обвинет сум за јавно искажан збор!
Нови инвестиции во општина Илинден
Дивиот пазар се пресели на улица
Виетнамци четири децени бегале од Американци
Трет месец паѓаат светските цени на храна
Баба Лина Ќучукова зачекори во 105-та година
Ѓорѓиев - Нема датум за укинување на забраната за увоз на пченица
ФЗОМ го олеснува подигнувањето на електронските картички
Земјоделците не даваат пари за осигурување
(ФОТО) „Македонски манифест“ го запали Букурешкиот договор
Утре невреме со пороен дожд и грмежи
Жак Ширак поминува пензионерско лето
Добивката на „Телеком“ намалена за 40 проценти
Воз прегази човек на излезот од Прилеп
Нагасаки одбелжува 68 години од атомската бомба
Девојка загина во сообраќајка кај Ростуше
Пилоти на „Туркиш ерлајнс“ киднапирани во Бејрут
Сопругата на Морси - Издржете, тој ќе се врати
Обама-Самарс - Кризата во фокус, Балканот само споменат
По Силвио на чело доаѓа Марина Берлускони?
Самарас ги почна средбите во Вашингтон
Го застрелале само што дошол на работа
Нова фонтана и старата коцка на плоштад
Македонските превозници на нафта и ОКТА во војна
Српската влада повторно се заканува за пченицата
Одбележана 12-годишнината од Карпалак
Кристофер Хил - Вашингтон го губи интересот за спорот со името
Повредени и приведени во престрелка во скопско Кондово
(ФОТО) Двајца повредени во сообраќајка кај „Нова Македонија“
Половина Македонија во портокалова фаза
Муслиманите го слават Рамазан-бајрам
(ФОТО) Седница на Општина Центар на отворено кај „Бристол“
Обама ја откажа средбата со Путин поради Сноуден
Честитка од поглаварот на ИВЗ - За празникот да ги почитуваме сите
Честитка од државниот врв за празникот Рамазан-бајрам
Прв случај на пренесување на новиот птичји грип од човек на човек
Граѓаните генерално задоволни од услугите на администрацијата
Земјиште под легализиран објект ќе се откупува и без урбанистички план
САД со дронови ќе напаѓаат во Јемен
Во Прилеп се одбележуваат 12 години од Карпалак



Politichko reshenie za imeto ne postoi preku pregovori, 07.08.2013 12:31:09
Zoshto SAD priznale imeto RM. Odgovorot: Suvereno pravo na SAD e priznavanje po sopstvenata volja. Argumenti za nelegalnosta na Mk priemot vo ON treba postojano da se povtoruvaat na site mesta, osobeno vo ON (kaj Ban ki Mun i Nimic) i so chlenkite na ON! Vtoriot uslov za RM (pregovori)so vgraden ERGA OMNES, posebno je nelegalen (pokraj prviot:referencata BJRM) bidjeki ogranichuva osnovnoto pravo na site drzhavi vo ON da suvereno priznaat kogo sakaat i kako sakaat! Ama ovo ne pomina so SAD, koga reshile da ne priznaat pod ustavnoto ime, prakajki jasen signal do Grcija i ON, deka nikoj nemozhe da im go ogranichuva ovo prifateno politichko suvereno pravo i pravnata sloboda koja se odnesuva na priznavanjeto novi drzhavi.
Trojan, 07.08.2013 20:02:15
Podobro Severna Makedonija... Gorna Makedonija ne lici na nisto, Upper Macedonia - brzo ke stane Upass Macedonia. Se nadevam deka nekoj razmisluva na ovaa tema! North Macedonia ne ne zagrozuva na nikoj nacin, se dodeka se izbegne ekskluzivitet od grcka strana za South Macedonia. Mora toa obostrano da bide potencirano, i nikoj da nema moderen akronim za svojot del - Macedonia. Toa treba da ostane za upotreba vo istoriski celi, a moderno delovite od Istoriska Makedonija da bidat uslovno precisirani so noviot dogovor vo Severna, Juzna, Severo -istocna Makedonija. Se nadevm nekoj razmisluvaa tocno precizno na ovaa tema.
Im e gajle, 08.08.2013 01:23:36
НЕма Македонија никој да ја спомне... не пак да се расправало за нас. Од кај нас и лебедите избегаа (од Св. Наум), сега живеат во Дрилони, албанскиот дел од изворите, не па некој да разговара за нас. Најманлу па првата воена сила и четвртата поморска сила во светот. Им е гајле за нас, што би рекол Шешељ и другар му Милошевиќ, шака јада...
Za Planot B, 08.08.2013 08:11:25
Primenete strategijata na Igor Janev i inicirajte vo Generalnoto sobranie ON (GSON) isfrluvanje na nelegalnata referenca FYROM, ednash i zasekogash, so vospostavuvanje ustavnoto ime vo ON. Ni treba prosto mnozinstvo za promena FYROM vo RM. I za postavuvanje prashanje za legalitet na dopolnitelnite uslovi pred MSP, preku GSON , ni treba prosto mnozinstvo (za ON rezoulcijata vo koja prashanjeto za legalitet e sodrzhano).
kojco, 08.08.2013 23:43:47
Do Im e Gajle Se si vo pravo. 100 % tocen odgovor, samo kaj nas Grujo, Latas, Milka zboruvaat NAOPAKU.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 34°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ��етко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |