Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.08.2013, 13:33

Земјиште под легализиран објект ќе се откупува и без урбанистички план

Откуп на земјиште под легализиран објект и во случај да не е донесен урбанистички план ќе се овозможи со законските измени на Законот за градежно земјиште, што ги усвои Владата.

- Ова беше едно од поголемите барања на граѓаните кои веќе си ги легализирале објектите, бидејќи некои од општините, особено руралните, нем��ат донесено детални урбанистички планови. Со ова им излегуваме во пресрет. Со измените на Законот се овозможува и во случај да нема детален урбанистички план граѓанинот што има легализирано објект првин да си го откупи земјиштето под објектот. Кога ќе се донесе планот ќе може да го откупи и останатото земјиште, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска на прес-конференција.

Тој презентира измени на законите за градење и за градежно земјиште, со кои очекува потранспарентни и поефикасни процедури во процесот за издавање одобренија за градење и во постапката за продажба на градежно неизградено земјиште.

Со законските измени, исто така, се дава можност да се воспостави службеност на државно неизградено градежно земјиште, пред се за инфраструктурни објекти, како што се малите хидроцентрали.

Покрај одобрението за градење кое од 1 јуни се издава електронски, на таков начин ќе се спроведуваат и останатите постапки предвидени со Законот за градење, како што се одобренијата за реконстукција, за доградба...

Со предложените измени на Законот за градење, како што рече Јанакиески, се овозможува од 1 ноември годинава целиот систем за одобренија за градење да биде по електронски пат, за што веќе се изготвува софтвер. По електронски пат досега се издадени пет одобренија за градење, со просечен рок од 25 дена. Претходно одобренијата се издаваа во просек за 45 дена.

Според Јанакиески, генерално сите општини се подготвени за електронско издавање на одобренијата. - Кај дел од општините има неподготвеност и проблеми, но нема да се откажеме од овој процес. Организиравме обуки за општините и генерално сега сите се подготвени за издавање одобренија за градење. Уште на почетокот кажав дека ќе има мали проблеми, но ги решаваме во од. Генерално системот е одличен, над 90 проценти од општините се подготвени и нема некој поголем застој во издавањето одобренија, рече Јанакиески.

Значајна новина што се предлага со законските измени, како што информира, е што при процесот на продажба на градежното државно земјишпте по електронски пат ќе се доставуваат и апликациите.

Општините и Министерството за транспорт и врски се обврзуваат целокупната документација, како што е извод од план, нумерички податоци, имотен лист... да биде на веб апликацијата. Доколку не се ставени тие документи самиот софтвер нема да овозможи почеток на јавното наддавање. И следењето на постапките да биде по електронски пат, наведе Јанакиески и додаде дека по електронски пат ќе се одвива и постапката за дооформување на градежните парцели.

Новина е и тоа што во случај на раскинување на договор 80 проценти од уплатените средства за земјиштето нема да бидат вратени. Досега се враќаше целиот износ на уплатени средства.

Министерот Јанакиески очекува предложените законски измени да бидат усвоени од Собранието најдоцна до крајот на октомври годинава.


Статијата е прочитана 1158 пати.


Испрати коментар



Рикер изрази надеж за разговори за името наесен
Букурешки мировен договор, 100 години потоа
(ФОТО) Кежаровски - Обвинет сум за јавно искажан збор!
Нови инвестиции во општина Илинден
Дивиот пазар се пресели на улица
Виетнамци четири децени бегале од Американци
Трет месец паѓаат светските цени на храна
Баба Лина Ќучукова зачекори во 105-та година
Ѓорѓиев - Нема датум за укинување на забраната за увоз на пченица
ФЗОМ го олеснува подигнувањето на електронските картички
Земјоделците не даваат пари за осигурување
(ФОТО) „Македонски манифест“ го запали Букурешкиот договор
Утре невреме со пороен дожд и грмежи
Жак Ширак поминува пензионерско лето
Добивката на „Телеком“ намалена за 40 проценти
Воз прегази човек на излезот од Прилеп
Нагасаки одбелжува 68 години од атомската бомба
Девојка загина во сообраќајка кај Ростуше
Пилоти на „Туркиш ерлајнс“ киднапирани во Бејрут
Сопругата на Морси - Издржете, тој ќе се врати
Обама-Самарс - Кризата во фокус, Балканот само споменат
По Силвио на чело доаѓа Марина Берлускони?
Самарас ги почна средбите во Вашингтон
Го застрелале само што дошол на работа
Нова фонтана и старата коцка на плоштад
Македонските превозници на нафта и ОКТА во војна
Српската влада повторно се заканува за пченицата
Одбележана 12-годишнината од Карпалак
Кристофер Хил - Вашингтон го губи интересот за спорот со името
Повредени и приведени во престрелка во скопско Кондово
(ФОТО) Двајца повредени во сообраќајка кај „Нова Македонија“
Половина Македонија во портокалова фаза
Муслиманите го слават Рамазан-бајрам
(ФОТО) Седница на Општина Центар на отворено кај „Бристол“
Обама ја откажа средбата со Путин поради Сноуден
Честитка од поглаварот на ИВЗ - За празникот да ги почитуваме сите
Честитка од државниот врв за празникот Рамазан-бајрам
Прв случај на пренесување на новиот птичји грип од човек на човек
Граѓаните генерално задоволни од услугите на администрацијата
САД со дронови ќе напаѓаат во Јемен
Во Прилеп се одбележуваат 12 години од Карпалак
Почна посетата на Самарас на САД



mitre, 07.08.2013 14:55:29
Ех Миле, Миле!!??? Толку ви требаат пари на вас Преродбениците што би го баплаќале и воздухот на објектите.......ама и тоа ќе ви е малку????
bitola, 07.08.2013 16:47:29
starite rekle najlos e domasniot aramija,sds i dpmne go dokazaja toa,od plakanje po simbolicna cena na uzurpirano drzavno zemjiste[narocito na vodno]od predcite na ovie politicari,se dojde i dedovinata da si ja otkupuvame,toa ne ni go pravele ni turcite,ni bugarite ni srbite,pa ni beograd vo vreme na SFRJ,sega ovie takanareceni nasi so sediste vo SK,i majcinoto mleko ke ni go naplatat.eden mislitel ubavo rekol,ne se raduvajte mnogu na nasa vlast,oti vlas e vlas ta turska ta kaurska i se zavisi od bubackite vo glavata na liderot,pa mozi da vojuvate,gradite ,urivate,i sto ne.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ретко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |