Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
08.08.2013, 13:23

Одбележана 12-годишнината од Карпалак

И оваа година беше побарано покрај плочата со имињата на загинатите да постави спомен обележје

Со полагање цвеќе и панихида денеска пред спомен-плочата беше одбележана 12-годишнината од загинувањето на 10-те припадници на АРМ од Прилеп во месноста Карпалак на автопатот Тетово - Скопје.

Панихидата ја отслужија двајца свештеници на тетовското архиерејско намесништво на МПЦ- ОА, а на одбележувањето присуствуваа министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за здравство Никола Тодоров, заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Генералштабот на АРМ, роднини, пријатели и сограѓани на загинатите од Прилеп, како и претставници на политички партии, здруженија на бранители од Прилеп, Куманово, Скопје и Тетово.

Дел од семејствата на загинатите бранители побараа државата покрај плочата со имињата на загинатите да постави спомен обележје на ова место како своевиден знак за благодарност кон тие што загинале во нејзино име.

Претставниците на здруженијата на бранители уште еднаш побараа сите тие да се здружат под едно централно здружение со што полесно би ги оствариле правата на своите членови и нивните семејства.

- Државата помогна што можеше да помогне, но животите на овие малди луѓе нема да се вратат, рече Пецо Петрески, брат на загинатиот бранител Марко Деспотоски. Вецо Секулоски, брат на Пецо Секуловски рече дека остануваат на барањето што поскоро во Карпалак да биде подигнат споменик на загинатите бранители од Прилепско.

Според возачот на автобусот кој бил дел од нападнатиот армиски конвој Ацо Јованоски Реган, жално е што и по толку време не е пронајдено решение за соодветно одбележување на местото од загинувањето на десетте прилепски резервисти со споменик наместо со спомен плоча со нивните имиња.

- Денеска по 12-ти пат се среќаваме на ова место и морам да повторам - обичен камен да се постави за да запалиме свеќа и да ги оставиме цвеќињата наместо тоа да го правиме на банкината. Преживеаните од Карпалак и семејствата на загинатите го чествуваат овој ден, но болката останува, изјави Андоновски.

Претставникот на здружението „Прилепски бранители“, Зоран Талески го поддржа барањето за поставување спомен обележје на ова место.

- Дојдовме да се поклониме на местото каде загинаа нашите соборци, сограѓани и пријатели. Ние од ова здружение имаме една желнба, а тоа е сите бранители да бидеме во едно здружение за да бидеме посилни со што ќе поставиме споменик на Карпалак, а и ние полесно ќе ги оствариме своите права, рече Талески.

На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.


Статијата е прочитана 551 пати.


Испрати коментар



Рикер изрази надеж за разговори за името наесен
Букурешки мировен договор, 100 години потоа
(ФОТО) Кежаровски - Обвинет сум за јавно искажан збор!
Нови инвестиции во општина Илинден
Дивиот пазар се пресели на улица
Виетнамци четири децени бегале од Американци
Трет месец паѓаат светските цени на храна
Баба Лина Ќучукова зачекори во 105-та година
Ѓорѓиев - Нема датум за укинување на забраната за увоз на пченица
ФЗОМ го олеснува подигнувањето на електронските картички
Земјоделците не даваат пари за осигурување
(ФОТО) „Македонски манифест“ го запали Букурешкиот договор
Утре невреме со пороен дожд и грмежи
Жак Ширак поминува пензионерско лето
Добивката на „Телеком“ намалена за 40 проценти
Воз прегази човек на излезот од Прилеп
Нагасаки одбелжува 68 години од атомската бомба
Девојка загина во сообраќајка кај Ростуше
Пилоти на „Туркиш ерлајнс“ киднапирани во Бејрут
Сопругата на Морси - Издржете, тој ќе се врати
Обама-Самарс - Кризата во фокус, Балканот само споменат
По Силвио на чело доаѓа Марина Берлускони?
Самарас ги почна средбите во Вашингтон
Го застрелале само што дошол на работа
Нова фонтана и старата коцка на плоштад
Македонските превозници на нафта и ОКТА во војна
Српската влада повторно се заканува за пченицата
Кристофер Хил - Вашингтон го губи интересот за спорот со името
Повредени и приведени во престрелка во скопско Кондово
(ФОТО) Двајца повредени во сообраќајка кај „Нова Македонија“
Половина Македонија во портокалова фаза
Муслиманите го слават Рамазан-бајрам
(ФОТО) Седница на Општина Центар на отворено кај „Бристол“
Обама ја откажа средбата со Путин поради Сноуден
Честитка од поглаварот на ИВЗ - За празникот да ги почитуваме сите
Честитка од државниот врв за празникот Рамазан-бајрам
Прв случај на пренесување на новиот птичји грип од човек на човек
Граѓаните генерално задоволни од услугите на администрацијата
Земјиште под легализиран објект ќе се откупува и без урбанистички план
САД со дронови ќе напаѓаат во Јемен
Во Прилеп се одбележуваат 12 години од Карпалак
Почна посетата на Самарас на САД



Mirko, 08.08.2013 18:02:42
Neviden sramotilak! Drzavata gi otpisa, kako potrosen materijal. Vo borba, vo borba makedonski narode.... kazi koj e lud da gine i zosto? Taka li se razviva patriotizmot?
meksikanec, 08.08.2013 18:10:45
Почитувани,сочувствувам со семејствата на загинатите бранители,нивните соборци и пријатели.Синот мој беше дел од овие сили скоро деветнаесет месеци.Јас побарав да се најдам како доброволец и да бидам таму каде што беја и нашите синови.За ради годините,моите пријатели ми се заблагодарија,но мојот пример го искористија во јакнењето на борбениот морал на припадниците.Како човек што како и вие, ја сака оваа наша напатена земја ви порачувам да не се делите и да не дозволите тоа да го прават политичките партии посебно ДПМНЕ, доказана како иницијатор за формирање на параорганизации со единствена цел да го продолжи своето владеење.Ако не беше така, немаше да ги амнестира Хашките случаи,Да предложи Закон за бранителите кој никогаш не се донесе,да го постави Џафери,дезертерот од АРМ за Министер за одбрана,кој се поклонува пред жртвите на УЧК,но не и жртвите од Татковинската војна итн.Збијте ги своите редови околу Ген. Стојанче Ангелов,зајакните го своето единство,затоа што само така ке успеете.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Недела
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Среда
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Гастроманија - Благи и мрзливи разладувања
На плус 40 Целзиусови ретко кој може да размислува како гурман па единствен спас наоѓа во лубениците и сладоледот...
„Ауди“ го претстави најштедливиот модел
Потрошувачката е само 3,2 литри на поминати 100 километри. Без дополнување гориво минува 1.500 километри: новиот „ауди А...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |