08.08.2013, 14:36 Осигурувањето на Антиќ е средено
Целиот процес на формализацијата на осигурувањето траеше неколку дена, па токму затоа тој не настапи на двата пријателски меча со Хрватска
Перо Антиќ целосно ќе му биде на располагање на селекторот Алеш Пипан откако од македонската кошаркарска федерација (МКФ) информираа дека се средени последните детали околу осигурувањето на капитенот. Целиот процес на формализацијата на осигурувањето на Антиќ траеше неколку дена, па токму затоа членот на Атланта хоукс не настапи на двата пријателски меча со Хрватска. Строгите правила на НБА-лигата налагаат кошаркарите што настапуваат во своите национални тимови да добијат посебно осигурување, во спротивно нема да може да ги бранат боите на своите земји.
„Од денеска процедурата за осигурувањето на нашиот кошаркар како нов член на Атланта хоукс е официјално завршена, така што Антиќ ќе може редовно да ги продолжи подготовките со националниот тим“, велат од МКФ. |