07.08.2013, 12:32 ФОТО+ВИДЕО: На „Тајмс сквер“ во долна облека за нов светски рекорд
Над 2.000 луѓе во долна облека се собраа во центарот на Њујорк по повод националниот ден на долна облека за да го соборат Гинисовиот рекорд
Повеќе од две илјади раз��олени луѓе вчера се собраа на „Тајмс сквер“ во Њујорк со цел да го соборат Гинисовиот рекорд по повод националниот ден на долна облека.
Манифестацијата е одржана на Бродвеј помеѓу 46 и 47 улица и собра илјадници разголени луѓе, кои во добро расположение се обидоа да го соборат светскот рекорд.
Настанот на кој учествуваат луѓе во долна облека сепак се држи до извесна доза на вкус при што голотијата не е дозволена, додека сите лични стилови, колку и да се ексцентрични се поддржуваат и поттикнуваат.
Претходниот рекорд изнесуваше 2.271 луѓе во долна облека, а овогодишниот собир ја надмина таа цифра, но се` уште не се соопштени официјалните бројки.
|