Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
10.09.2012, 17:26

Намалени цени и повеќе пари за лекови

Фондот за здравствено осигурување на аптеките им даде околу 140.000 евра повеќе пари, а 12 лека ги извади од квотите на аптеките, што значи дека аптеките ќе мора да ги имаат во секој момент кога ќе побара пациент. Меѓу нив е лекот за трансплантација на бубрези „целцепт“, како и лекови за други специфични и ретки болести. На овој лек и на други седум лека Фондот им ги намали референтните цени. Така, цената на „целцептот“ што ја признава Фондот, од 9.000 денари е намалена на 1.700 денари. Со новите 12 лека, од октомври во аптеките ќе има 39 лека за кои аптеката ќе нема ограничување да го набави, а на пациентот да му ги издаде во секој момент. Процесот на ослободување на лековите од квоти е во пет фази и ќе заврши во 2015 година.

Од август, пак, аптеките ќе може да набавуваат лекови со сини картони во вредност од 2,74 милиони евра или 168,5 милиони денари, што е за 140.000 евра повеќе. Зголемувањето на квотите се должи на прераспределувањето на неискоритените средства од претходниот период. Редистрибуција на средствата е направена на вкупно 724 аптеки со кои Фондот има активен договор. Од нив, кај 295 аптеки квотата е зголемена за 20 отсто, а кај 181 аптека е намалена од 10 до 40 отсто, зависно од нивната реализација. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 211 пати.

Испрати коментар



Не се знае колку болни умираат од болнички инфекции
Македонија може да остане без тутун
 

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 6°C

Четврток
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (21)
Хрватската пролет. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Сликата со Брејвик вознемири многумина
Атанас Ботев смета дека институциите во земјава се незаинтересирани за промовирање и поддржување уметници, освен на одре...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |