Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
22.08.2010, 18:01

5 прашања 5 одговори

Економската зона ќе го прероди Кичево

Благоја Деспотовски

Во малите фабрики се планираат работни места за стотина лица: градоначалник на Општина Кичево

Киро Кипроски

Кои се Вашите приоритети во работењето?

Кога седнав на градоначалничката фотелја, имав цел да создадам услови за изградба на нови индустриски капацитети и да отворам циклус на инвестиции што ќе бидат двигатели на развојот на општината. Тоа е предуслов за нови работни места што ќе го врати оптимизмот кај моите сограѓани, дека и во Кичево може пристојно да се живее и да се заработува. А и ќе се намали иселувањето од овој регион. Индустриската зона ќе го прероди Кичево. Станува збор за површина од 25.000 квадратни метри. Ќе се протега на просторот меѓу погонот за шрафови „Тане Цалевски“ и силосите, на западната магистрала Кичево - Охрид, во непосредна близина на железничката пруга. Во првата фаза продадовме 18 локации. Купувачи се бизнисмени од Кичево. Тие најавуваат дека наскоро ќе изградат мини-фабрики за производство и за услуги, а на почеток да вработат над сто лица. Од локациите во зоната непродадени останаа уште две, но и тие ќе добијат сопственици. Верувам дека наскоро ќе ги почувствуваме првите ефекти.

Што реализиравте од предизборните ветувања за граѓаните?

Кичевци сами забележуваат дека работите тргнаа во сите сфери на живеење откако општината ја води нов тим. Многу е важно што по шест години ја деблокирав сметката на општината за сто милиони денари. Со чиста сметка брзо и ефикасно ги решаваме секојдневните проблеми. Но, истовремено можеме да се зафатиме и со повеќе инфраструктурни проблеми таложени со години.

Врз која основа беше блокирана сметката и на кој начин ги собравте средствата?

Шеесет отсто, односно 60 милиони денари беше долг кон сопствениците на имот, за експропријација на земјиште, за изградба на улици и на други јавни објекти, пред дваесеттина и повеќе години. Другиот дел, 40 милиони денари се однесува за неплатени фактури за изградба на улици и тротоари. Со моето доаѓање на градоначалничката позиција и во услови на економска криза успеавме двојно да ги зголемиме општинските приходи. Од Министерството за одбрана општината ја доби касарната. Годинава очекуваме дополнителни средства од продажбата на тоа земјиште. На јавен тендер очекуваме да продадеме 21.000 квадратен метар, а така ќе се реализира и нашиот проект за изградба на станбено-деловен центар. Според урбанистичкиот план, се предвидува изградба на седум згради, со габарит од по 3.600 квадратни метри.

Што станува со дивите градби, дали ќе ги легализирате?

Советот на Општина Кичево донесе одлука за измена и дополнување на деталните урбанистички планови за неколку градски населби. Ова го направивме за да се исполнат барањата на граѓаните што се подготвени да инвестираат во домови за живеење. Со зголемениот прилив на средства во буџетот ќе ги решаваме комуналните проблеми. Исто така, со измените на урбанистичките планови ќе бидат легализирани неколку стотици објекти изградени без потребната документација. Но, се разбира, под услов да се вклопат во новите урбанистички решенија. Годинава вложивме над милион евра за поправка на улици и тротоари, за поставување цевки за фекална и атмосферска канализација, го подновивме локалниот пат за селото Раштак... И во новата зграда за подрачното училиште во населбата Пашино вложивме милион евра, а во финална фаза е спортската сала. Со средства од Светска банка ќе се асфалтира локалниот пат Крушино - Кнежино во должина од пет километри, а за оваа намена ќе се потрошат 350.000 евра.

Има ли проблеми што не може општината сама да ги реши?

Да. Има два крупни комунални проблема, дивата депонија покрај реката Темница и водоснабдувањето. ��раѓаните треба да бидат потрпеливи, бидејќи сме на пат да ги решиме. Очекуваме финансиска поддршка од државата. За замена на старата и дотраена водоводна мрежа, потребни се 700.000 - 800.000 евра. Единствено решение за депонијата е фабрика за преработка на ѓубре. Контактираме со фирма од Канада. За овој зафат е потребна помош од надлежните министерства и од Владата.


Статијата е прочитана 3210 пати.

Испрати коментар



Вербатим
Страст за реклами
Зголемен притисок за името



Kicevcanec, 23.08.2010 00:29:38
Koi vrabotuvanja koja prerodba ke napravis vo Kicevo,pogolem manipulant nemam videno od tebe.Zavrsi lazenjeto na lugeto ,sega imaat druga pretstava za vasata prerodba prosirena i nadgradena.Za dzabe ti go dadov glasot za tebe gradonacalnice sega da ima izbori dvete race da mi gi presecat neglasam ni za tebe ni za tvojot GRUJO/Pozz od Kicevo.
star kicevcanec, 23.08.2010 00:33:42
Blagoja drzise do foteljata zasto toa e najudobno mesto i ponekogas odi do knezino za da zemis vozduh,ne ti trebat zoni vece gi imate a imate i blokovi,protoni i elektroni toa e kicevo.
boban, 23.08.2010 02:59:56
Gradonacalnice zaboravivte da kazete kako mu otvorivte firma vo Svedska na vasiot sin i kako preku taa firma perite pari,a za Kicevo nisto nemate napraveno!
Pero, 23.08.2010 03:05:04
Ma ne e problem,site e-zoni ke rabotat so polna parea..Pogotovo vo Kicevo.Eve do Bunardzik ne moze da se stigne od guzva.
Ќе, 23.08.2010 07:23:03
Направите нешто, доста е со ќе.
Љазе, 23.08.2010 07:53:47
Абре, кичевчани мои. Од пандур до градоначалник! И сакаме да имаме аир.
jas, 23.08.2010 08:24:28
Kolku se polni zonite vo Makedonija brzo pravete vo Kicevo da mozat investitori da dojdat sto gi prakaat promotori, sto ke bide ako nema mesto vo ovie sto gi imame. Zar seuste mislite deka veruvame vo vakvi nebulozi
OLIVER, 23.08.2010 08:55:07
Vakov tip na narod nigde ne postoi. Uste 500 lugje da vrabotis gradonacalnice djabe im e na ovie nikogas nema da bidat zadovolni, zosto sekoja rabota sto ne e fizicka e mnogu lesna za fizikalci i zatoa vakvo im e nivoto na obvinuvanja koj ne se argumentirani.
Dara Buba Mara, 23.08.2010 09:13:51
Ekonomskite zoni gi prerodija Skopje i Stip, sega na red e Kicevo, jadno toa. Kogo be vie lazete, prestanete veke. Koga ne ve biduva da poseete zito ne seejte barem kukol.
Кичево, 23.08.2010 09:20:32
Е Градоначалниче Ташко, многу лесно кажуваш што си направил и што ќе направиш??????? Јас ќе Ви кажам што имате направено и што ќе направите....... 1. Кичево смрди од депонијата која ја палите секој ден 2. Патот од Крушино до Кнежино ќе го преасфалтирате затоа ��то со Китаноски имате тамо викендици 3. Да му одговарам и на Перо дека покрај Шведската фирма и перење пари во знак на благодарност на Целе двајцата внуци му ги направи директори-командири
Censored, 23.08.2010 10:29:41
Da se bide realen potrebno e da se ima i malku hrabrost. Iako sum relativno mlad, jas licno sum prezadovolen od rabotata na G-dinot Despotovski. Ova go potvrduvam so sporedbata so prethodniot gradonaclnik, G-dinot Tolevski koj raboteshe samo za sopstvenite interesi, a da ne gi spomnam site poedinecno realizirani individualni proekti preku avtoritetot na gradonacalnik. Imame ogromen parking koj absorbira ogromna guzhva na srede bulevard, prekrasna edukativna zgrada vo Pashino, proshirena vodovodna i kanalizaciona mrezha i na najnedostapnite sredini, imame (za prv patvo Kicevo) zapazuvanje na rokovi vo odnos urbanisticki raboti a isto taka i za prv pat imame vistinski napori za naplata na pobaruvanja od Opshtinata i toa po mnogu konstruktiven pat, so licno dostavuvanje na reshenie za odanocuvanje na imot. Se na se,covekot dovolno se trudi.Sega na nas e redot da mu pomogneme i Kicevo da ni stane dobra pricina da zhiveeme vo gradot. Manipulanti od tipot: firma vo Svedska se stara finta
Македонија, 23.08.2010 10:38:53
Почитуваниот Градоначалник е честит човек,не знам за тие обвинувања подолу.Но,ја имам една молба до него...Кога се одржуваа Митинзите,сите до сега предизборни на ВМРО дпмне...прво нешто што им беше со нивните настапи Копачка ке е спасиме( се мисли на дрвниот комбинат ДИ Копачка доо во стечај-Кичево)..Што е направено за Копачка,за работниците,тоа беше државна фирма..на работниците ни должи утврдени плати како доверители..мене лично повеке од 5оо.ооо,оо денари, и 9 години неплатен стаж...Се разбира,тука имаше стачјни управници од двете големи партии,не навлегувам во тоа.Чекам да сторите нешто за Копачка..Тие парите од машините кои сте ги продале во износ од 18о.ооо евра...очекувам да бидат исплатени прво на нас работниците,очекувам Владата да ги прости тие 9 години за ПИОМ,нормално,оти сегашниот директор на ПИОМ подр.ед.Кичево, е поранешен стечан управник,кој 4 години не плати не еден месец ПИОМ за нас работниците.Чекам,инаку многу ве почитувам г.дине Ташко.Позз и успешна работа.Кичевч
stanko, 23.08.2010 10:39:59
Cestitki za vasata rabota gradonacalnik,samo taka prodolzete a na ovie komunjarive so ve napadjaat ne im odgovara cesna vlast koja so saka da napravi nesto za narodot i za gradot
јас, 23.08.2010 10:57:14
Пониски луѓе од оние кои сами се фалат за себе, НЕМАМ ВИДЕНО..Човек е човек , ако некој друг го пофали , а тој скромно одврати дека и тоа не е само негова заслуга...Ама , тоа ти е портокаловава „преродба“, -- ФАЛИ СЕ ОТИ НИКОЈ НЕМА ДА ТЕ ПОФАЛИ и ЛАЖИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР !!!
кичево, 23.08.2010 11:05:33
Градоначалникот - Со моето доаѓање на градоначалничката позиција и во услови на економска криза успеавме двојно да ги зголемиме општинските приходи. - Точно. Ги зголемивте со тоа што водата и комуналните услиги пораснаа за 35%. Градоначалникот - Има два крупни комунални проблема, дивата депонија и водоснабдувањето. - Не ја заборавајте и новоизградената болница која веќе 8 години не е вклучена во функција. Градоначалникот - Граѓаните треба да бидат потрпеливи - Па водоснабдувањето не е проблем од вчера. Уште колку да чекаме ??? Што се однесува на проблемот со дивата депонија - тоа е најголемиот проблем. А што е уште полошо депонијата секојдневно се пали и се шири неподнослива смрдеа полоша дури и од таа во Тетово. Вие ги немате решено ни основните проблеми во Кичево а не пак отворање на работни места . Искуствата со индустриските зони се добро познати така да и оваа нема да биде нешто поразлично !
jo, 23.08.2010 12:11:02
samo ne ste go prasale koj gi kupil placevite za fabriki,posto nikade ne e objaveno,ili im gi dal na tie sto im se javil preku noc?
Darko, 23.08.2010 12:33:41
Синот на градоначалникот работи како ИТ консултант во еден од најголемите телеком оператори во Европа „Tele2„ (http://www.tele2.com/). Многу злобно а и смешно е дека градоначалникот перел пари со една таква компанија :))
Трпе, 23.08.2010 13:04:37
Сигурно економските зони ке ги преродат градовите.Имаме преродбеничка влада.Еве слушам во Штип на гробиштата се бара место повеќе.Кој ке биде жив ке види.Но сега се наоѓаме на врвот на опашката.Ние сме патриоти,ако треба и коре��а ке јадеме и ке опстанемеНели сме големи патриоти,имаме блада која остварува.
mena, 23.08.2010 13:27:09
ve molam G.JANAKIEVSKI rasprasajte se malku sto kadri imate po lok. samoupravi.se kriminalci eden od niv i BLAGOJA.rasprasajte se kakva urbana mafija ima vo kicevo na celo soDESPOTOVSKI,ZEDNI ZA EVRA pretezno od albanskata populacija,dozvola za gradba na mesto so sudski spor za 20 000evra,gradonacalnikot ima cenovnik KORUMPIRAN GRADONACALNIK
josiv, 23.08.2010 13:27:37
Vo ime na gradot kicevo sakam da pojasnam za vistinata na gradonacalnikot , znaci vo moite 54 odini kako kicevcanec tvrdam deka Blaoja Despotoskikako gradonacalnik za edna godina ima napraveno onolku kolku sto nikoj ne napravil vo izminatite 10god. sakam samo da nadopolnam deka toj e uspesen ,cesen i lojalen gradzanin na ovoj grad. Toa go dokazuva i negovoto rabotenje kako direktor na rek oslomej kade vraboti preku 600 gradzani ( KICEVCANI) otvori novo naogaliste na rudnik i mnogu drugi korisni raboti za ovoj grad. Zatoa ke gi zamolam predhodnite komentatori da bidat objektivni i realni vo nivnite komentari . Samo sakam da potsetam deka vo izminative dva meseci ima asvaltirano 80% od ulicite vo gradot . so pocit JOSIV- KICEVO
Marija, 23.08.2010 14:40:43
Ke ve zamolam da go objavite pismovo zatoa sto ne e fer da gi selektirate komentarite koi ne vi odgovaraat. Bi sakala da mu se zablagodaram na nasiot gradonacalnik za se sto stori za naiot grad dosega, negovite uspesi vo rabotenjeto se nesporedlivi vo odnos na site dosegasni gradonacalnici,Site ovie komentari koi sledea dosega se od ocajni clenovi na SDSM cii bezobrazluk nema granici.Samo napred gradonacalnice imate podrska od celo Kicevo.
Запад, 23.08.2010 14:53:21
Улиците во Кичево се распаѓаат.Булевар,Центар,Автобуска...Срамота е во 21.век улиците да бидат такви.Поарно беше да ги обновите (не да ги закрпите) тие улици отколку да ги офарбате тротоарите.Бојата на тротоарите никому не му треба,за разлика од улиците
t25, 23.08.2010 16:20:28
golema podrska za proektite sto gi pravi gradonacalnikot na kicevo---i dosega ne sum videl posmesni komentari od ovie sto go kritikuvaat---da ne bese toj ce gazea v kal ovie sto go obvinuvaat---neka izlezat so argumenti koj i kolku napravil pa da sporedime--
realist, 23.08.2010 16:46:02
sekogas se sudruvame so istoto nikogas narodot nema da e zadovolen kolku i da se napravi ,samo taka prodolzete gradonacalnice ostavete gi zlobnicite da govorat za vas se najloso koga se komentira toa znaci deka se raboti a vie veke na pocetokot od vasiot mandat toa go pokazavte ...samo taka prodolzete pozdrav od kicevo
Doktor, 23.08.2010 16:49:35
Prvo sakam da gi pozdavam site kicevcani i da dadam edno moe viduvanje na site ovie raboti sto gi pisuvaat i da im postavam nekolku prasanja. Sakam da gi prasam koj gradonacalnik asfaltiral poveke patista od ovaj gradonacalnik? Koj gradonacalnik napravil poveke kanalizacija od ovoj gradonacalnik? Na koj prethodno mu teknalo da go ocisti mocuristeto na petiot kolosek? Mnogu dobro znaeme deka mesnosta Krusino e najdobroto mesto kade sto sportuvaat mladite kicevcani i sega na nekoj mu smeta zosto ke se pravel patot natamu, dragi moi kicevcani dobro e koga ke se gradi, loso e koga ke se raskrcmuva i trosi bezpotrebno. I uste eden pozdrav do kicevcani i da mu dadat podraska na najdobriot i najvredniot gradonacalnik vo cela Makedonija

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Вторник
Облачно
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)
Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Шатлот „Ендевор“ замина во пензија
Ова вселенско летало тешко 75 тони стапи во служба во 1992 година, помина 123 милиони милји обиколувајќи ја Земјата 4.70...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |