Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Стил: Интервју

Спој на источната и западната медицина

Квантната медицина покажува извонредна ефикасност и успешност при процесите на лекување на заболувањата зборува Дејан Сарчевски

Ивона Саздовска

Со оглед на се' поголемиот развој на медицината, понекогаш се прашуваме кој е вистинскиот начин на лекување. Дали редовното консумирање на препишаните лекови, одењето на предвидената терапија се доволни за да се подобри здравјето или барем делумно да се стопира прогресот на одредени болести.

За таа цел многумина ќе речат дека се' што не е општа медицина, се вбројува во друга категорија која се нарекува алтернативна и според општото мислење се зема предвид, но не треба да и' се обрнува некое особено внимание.

Прашањето кое по аналогија се наметнува е дали тоа навистина е така? И можно ли е алтернативната медицина понекогаш да понуди поадекватно решение за соодветниот здравствен проблем?

Еден аспект на одговорите има д-р Дејан Сарчевски, кој веќе три години е сопственик на ординацијата „Биоквант медикал“, која се занимава со лекување и терапии врз основа на квантната медицина.



Како дојдовте на идеја воопшто да започнете со изучување на квантната медицина? Што е тоа што Ве наведе да зачекорите во таа сфера на алтернативно лекување?

- Морам да истакнам дека квантната медицина е особено развиена кај источните земји, поконкретно во Русија, каде што особено внимание и' се придава на биофизиката. Имав можност да престојувам долги години во таа земја и на студиите во Москва гледав колку тие луѓе се заинтересирани за тој дел од науката, па следствено на тоа се фокусираше и мојот интерес. Но, вистинската причина за тоа што сум денес беше предизвикана од еден професор, кој на испитот по микробиологија ни постави прашање на кое едноставно не можевме да најдеме одговор, иако сите бевме убедени дека го знаеме. Прашањето гласеше: што е тоа што му дава живот на организмот? По неколку наши неуспешни обиди да одговориме, професорот ни рече дека тоа е животна искра, што секој може различно да ја сфати, согласно со своите убедувања. На крајот дојдовме до заклучок дека квантната честичка е најмалата можна искра, која е наш животен двигател.



Тогаш се наметнува прашањето што е квантна медицина?

- Наједноставно кажано, квантната медицина претставува спој или интеграција на источната и западната медицина. Апаратурата со која работи оваа медицина има цел да го „прочита“ вашиот организам преку биоточките или зоните кои се поврзани со вашите органи. Што би се рекло, секоја точка е поврзана со одреден орган од вашето тело. Затоа и квантната медицина го подразбира човековиот организам како систем со добро развиена енергетско-информативна мрежа која е интегрирана на сите нивоа.



Каков вид апаратура се користи за потребите на квантната медицина?

- Прва работа што морам да ја споменам е фактот дека апаратурата е релативно евтина во однос на големите апаратури што ги употребуваат болниците. Започнуваме со мануелна масажа, потоа продолжуваме со квантни ласери кои влијаат на различни болести, деформитети, терапии и слично и на крајот завршуваме со терапија од ароматични масла. Што се однесува до работата на ласерите, на пример, имаме импулсен инфрацрвен ласер кој влијае на подобрување на микроциркулацијата, потоа ја зголемува синтезата на колагенот, дејствува противвоспалително и врши стимулација на имунитетот. Пулсно некохерентното инфрацрвено зрачење врши благо загревање на ткивата, ја активира микроциркулацијата и врши засилена регенерација на кожата. Од друга страна, пулсно некохерентното црвено светло има влијание на локална аналгезија и предизвикува антиедематозен ефект. На крајот формирањето на постојаното магнетно поле помага во зголемување на клеточниот потенцијал, ја подобрува трофиката на ткивата и го засилува антиедематозниот ефект. Од сето ова може само да се заклучи дека дијапазонот на ласерите е и повеќе од извонреден.



Кажавте работи кои на повеќето ќе им звучат непознато. Може ли наједноставно да ни објасните како квантната медицина ги лекува заболувањата на организмот?

- Пред се', морам да напоменам дека станува збор за сосема безболен третман. Наспроти иглите и боцкањето, овде принципот е сосема поинаков. Лекувањето се врши преку враќање на нарушената фреквенција во нормала или барем приближно до нормала по пат на милиметарска бранова терапија МТТ. Најновите сознанија говорат дека за воспоставување рамнотежа може да се дејствува со многу висока фреквенција. Принципот на работа е многу едноставен. Електромагнетниот бран ја дава информацијата што се пренесува до клетката и понатаму на тој начин се шири по организмот и така го отстранува заболувањето. Најмодерно кажано: на организмот му се случува едно „ресетирање“ за да може повторно да функционира ефикасно.



Кои болести може да се лекуваат со квантната медицина и постои ли веројатност за предвремено откривање одредени заболувања за кои по редовен медицински пат се потребни безбројни анализи?

- Апсолутно да. Една од предностите на оваа медицина е токму таа. Официјално кај нас може да се лекуваат 230 болести, што ни оддалеку не е мала бројка, а сигурен сум дека со текот на времето дијапазонот уште повеќе ќе се зголеми, паралелно со процесот на достигнувањата што ќе се случуваат во овој дел од науката. На пример, успешно се лекуваат гастритис, чир на желудник, болести на штитната жлезда, предијабетес, исхемична болест на срцето, артритис, дискуспатија, лумбо-ишијалгија, полицистични јајници, некои видови неплодност, хроничен ларингитис, намалување на алерголошки реакции се' до степен на нивно исчезнување и уште многу други.



Со оглед на големиот оптимизам што го влева квантната медицина, со колкав процент може да се измери нејзината ефикасност?

- Со оглед на моето досегашно работно искуство и постигнатите резултати, можам да кажам дека сум презадоволен од тоа како квантната медицина влијае на човековиот организам. Почетниот скептицизам кај моите пациенти се губи за кратко време кога и самите ќе се уверат во постигнатото. Ако морам грубо да го кажам процентот, тогаш ефикасноста е нескромни осумдесет и девет - деведесет проценти. Звучи феноменално, но е многу реално и остварливо.



Вашата ординација „Биоквант медикал“ работи веќе три години. Како се охрабривте да отворите ваков вид ординација, со оглед на фактот дека познавањата за квантната медицина се многу слаби помеѓу народот?

- Во услови на современа технологија ниту една информација не е недостижна ниту, пак, тајна. Доволно е само малку да побарате на веб-страниците и веднаш можете да се информирате за се' што ве интересира во однос на квантната медицина. Во почетокот и јас не бев сигурен дали го направив вистинскиот чекор, но како што поминува времето, а со тоа и заинтересираноста на пациентите е зголемена, сфаќам дека сум завршил голема работа. Мојата ординација, пред се', е официјален партнер на Институтот за квантна медицина во Москва, а истовремено е и член на Интернационалната асоцијација по квантна медицина, како и партнер на Центарот за биотичка медицина. Сакам да кажам дека се' што е новитет во оваа наука го следам и се трудам да го развијам и овде, со цел да им помогнеме на повеќе пациенти. Впрочем, како доктори, тоа е и нашата примарна дејност.

 


Статијата е прочитана 307 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Мистеријата и постојаноста на Обама
Театарски караници
Зденко
Бојо Андревски судски ќе ги преземе „Време“ и „Шпиц“
Одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Кочо Рацин
Насловна
На скопските дисперзирани факултети нема ни 10 студенти
Сезона на тишина на Универзитетот
Матрица
Нов пакет на Метју Нимиц за јазикот и за нацијата
Балканот ќе нема напредок без ЕУ
Доматите се газеа, сега ги нема ниту за лек
ЕУ порачува
Циркус - дебата за Македонија во Брисел
Руски рулет
Вербатим
Домашниот фудбал повторно на сцена
Карикатура
Асиф Али Зардари

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.