Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Доматите се газеа, сега ги нема ниту за лек

Големата побарувачка на доматите услови раст на цените

Александрија Стевковска


Трговците се најдоа во мртва трка за откуп на домати, бидејќи на пазарот во услови на зголемена побарувачка буквално снема домати за продажба. И додека пред неколку дена, соочени со проблемот на пласман, земјоделците ги фрлаа и газеа доматите за да го покажат револтот од откупните цени и долгиот рок од 90 дена за исплата на предаденото производство, сега молчат. Големата побарувачка на домати создава услови за раст на цените.

„Нормално дека во услови на зголемена побарувачка расте и цената на доматите, што пак овозможува прилив на средства кај производителите за покривање на нивните производствени трошоци. Претходните цени од 4,5 до 5 денари за килограм беа премногу ниски, што предизвика револт кај земјоделците, истурање и газење на доматите по улиците“, вели претседателот на Федерацијата на фармерите, Ѓоко Данаилов.

Според него, големата побарувачка довела до недостиг од домати, но набрзо ќе се реши тоа, односно се очекува деновиве да се пласира новото производство кое би требало да ги задоволи потребите на откупувачите.

Зголемената побарувачка и растот на откупната цена на доматите го потврдува и Министерството за земјоделство.

„По остварените интензивни контакти со министерствата од регионот и со домашните конзервни фабрики, се јави голема заинтересираност на трговците за струмичкиот домат. Според согледувањата, стабилизиран е откупот, особено по зголемениот извоз во Бугарија, Грција, Романија и во други земји. Цените бележат зголемување, а останува отворена и можноста за откуп во преработувачки капацитети кои дневно откупуваат од 30 до 50 тони. Трговците го информираа Министерството дека сега нема доволна понуда на домати и дека тие не биле во можност да ги откупат потребните количества за извоз“, информираат во Министерството за земјоделство.

Проблемот со откуп на домати се јави пред околу три недели, кога немаше никаков пласман на производството на домати. Проблем беше тоа што немаше никаква побарувачка, поради што доматите беа фрлани и газени. По пројавениот интерес на откупувачите за преземење на понудените количини на производството, земјоделците беа незадоволни од цената од 5 денари за килограм, но многу повеќе реагираа на рокот за исплата на откупените домати. Имено, производителите на домати беа незадоволни и од рокот од 90 дена што им бил ветен за исплата на откупените количини и тие бараа парите да ги добијат во рок од 3 до 4 дена од откупот. Струмичките земјоделци, исто така, бараа да ги предадат есенските домати под пластеници на конзервно-преработувачките капацитети, но под услов откупот да биде во Струмичкиот регион, а не во конзервните фабрики во Гевгелија и во Свети Николе, бидејќи тоа ги оптоваруваше со транспортни трошоци. По контактите што се остварија со трговците во регионот, македонските домати „отпатуваа“ надвор од земјава, а преработувачките капацитети останаа без суровина и без производство.


Статијата е прочитана 1139 пати.

Испрати коментар

Од: кечап
Датум: 13.09.2008 02:06:05
Случајот на уништување на домати и останати земјоделски продукти е костантно присутен во нашата држава кој се силно се одразува на нестабилноста на пазарот и на производството. Цените на нашите земјоделски продукти во споредба со меѓународните цени на истите продукти се многу пониски, што укажува дека сите би ги прифатиле нашите. Доколку владата се погрижи да оствари спогодби за слободна трговија со истите продукти и овозможи добри услови за извос ке придонесе во стабилизација на пазарот и производството. Сегашните произведувачи кои беа донесени во лоша позиција со предходните неуслови за продажба ке надокнадат со сегашниот пораст на цената поради недостатокот, меќутоа во полоша позиција ке се најдат граѓаните кои ке треба да плаќаат вештачки цени кои се предизвикани од нестабилниот пазар.
Од: grebator
Датум: 13.09.2008 03:16:17
Се знае одреден личности кои се нарекуваа незадоволни земјоделци кој ги тераше да ги фрлат доматите(френките) за да собира поени заев[email protected] сега веке немат томати за да ги предадат на откупот. кога веке еднач ке свати овој наш народ дека цената се диктира од побарувачката и купувашчката, и колко време треба да им се објаснува. А сега со останатите домати кои сега можеа да ги дадат и по 10-12 ден. ако не беше собирањето на поени на Зоран 8000000. Сега идете и истурете му ги во дворот - _
Од: Alex
Датум: 13.09.2008 05:45:08
E sega pak prerabotuvachite na domati neka se praat mangupi i da gi omalovazuvaat zemjodelcite so otkupna cena od 4 denari za kg-zatoa ostanaa so prstot v usta!!!Bravo na proizvoditelite i vladata!
Од: tina
Датум: 13.09.2008 13:25:08
E kade se zemjodelcite sega da se zalat...ili koga im odgovara pazarnata ekonomija togas se e dobro...pa neka ne se zalat i koga cenata e dole...oti ovaa cena ne im odgovara na gradjanite...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Мистеријата и постојаноста на Обама
Театарски караници
Зденко
Бојо Андревски судски ќе ги преземе „Време“ и „Шпиц“
Одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Кочо Рацин
Насловна
На скопските дисперзирани факултети нема ни 10 студенти
Спој на источната и западната медицина
Сезона на тишина на Универзитетот
Матрица
Нов пакет на Метју Нимиц за јазикот и за нацијата
Балканот ќе нема напредок без ЕУ
ЕУ порачува
Циркус - дебата за Македонија во Брисел
Руски рулет
Вербатим
Домашниот фудбал повторно на сцена
Карикатура
Асиф Али Зардари