Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Домашниот фудбал повторно на сцена

Денеска на Градски играат Работнички и Металург, утре во Куманово е дербито Милано - Вардар

Миодраг Мицковиќ


Со репрезентативните настапи во квалификациите за Светското првенство против Шкотска и Холандија на нашата најдобра селекција, завршија возбудувањата на европската сцена, на ред е сега повторно домашен фудбал, по двонеделна пауза. Денес и утре на програмата е петтото прволигашко коло со неколку интересни средби и првото вистинско дерби не само за висок пласман, можеби и за титулата. Во Куманово играат најголемиот фаворит за првото место забревтаниот Вардар, кој по три кола (во едно беше слободен), нанижа три убедливи победи постигнувајќи на секој меч по три гола: Победа (3:0), Пелистер (3:0), Ренова (3:1) покажувајќи дека со нов, многу посилен состав и уште помоќен спонзор во семејството Костовски дека ова треба да биде негова сезона.

Од друга страна Милано, во последниве три години го сврте вниманието на љубителите на фудбалот со своите успеси, најпрвин во Втората а потоа и како дебитант во Првата лига не крие дека негува амбиции за титулата. Кумановчаните имаат добар тим, на три средби две победи и едно реми и ќе биде „густо“ утре попладне во Куманово. Ова ќе биде навистина прв тест на вардарците во тој поход кон титулата. Доколку победат тешко дека некој ќе ги сопре за да ја остварат својата цел - титулата, во случај на пораз, ќе биде навистина неизвесно при врвот.

Во Ѓорче Петров се игра второто дерби кое исто така одлучува за висок пласман: Македонија - Победа. Оваа констатација за висок пласман повеќе се однесува за „жолтите“ од Ѓорче Петров бидејќи по изминатите четири кола Победа покажа дека годинава нема тим за високи дострели, но Македонија, со двајцата Бразилци Вашингтон и Де Брито, со уште неколку засилувања може да им ги расипе сметките на Вардар и Милано. Фудбалерите од Ѓорче Петров засега немаат пораз, победа во мечот со прилепчани ќе ги зацврсти во зоната за висок пласман.

И на преостанатите три средби се очекува неизвесна борба. Особено во Тетово каде на Ренова и гостува Пелистер. Битолчаните се во голема финансиска криза, за кусо време се случија неколку потреси во клубот, оставки поднесоа потпретседателот Гоце Силјанов и директорскиот тендем: Мико Стојковски и Тони Мицевски што сигурно се одразува и на играчите така што Ренова е во предност, но не треба да се заборави дека битолскиот тим е непредвидлив кога се во прашање гостувањата.

Во Турново гостува Силекс кој се' уште нема победа, но нема и пораз - четири средби, четири нерешени игри од кои две на гостувањата. Овој биланс покажува дека кратовчаните играат цврст фудбал, нема да биде изненадување доколку и од Турново се вратат непоразени.

И на крајот локалното скопско дерби: Работнички-Металург, за првпат во прволигашка конкуренција. И Работнички како и Силекс има биланс од четири нерешени натпревари, нема победа, сигурно прекин на оваа реми серија ја гледаат во денешниот меч со „железарците“, кои на стартот не блескаа многу ремизирајќи на свој терен со Напредок и Хоризонт Турново.

Средбите се играат во недела, освен мечот Работнички-Металург кој се игра денес на Градскиот стадион. Натпреварите почнуваат во 15.30 часот.

Денес се играат и мечевите од петтото коло на Втората лига. Се среќаваат: Новаци - Брегалница, Слога Југомагнат - Беласица, Тетекс - Локомотива, Кожув - Маџари, Дрига - Скопје. Цементарница - Шкендија, Миравци - Вардар и Нов Милениум - Охрид (овој меч се игра во недела).

 


Статијата е прочитана 351 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Мистеријата и постојаноста на Обама
Театарски караници
Зденко
Бојо Андревски судски ќе ги преземе „Време“ и „Шпиц“
Одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Кочо Рацин
Насловна
На скопските дисперзирани факултети нема ни 10 студенти
Спој на источната и западната медицина
Сезона на тишина на Универзитетот
Матрица
Нов пакет на Метју Нимиц за јазикот и за нацијата
Балканот ќе нема напредок без ЕУ
Доматите се газеа, сега ги нема ниту за лек
ЕУ порачува
Циркус - дебата за Македонија во Брисел
Руски рулет
Вербатим
Карикатура
Асиф Али Зардари