Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Личност на денот

Асиф Али Зардари

Зардари двапати беше министер во владите на својата сопруга

„Господинот 10 проценти“ стана новиот претседател на Пакистан, најмногу благодарение на убиството на неговата сопруга Беназир Буто. Асиф Али Зардари, поранешен плејбој и еден од најконтроверзните пакистански политичари, целосно ја презеде улогата на својата сопруга, без која тешко ќе можеше да замисли дека ќе седне во испразнетата претседателска фотелја. Зардари двапати беше министер во владите на својата сопруга во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век, а поради корупција (така го доби прекарот „Господин 10 проценти“) и поврзаност со убиството на братот на Буто - политички ривал и голем критичар на Беназир, одлежа повеќе години во затвор. Во таен договор со својот претходник, генералот Первез Мушараф, обвиненијата против него и неговата сопруга беа повлечени минатата година.

Зардари (53), денес лидер на нуклеарната сила Пакистан, своето претседателствување пред една недела го започна со обвинување од поранешниот премиер на земјата Наваз Шариф дека го прекршил предизборниот договор со неговата партија. Сожалувањето и еуфоријата по смртта на Беназир го искачија Зардари до врвот, иако неговото враќање на политичката сцена за многумина е стравување од враќање на стариот стил на политика полна со скандали. (Т.Г.)

 


Статијата е прочитана 215 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Мистеријата и постојаноста на Обама
Театарски караници
Зденко
Бојо Андревски судски ќе ги преземе „Време“ и „Шпиц“
Одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Кочо Рацин
Насловна
На скопските дисперзирани факултети нема ни 10 студенти
Спој на источната и западната медицина
Сезона на тишина на Универзитетот
Матрица
Нов пакет на Метју Нимиц за јазикот и за нацијата
Балканот ќе нема напредок без ЕУ
Доматите се газеа, сега ги нема ниту за лек
ЕУ порачува
Циркус - дебата за Македонија во Брисел
Руски рулет
Вербатим
Домашниот фудбал повторно на сцена
Карикатура

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.